Петиција до Телеком МК - зголемување брзина на интернет пакетите

  • Креатор на темата Креатор на темата IspT
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
14 ноември 2011
Мислења
159
Поени од реакции
394
Дечки, потребна е поддршка со потписи за онлајн петиција кон Телеком МК за зголемување на брзините на интернет пакетите. Mаџар Телеком, во која групација е Телеком МК, за истите цени нуди многу поголеми брзини, мислам дека е фер и валидно и ние да го бараме истиот третман.

1755667626244.png
Телеком Унгарија 1000Mbps/1000Mbps оптика = 21.13 еур = 1299 денари
Телеком Унгарија 2000Mbps/1000Mbps оптика = 26.51 еур = 1630 денари
Во проценти, 1000/1000 пакетот кај нас е поскап 207.7%
Нашиот 300 пакет го плаќаме повеќе од нивниот 1000 пакет, односно нивниот 2000/1000 пакет е само 8.04% поскап од нашиот 300/300!

Петицијата е активна веќе една недела и собрани се повеќе од 175 потписи.

1755667684064.png

За да дадете поддршка, одете на следниот линк:


Има отворено канал на комуникација со директор на сектор во Телеком, така да свесни се за петицијата, исто така испратен е мејл до Љушев и остатокот од раководството како и до Дојче Телеком.
 
Јас уште сум на бакар и абер немаат да донесат оптика накај мене, така што и сегашните брзини на оптиката да ги добијам ќе бидам пресреќен.

Потпишано
 
@IspT жалам што ќе ви скршам филм тебе и другите 219 што сте ја потпишале петицијата.

„Во моментов немаме технички можности да го реализираме вашето барање.“

Ја цедат до максимум моментална инфраструктура. Дел од оптиката се дели со А1 и Телекабел.

@Zlatikevichius пиши ми приватна порака во кој реон си.
 
320 потписи моментално, уште 151 потпис и ќе бидеме петиција со најмногу потписи насочени кон ДојчеТелеком (*471 има првата петиција, некоја небулоза да се укине 5Г, ние делиме 2ро место со 320).

1758619129108.png

Кликче тука за потпис, бесплатно е, 10 секунди од вашето време.
 
Имаш гигабитни опции беслатно преку Магента.

Дома ми е 900/900 во просек.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom