Пиво

  • Креатор на темата Креатор на темата Мистичен
  • Време на започнување Време на започнување

Коe пиво најчесто го пиетe?

  • Скопско

    Гласови: 286 40,7%
  • Златен даб

    Гласови: 190 27,0%
  • Amstel

    Гласови: 68 9,7%
  • Heineken

    Гласови: 79 11,2%
  • Tuborg

    Гласови: 53 7,5%
  • Beck's

    Гласови: 18 2,6%
  • Други

    Гласови: 128 18,2%

  • Вкупно гласачи
    703
Пробани Hopfenbrau и Berties. Газирани и доста слаби на алкохол.

Долго време Hopfen Brau ми беше најслабо по глобален рејтинг. Малку над него беше Beerties.

А сега гледам дека два пати сум го срушил овој неславен рекорд во последниве 2 недели.

Herman Muller Lager 3% (1.88/5.00)
Roger Lager 3% (1.85/5.00)

Погодете од која пивара се?
*веројатно и истото пиво различен брендинг

Избегавајте :D

**не се пофалив, надминав 900
 
Мексички Модело, 45 денари во Топ дринкс.
Добар смут летен лагер, во споредба со Корона подобар за мене.

Прегледај го приврзокот 480360
одлично... земав 2 пакети (48 пива) на топлово ќе има со што да се ладам. лесно пиво 4.5% е и не те бутка брзо.
земав и од она унлагер плава мала лименка е тоа е тешка катастрофа последните 2 лименки и ги истурив не идеше
 
Унлагерот и јас имав мака да го допијам, иако само една 0.33л земав за проба.
Нема карактеристики на шпански лагер, помалку чекини од Крали Марко... кој знае што чудо е.

Пред некој ден видов рекламираа и Сапоро. Од Англија имав земено 650мл лименка и доста добро пиво беше.
Не знам ова што го продаваат дали е од иста франшиза, ама ако начекате дајте му шанса.

*и името увек ме потсеќа на легендарниот стадион од светско 2002 :D
 
Последно уредено:

Аа и јас си земав Модело, ќе го густирам пакетот овој месец. Само да допијам Туборгот. Добар ама тешка конфекција.
Затоа јас си преферирам чеси и германци, имаат карактер.
Автоматски споено мислење:

Како на зимска олимпијада не те потсеќа Сапоро?
 
Ако си по чеси и германци, Модело не е за тебе. Врати го со време :D

Не гледав тоа. Немав ТВ тоа време.
 
Ако си по чеси и германци, Модело не е за тебе. Врати го со време :D

Не гледав тоа. Немав ТВ тоа време.
Јуначко срце ќе издржи, ќе го допијам. Додуша не сум го пробал уште :)
Јас Ванпур пива допивав пакети, па за ова, лаф ли е?
 
Сапоро е топ го пробав, ама сега коа бев го немаше. Не се сеќавам баш али декларацијата ко да беше на француски ако не се лажам така да од таа франшиза дошло кај нас...вајда(ова со резерва го кажувам зш доста пробав не се сеќавам од кое шише што сум прочитал)
4353.jpg
 
Последно уредено:
Ayinger Lager Hell, лесен лагер но има „карактер“, сосема солидно за тој тип на пива... Препорака (додека го има).

Марфи стоутот... Мешани оценки, и релативно поволни со оглед на тоа колку Гинис го усраа со квалитет а локално друго нешто и не се наоѓа баш лесно од тој тип на пива. Лесно за пиење, но тој еден процент алкохол (4% има) прави голема разлика (полесните пива имаат помалку „карактер“ баш пошто аромите полесно се „впиваат“/мешаат со алкохолот отколку во вода). Исто можеле за солидна доза да го направат повеќе газирано, но сеуште е газиран со Азот па пената е таква каква што треба да биде - само помалку трае (помала глава). Пролазна оценка и препорака.

Ова Модело има повеќе карактер од Туборг, Карлсберг..... така да солидна четворка.
Класи е над самата Корона, ама реално и не е нешто посебно (што кажува какво извикано срање е Короната). Има интересен карактер, но не ме воодушевува. Бојата е интересна, се поклопува со „концентрацијата“ на вкусот, но не сум прочитал како го прават пивото (а ги немаат германските закони за некористење на бои, ароми, итн).

Сѐ на сѐ, ОК но невпечатливо. Вреди како за парите (во мометов). И ми се допаѓа дизајнот на шишето (исто и тој од Ayinger Lager Hell, олд скул ѕидарско од пола литар ама подебело и пониско, мислам Скопско беше такво на времето само можеби малку потенко).
 
Не се по редослед.

Естреља
Перони
Каизер (грчко)
Митос (точено)
Гамбринус (во било која форма и мој број 1 во цела галаксија)
Пилснер
Бернард
Злати Бажант
Скопско Смут
 
Не се по редослед.

Естреља
Перони
Каизер (грчко)
Митос (точено)
Гамбринус (во било која форма и мој број 1 во цела галаксија)
Пилснер
Бернард
Злати Бажант
Скопско Смут
Ти си знаеш :)
 
Ти си знаеш :)

Па добро ова е генерално од тоа што сум пиел. Не сум љубител на крафтови и пченични. Повеќе сакам питки лесни, нема сега да глумам експерт со некое нефилтрирано пример. Исто не сум фан на темни пива ни па овошни глупости. Макс што би одел е Старопрамен Гранат (го немам начекано кај нас), кој е некоја полу темна варијанта ама и од тоа повеќе од кригла неможам да испијам. Али затоа регулар пилснер би го толчел до гихт да ми се појави.
 
Back
На врв Bottom