ПИВОЛЕНД 2011, СЦ Борис Трајковски - 31.8 до 04.9.2011

  • Креатор на темата Креатор на темата Tonchie
  • Време на започнување Време на започнување
Почитувани,

Ве известуваме дека и покрај договорот за настап кој е потпишан и испочитуван од страна на Пиволенд, од агенцијата на Рони Сајз не информираа дека во последен момент добил покана за настап на хуманитарен концерт за кој артистот е лично засегнат и кој не би да го одложи. Поради хуманитарната природа на овој настан и молбата на артистот, решивме да излеземе во пресрет на ова барање, а концертот на Рони во Скопје да го одложиме за наредна прилика.

Им се извинуваме на сите фанови на Рони Сајз во Македонија за разочарувањето и се надеваме дека ќе најдат разбирање за настанатата измена.

Поради неможноста за овој краток временски рок да најдеме соодветна замена за овој артист, новиот распоред на програмата за утрешниот ден на Пиволенд е следниот:

Taip
18:00 - 19:10
Full Stop
19:25 - 19:55
Ritam Nereda (Serbia)
20:10 - 21:10
Belfast Food (Croatia)
21:25 - 22:40
Area
22:55 - 00:10
Esma
12:25 - 01:55
dj slave
02:00 - 03:30

Со почит,
Пиволенд тим
 
епа изгледа дека сигурно оваа година ќе го утам Пиволендов (n)
 
Мене лично ич не ми чуе за Рони Сајз али зошто кај нас се нешто "испаѓа" у последен момент?
 
Ве известуваме дека и покрај договорот за настап кој е потпишан и испочитуван од страна на Пиволенд, од агенцијата на Рони Сајз не информираа дека во последен момент добил покана за настап
Утнаа организација.
Се случувало и порано, навикнати сме.
 
Ама ова е моментот : Поради хуманитарната природа на овој настан и молбата на артистот, решивме да излеземе во пресрет на ова барање, а концертот на Рони во Скопје да го одложиме за наредна прилика.
Демек они ако не му дозволиле немало да откаже :pos:
 
Едино нешто шо вреди да се чуе биваше у последен момент да се откаже, да сигурно, ебате организацијата мрш бре! како се изнервирав :mad:
 
Тапа оваа година, многу слаб избор на пива, а најдоброто пиво на најзабутаниот шанк го стаиле...Едвај го најдов Murphy's.
 
Во близина на она за стрелање. Кога одиш накај Радио Моф сцената, од лева страна. Има една масичка со епрувети на неа. И зелен пиjалок. :)

Осеќам некој тежок фејк било тоа....
 
134134.jpg


Отприлика е тука некаде. Пробаа двајца другари, но според нивните импресии, би рекол дека не вреди. Полнат во епрувета, 50 денари една.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom