Писмото на Д.Чуповски до митрополитот скопски Неофит

  • Креатор на темата Креатор на темата Bratot
  • Време на започнување Време на започнување

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Веб-сајт
www.macedonianspark.com
До неговото Високопреосвештенство
Митрополитот скопски Неофит

Ваше Високопреосвештенство,

Предавачот на ова писмо, високоучениот, виден руски општествен деец, пријател на Македонците и огнен поборник за нивната слобода и независност, Василиј Василјевич Водовозов, со цел да се запознае со современата вистинска положба на Македонија во секој однос, презеде патување по неа, па затоа најпокорно го молам Вашето Високопрештенство да му укажате секаква помош.


Притоа го сметам како свој долг да му соопштам на Вашето Блаженство дека на телеграмите и писмата што Ви ги испратив не добив никаков одговор.


Зошто нема месни претставници, изразители на вистинските желби на Македонците пред европските држави и пред Русија? Та нели сега е најудобниот и последниот момент, кога гласот на оние народољупци, онаа Внатрешна организација, чијашто девиза беше „Македонија на Македонците“? Зошто не настапуваат со протести против поранешните сојузници, а сега непријатели на македонската независност? Или можеби тие сеуште веруваат во моќта и несебичноста на Бугарија?


Па нели токму таа прва посегна врз целоста на Македонија, давајќи им на нејзините вчерашни сојузници дел од живиот македонски организам. Не е ли веќе време сега да си ги отворат очите и да настапат за нејзината одбрана? Па, Вие сте таму на местото, имате власт, имате доверба, од Вас, претставниците на народот, најмногу и се бара.


Во својот „позив“ Централниот македонски комитет и во својот „Меморандум“ обединетата македонска емиграција во Бугарија не изјавуваат јасни барања за независноста на Македонија, а се потврдуваат за тешко исполнивата желба за присоединување кон Бугарија.


Ние, Македонската колонија во Русија, веќе настапивме во одбрана на Македонија со меморандуми пред Лондонската конференција и пред сојузните балкански држави, а исто така пред руската влада. Сега почнавме да го издаваме специјалниот свој печатен орган „Македонски Глас“, чијашто задача е да се бори за неделивоста и независноста на Македонија и за обновување на Охридската автокефална црква.


Заради постигнување на нашата заедничка цел, најпокорно го молам Вашето Високопреосвештенство да ми го испрати неопходниот материјал за ова прашање заради напечатување во „Македонски Глас“.



Со молба за Вашиот архипастирски благослов, останувам Ваш предан слуга
Д. Чуповски

14 јуни 1913 г.
С.-Петербург
Гончарнаја ул., 13

http://macedonianspark.com/mk/istorijaideologija/makedonskaistorija/488-2011-01-21-20-51-52
 
DSCI0431.JPG

Чини ми се дека му бега македонскиот јазик на Чуповски. Нашите Цигани така зборуваат.
Со тоа потекло од Крушево дали не си бил Влав?
 
Епа важи, ти остани на својот непобедлив аргумент како збореле вашите Цигани, мислам дека конечно не стави под ѕид со оваа констатација.
 
Това не беше ли истиот,коjто провозгласи Jaне Сандански за бугарски агент и криминалец?
Това не беше ли истиот,коjто се школуваше во дружството Свети Сава?

--- надополнето ---

А и да не заборавим да прашам дали това е истиот,коjто зборува за словенска Македониja?
 
Леле... што истреска сега :kesa:

Најверојатно треба и Петербуршкото Македонско Друштво да добие српски предзнак за да имате оправување пред историските аргументи.

Каква мизерија, цигански говор, св. Сава, комунисти, Власи, колку ли верзии може да измисли вашата пропаганда како одговор на нашите документирани историски ФАКТИ!!?
 
Лично за мене најголем Македонец на XIX век е Ѓорѓија Пулески, а најголем Македонец на XX век (прва половина) - Димитрија Чупоски.
 
Лично за мене најголем Македонец на XIX век е Ѓорѓија Пулески, а најголем Македонец на XX век (прва половина) - Димитрија Чупоски.

Точно, оти други нема Македонци небугари.
Само Пулевски во 1873 г. знаел дека неговиот јазик е српско-албански, а другиот не знаел да зборува македонски. Види му ја картичката до Поп Арсов.
 
Ахам. Благодарам на сугестијата.

А дали луѓе (без разлика дали се Македонци, Бугари, Срби, Албанци...) кои денес навиваат за странски фудбалски клубови, и тоа страсно, гледаат натпревари редовно и се нервираат, се подготвени да се испокарат и со најблиски пријатели, носат шалови и дресови... и уште поинтересно, на светските фудбалски првенства навиваат за туѓи држави (веат нивни знамиња и носат нивни национални дресови) ги прави да бидат Шпанци, Бразилци, Италијанци...??????????????????????????????????????????????????????????

Јас сум убеден (99%) дека и ти си фан на некој мочан ФК чијшто играчи немаат поим каде се наоѓа Македонија, ќе ти кажат дека Македонија е град во Америка или дека Бугарија е главен град на руската автономна република Татарстан (тука можеби и нема многу да утнат)... на светските првенства страсно навиваш за некој национален тим ... а сега овде ми изиграваш некој "освестен" бугарофилски патриот од Македонија...
 
Не, не... Мора да се работи овде за некој светски заговор против Бугарија! Некоја тајна клика работи на претопување на Бугарите во Македонци...
А бре не ве срам да се јавувате. Со двете раце го држите магарето за “таквото“ и викате дека тоа не е магаре туку магарица! Ај мавнете се еднаш одтука и не ме заморувајте да ги читам вашите глупости што ги трескате оти престанаа да ми бидат веќе интересни.
 
Чуповски напишал
Ја се ушче ве чака. Излегајте, пак макар сам, за пари не се бој, ја прима разноските надвор од границата.

Како е?
 
Точно, оти други нема Македонци небугари.
Само Пулевски во 1873 г. знаел дека неговиот јазик е српско-албански, а другиот не знаел да зборува македонски. Види му ја картичката до Поп Арсов.

Првин беше Влав, после не знаел македонски...
На чуздиот коњ се ќе му се најде некоја мана :)

Чуповски напишал

Како е?

Јако е :baeh:
Неколку факти ќе помогнат:
- на 13 години заминува на печалба во Софија.
- оди да учи во Белград
- на 17 години се враќа за кратко во своето родно село како учител по што е затворен
- на 18 години бега за Русија
- во 1913 на 35 годишна возраст тој пишува (зборува???) лошо македонски при што му се протнуваат бугарски и руски форми.
 
Чини ми се дека му бега македонскиот јазик на Чуповски. Нашите Цигани така зборуваат.
Со тоа потекло од Крушево дали не си бил Влав?
Нели бугарите со -В се презиваа на крај од презимето бе? :/ Дај решете се оти вака не биваТ.
Зошто да му бега јазикот на Чуповски? Јас и ден денес зборвам ко тој шо зборвел..за него литературен македонски бил составен од говорите од Западна Македонија..не користел изгледа Источно Македонски од вакви ко тебе да не тврдат нешто друго. Ама то е..толку разбираш и ти.
 
Чуповски напишал
Ја се ушче ве чака. Излегајте, пак макар сам, за пари не се бој, ја прима разноските надвор од границата.

Чуповски требало да напише
Ја се ушче ве чакаМ. Излегајте, пак макар сам, за пари не се бојТЕ, ја примаМ разноските надвор од границата.

или
Ја се ушче ве чакаМ. Излегај, пак макар сам, за пари не се бој, ја примаМ разноските надвор од границата.
 
до ден денес постарите жители од Мариово (Прилепскиот дел) имаат потполно ист говор..
 
Чуповски е од Велешко Папрадиште, село во кое живееле МИЈАЦИ.
А јазикот на МИЈАЦИТЕ им е многу добро познат и на македонските, и на балканските, па и на светски познатите лингвисти и филолози, арно ама не допрел до ушите на турко-монголските негатори што сакаат да прикажат дека јазикот и писмото на којшто денес тие зборуваат и пишуваат се "нивни".

Оставете ги небулозите и глупостите на косни-коскената птичка, негова цел е да дефокусира и да дави со работи што немаат никаква врска со темите.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom