Еве вест за едно интересно истражување за количина на пестициди во пивото:
Мали количини
глифосат – супстанција која најчесто се користи зa уништување на коров и која наводно е канцерогенa – се пронајдени во 14 најпродавани пивa во Германија.
Најголемо количество на пестициди, 29,74 микрограма, се пронајдени во литар „Хасеродер“, додека литар баварско пиво „Аугустинер“ содржело 0,46 микрогрми, што го прави најбезбедно од сите испитани пива.
Познатиот „Бекс пилс“ има 5 микрограма по литар, додека „Паулајнер вајсбир“ и „Ердингер вајсбир“ содржат 0,66 односно, 2,92 микрограма.
Дозволен лимит на глифосат во вода за пиење е 0,1 микрограм по литар.
... Количината на глифосат пронајдена во пивото не претставува опасност за јавното здравје, тврдат од Асоцијацијата. Возрасно лице би морало да пие 1.000 пива дневно за да внесе доволно супстанција која би можела да го загрози здравјето, велат од Асоцијацијата.
Извор