Пирс на веѓа? Ризично?

  • Креатор на темата Креатор на темата Гоццццце
  • Време на започнување Време на започнување
Г

Гоццццце

Гостин
Дечки , сакам во иднина да ставам пирс, ама имам чуено дека е ризично .. можело да се повреди нерв на горниот очен капак.
Вистина е или не? Искуства?
 
Друже ја немам искуство околу ова.., ама брат ми има ставено пирс на веѓа и само знам дека понекогаш му се јавува по некоја инфекција и црвенило на местото ... ама поозбилни проблеми нема...така да не му ја мисли многу...:salut:
 
И јас сакам пирс на веѓата. Не е ризично, но многу се важни условите при кои ти го ставаат. Треба да се одржува хигиената, а за инфекциите и црвенилата има соодветни масти кои се мачкаат редовно за да не дојде до нешто непосакувано. Барем така ме информираа ..
 
Сестра ми има пирс на веѓата,не е многу ризично ама секако дека има мал процент на ризик. У секој случај,треба да се биде внимателен во врска со хигиената и да се набават некои масти во случај за да не се случи нешто лошо. Инаку не знам дали ова беше само кај сестра ми,ама во првите недела-две имаше синица на окото ама помина... :toe:
 
Да ризично е,може да го погоди нервот за очниот капак па веќе да не можеш да го отвориш окото...ако веќе ставаш пирс направи го кај некој поискусен
 
А кој поискусен. Знаеш (те) некој у Ск. со лиценца шо работи?
 
Да ризично е и тоа многу...
ако навистина сакаш јас би ти препорачала да идеш во Skin Art...тоа ти е во буњаковец...
јас таму се пирсав на јазик а не ни осетив и супер ми е...
што е до веѓа и јас сакам али страв ми е зашто навистина и еден мал нерв да ти погодат ќе имаш проблеми со окото
 
А кој поискусен. Знаеш (те) некој у Ск. со лиценца шо работи?

Најдобро е да отидеш кај некој хирург и он да те среди. Значи, има средство кое може да ги убие сите микроорганизми кои се на пирсот пред да ти го стави(вклучувајќи го и ХИВ) и има дефинитивно најдобри инструменти да го стори тоа. Доколку значи тоа го направи хирург и имаш соодветен пирс(ако не се лажам од титаниум барем додека заздраве раната) немач потреба од секирации.
Од сите места како најризично го сметаат пирсот на нос, каде има и нерви и садови кои можат да направат големи компликации. Сите други со внимателност може да бидат совршени, без да задаваат никакви дополнителни проблеми.
 
А кој поискусен. Знаеш (те) некој у Ск. со лиценца шо работи?
Со лиценца не ама Мало има големо искуство така да ти го препорачувам тој :smir:
 
Мало и другар му Ифо не знам длаи имаат лиценца али работат добро. Boogie (член на форумов) Скин-арт има и лиценца.
Мене на јазик ме пирсаше Фич од Црниче...
сите овие момци работат професионално, и откај нив можеш да си купиш титаниумски пирс, да не ризикуваш па да купиш некој пирс кој е од метал кој само ќе ти ствара гноење и слично,
 
Еве ја мојата приказна пред неколку години бев никој и ништо не идев во дискотеки не идев во кафани не бев промискуитен но одеднаш се се смени сватив после гледањето на рекламата на Coca Cola дека животот ми поминува а јас сум пасивен сватив дека поентата на животот е "Да го живееш моментот" и првото нешто што направив е што ставив пирс на веѓа со тоа ми се зголеми вредноста во општеството за 1000%, станав манга од тогаш животот ми се смени 360 степени почнав да идам по кафани се правев свиња пушев марихана шмркав кока стваив пирс на јазик ко девојка ми станав доста промискуитетен почнав да одам на техно журки земав екстази по 3 одеднаш играм ко луд главна фаца сум на журката сите ми се воодешуваат.
please give me break
 
Кхем, не го коментирам претходниов пост. Од толку многу идеи за саркастичен одговор, незнам шо попрво да кажам, па ај ќе преќутам. Иначе имам слушнато дека пирсот на лева веѓа не е опасен, а имат ризик за десната. Незнам дали е сигурно. Оди во Скин арт кј Boogie (Игор), јас таму го пирсав јазиков и све помина во најнајдобар ред и посиметрично и поточно и понеболно и да сакаше не можеше да ми го стајт. (фала Игор:D)
 
И мене Игор ме пирсаше на јазик а што е најубавото не ни осетив не ме ни болеше...ФАЛАААА
затоа би ти препорачала кај него да идеш
 
jas prvo bi probala pa ako mi se desi jbg...moze da ti se desi nesho a moze ne toa zavisi od tvoeto telo i od naporot sho ke go izdrzi..kaj sekoj e razli4no:smir:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom