Пиво

  • Креатор на темата Креатор на темата Мистичен
  • Време на започнување Време на започнување

Коe пиво најчесто го пиетe?

  • Скопско

    Гласови: 279 40,5%
  • Златен даб

    Гласови: 188 27,3%
  • Amstel

    Гласови: 67 9,7%
  • Heineken

    Гласови: 77 11,2%
  • Tuborg

    Гласови: 53 7,7%
  • Beck's

    Гласови: 17 2,5%
  • Други

    Гласови: 122 17,7%

  • Вкупно гласачи
    689
:D
05-23%20staropramen%20illu.jpg
Абе што стана со битолска пивара, ќе пиеме ли битолско некогаш?
Помина точно една година од првата најава за рестарт (лани во Февруари), еве и на Алфа имаше прилог на крајот на Октомври.​
Битолската пиварница се подготвува за старт
сабота, 29 октомври 2011, 16:30

Некогашниот македонски бренд за производство на пиво - Битолската пиварница, за три недели се очекува да го стартува производството на пиво и сокови. Овој битолски преработувачки капацитет кој во два наврата ја доживеа стечајната агонија, повторно се враќа во живот. Пред 17 месеци, на лицитација беше купена за два милиона евра од радовишката компанија ``Марди``, а новите сопственици во нејзина реконструкција, вложија десет милиони евра со целосно оптимализирање на технолошкиот процес.

- Се донесе нова опрема, се изврши измена на постојната стара цевоводна инсталација, како амонијачна така и пивоводна и алкохолна, се направија големи ремонти на машини и со тие работи сме при крај. Ги завршуваме, во одредени делови вршиме и ладни проби, и се спремаме во најскоро време пиварата да ја стартуваме со редовно производство- рече Методија Стојчев, технолог во Битолската пиварница.

Во моментов во Пиварницата се ангажирани педесетмина стечајци, а производството ќе стартува со сто вработени, претежно поранешни пиварци. Сопствениците најавуваат пласман на две врсти пиво и на сокови, а за почетокот ќе бидат ориентирани на македонскиот пазар, каде што порано битолското пиво беше добро позиционирано.
.Им пропаднаа Нова Година и јануарските празници за некоја добра промоција, сега само да не испаднат дека за в лето ќе се спремале.Несериозни!​
Само да го вратат ова...​
sfuh7b.jpg
 
Помина точно една година од првата најава за рестарт (лани во Февруари), еве и на Алфа имаше прилог на крајот на Октомври.​
Битолската пиварница се подготвува за старт
сабота, 29 октомври 2011, 16:30
Некогашниот македонски бренд за производство на пиво - Битолската пиварница, за три недели се очекува да го стартува производството на пиво и сокови.
Изгледа не им успеало нешто
 
Омилено ми е Heineken, али кога нема тогаш Скопско. Али дефинитивно Heineken нема замена. И зошто е затворена анкетата? :) .
 
^ ^ ^ ^ ^ ^ ^ ^ ^ ^
Made in Yunanistan (од 0:26)

Инаку
Вторник, 13 Март 2012, 13:44
Реконструирани и пуштени во погон новите капацитети на Пивара Битола

getImageThumbnail.axd

По двегодишна подготовка, реконструкција и модернизирање на производните капацитети, кон крајот на овој месец Пивара Битола повторно ќе почне со продажба на пиво кое изминативе месеци поминуваше низ процес на производство.

Во периодот од преземањето на фабриката во 2010 година до сега, за реконструкција се вложени повеќе од 10 милиони евра, најголем дел во нова опрема која овозможува мониторирање и комплетно автоматизиран процес на производство согласно европските стандарди.

Реконструкцијата на фабриката се работеше по германски проект и сега Пивара Битола поседува сопствена котлара, ново одделение за подготовка на квасец, нова врвна опрема за третман на вода од светски познатиот германски производител Беркефелд, како и комплетно нова линија за производство на транспортна амбалажа. Исто така беше извршена замена на постоечката стара амонијачна и алкохолна цевоводна инсталација, а заради високо ниво на хигиената, заменети се и водоводната и пивоводната инсталација, односно цевоводите се комплетно заменети со 10.000 метри нови иноксни цевки и 3.000 метри хигиенски вар.

Моментално во Пивара Битола се вработени 80 луѓе, меѓу кои и двајца врвни технолози со 35 годишно работно искуство, а планирани се уште 20 нови вработувања. Предвидено е годишно да се произведуваат околу 30.000 тони пиво кои ќе бидат дистрибуирани во Македонија, како и во соседните земји. Изградбата на Пивара Битола почна во 1970 година, а за прв пат беше пуштена во употреба во 1972 година кога беше во сопственост на ЗИК Пелагонија, која потоа се подели на шеќерана, квасара и пивара. Во период од две години пиварата беше во сопственост на Силекс. Во март 2000 година овој индустриски капацитет беше превземен од компанијата Кенри од Швајцарија, кога беше откупен државниот капитал од пиварницата. Од 2010 година таа е во сопственост на компанијата Марди од Радовиш, која ја купи фабриката на лицитација за два милиона евра.
Сте сретнале негде по продавнициве?
Битолчани?
 
Следниот петок (30.03.2012) официјално излегува Битолско, повторно! :)

Следниот петок, на 30 март, свечено ќе се одбележи долгоочекуваното официјално отварање на Пивара Битола која пред две години беше купена од радовишката... компанија „Марди“.

Пиварницата е реконструирана по германски проект, опремена е со најнова висока технологија за производство на пиво, која ги задоволува сите еколошки стандарди и моментално е единствена пиварница која строго се придржува кон германската формула за производство на пиво кое ги содржи основните состојки: јачменов слад, хмељ, квасец и вода.

Германските експерти кои учествуваа во проектот за реконструкција на пиварницата велат “Пивара Битола има компаративна предност во производството на пиво пред многу други производители на пиво, не само од Балканот и Европа, туку и на светско ниво. Пред сè, станува збор за користењето на кристално чистата пелистерска вода, која се карактеризира со извонредно погодна мекост и истата не е потребно технолошки да се приспособува за користење во процесот на производство. Да се наоѓаше Битола во Германија, ќе имаше десет пиварници.”

Употребата на јачмениот слад во производството на пиво е една од основните компоненти од која се добива основниот екстракт на пивото, затоа Пивара Битола за своето производство користи високо квалитетен јачменов слад.

Хмељот влијае на горчливоста и ароматичниот вкус и ја зголемува пенливоста и трајноста на пивото со своето антисептично дејство. Пивара Битола користи хмељ од словенски производител кој поседува сертификат за висок квалитет добиен од Институтот за хмељ во Жалец-Словенија.

Квасецот е одговорен за ферментацијата на пивото и има големо влијание на карактерот и вкусот на крајниот производ. Германија е водечка земја во производство на квасец со врвен квалитет, кој Пивара Битола го употребува во производство на своите пива.

Во сабота одам на обиколка по маркети :D
 
Каменица, Шуменско Premium
 
:pos::pos:
Да не ја згреши темата, не е ова каков сок пиете.

Скопско и се е можно.
Каменица не е лошо пиво, посебно не за цената. Беше 26 денари шише, сега поскапе на 30, но е подобро во секој случај од Даб и Крали Марко кои се продаваат по иста цена. Големото е ефтино, за 2л со плус 350 мл гратис плаќаш само 85 денари.
 
Ма ако сака и 15 денари нека е, тоа не е пиво, кај имаат Бугарите пиво. Тоа може за гаргара да се користи..
 
Ма ако сака и 15 денари нека е, тоа не е пиво, кај имаат Бугарите пиво. Тоа може за гаргара да се користи..
4.4% е во составот, скоро толку се и останатите, нема врска џабе ќе те убедувам ти си имаш други маки со Бугариве каде промилите на алхохол не значат ништо, кога нема да дај госпо златен да си најдиш стројно Бугарче за момче да те пази, после ќе те видам. :D
 
Немам јас проблем со Бугарите, они имаат со мене :icon_mrgr:
Боље Цитро за маж ќе го земам одколку некое бугарче.
 
Каменица не е лошо пиво, посебно не за цената. Беше 26 денари шише, сега поскапе на 30, но е подобро во секој случај од Даб и Крали Марко кои се продаваат по иста цена. Големото е ефтино, за 2л со плус 350 мл гратис плаќаш само 85 денари.

Како го споредуваш Каменица со Даб, навредливо е.
Далеку поубаво пиво е Дабот.
Е сега евентуално може да се спореди со Крали Марко, заштоа тоа у најмала рака е срање пиво.
 
Бугарите имаат ОК пива, али Каменица не е едно од нив. Добро е само како замена за кисела вода на лето. Загорка е ептен ок а и Шуменското не е лошо.
Иначе едвај чекам да се рестартира Битолска пивара и Кенбах да се врати!
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom