Пиво

  • Креатор на темата Креатор на темата Мистичен
  • Време на започнување Време на започнување

Коe пиво најчесто го пиетe?

  • Скопско

    Гласови: 279 40,5%
  • Златен даб

    Гласови: 188 27,3%
  • Amstel

    Гласови: 67 9,7%
  • Heineken

    Гласови: 77 11,2%
  • Tuborg

    Гласови: 53 7,7%
  • Beck's

    Гласови: 17 2,5%
  • Други

    Гласови: 122 17,7%

  • Вкупно гласачи
    689
Некој да не го пробал Балтусов темен со 10% алкохол сеа што го продаваат у веро?
ПРед некој месец пробав едно румунско такво, ме рокна киселина после тоа, страв ме фаќа за ова.
Исто не сум фан на 10% алкохол, ама другото што го продаваат во 0.25 стаклена амбалажа е добро
 
10% и нема некој вкус на пиво, тегне накај коњак. Пивце, највеќе 6.5%, мое мислење, што и не мора да е правило. Во Русија Балтика имаше 9 или 9.5%, со чуство дека пиеш пиво појачано со вотка!
 
Moze pivo da ima tolku alkohol, Bockbier do 9% a Doppelbock pa do 12%. E sega spicificen tip na pivo e ne lizga a i ne e za golemi kolicini.
 
10% и нема некој вкус на пиво, тегне накај коњак. Пивце, највеќе 6.5%, мое мислење, што и не мора да е правило. Во Русија Балтика имаше 9 или 9.5%, со чуство дека пиеш пиво појачано со вотка!
Ретки се квасци што преживуваат на толкава концентрација алкохол, а што имаат нормален вкус... Така да освен од многу добри пивари што знаат што прават, комерцијалнитe релативно евтини пива со многу алкохол - редовно додаваат алкохол, буквално фортификација што велат.

Инаку има добри јаки пива... Само сите се скапи.
 
Не е секогаш проблем цената, јако пиво по мое е за штимунг понекогаш. Нема баш многу по Македонија, кога одам во Германија обично еднаш се частам. Штета што Белгија не ми е некако ич во плановите на бизнис посети. Каков сум по пиво и чоколадо, ќе се заборавам таму :D
 
Некој да не го пробал Балтусов темен со 10% алкохол сеа што го продаваат у веро?
ПРед некој месец пробав едно румунско такво, ме рокна киселина после тоа, страв ме фаќа за ова.
Update. One big NO. Пумпано со етанол. Ич мерак дури и ако се пие пополека.
 
Може е пласибо, но пива со алкохол 10+ веќе ми заудараат малку на шпирт и ми удираат на стомак.
 
Зависи од стил, па и од пиво до пиво.

Triple IPA пиев една 10% што воопшто нема да речеш дека е 10% и лесно може да те опие. Некои белгиски трипл по 8% биле потешки за пиење и полено се чувствува високиот степен на алкохол. Скопска пивара не наштелува нас на 5% :D

Конкретно ова од Веро, го земав и јас и чека ред да се отвори. Немам високи очекувања. И глобалниот рејтинг не му е за пофалба. За билдање статистика ќе пројде.
 
Јас сум љубител на пијалоци на граница. Ракија 56 степени, пиво накај 7%, вино околу 15%, ама се' над тоа, дури со цел ентузијазм, не ги можам.
 
Нормално дека зависи од пиварата... Но генерално не може да е евтино и јако, а да е макар приближно до добро.
Помеѓу евтино/јако/добро кај пивата дури не важи ни она „одбери две“.
Автоматски споено мислење:

Кај Белгиците тоа се пива кои се јаки ама сеуште ферментирани со квасци, не се со додаван алкохол. И вкусот сам си кажува.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom