Петарди, ракети, пиротехника ...

  • Креатор на темата Креатор на темата DANTE
  • Време на започнување Време на започнување
огнометите се поопасни од петардите.

бај д веј одамна се откажав од тој филм, сега дури и глупаво ми е некако некој кога ке фрли петарда и цела населба се тресе и ти зујат ушите следните 20 минути. :) сепак без тие звуци - не би имало новогодишна атмосфера.:pipi:
:pos2: :pos2: :pos2: :pos2: :smir:
па дај распрашај се што петарди се тоа и ние да земеме такви.:smir:
Огномет обожавам,и сега ме потсетивте да си купам едно кутииче петарди,нешто ќе пукнам а што ќе остане за кога ќе игра македонија.Петарди сакам да пукам само кога има некој голем повод(после 12 за нова година,или ако тепаме фудлал ракомет одбојка...) али секогаш се претерува и е многу глупо.
 
Мразам секакви пиротехнички средства.

Вклучувајќи и огномет.Никогаш не сум гледала нешто посебно во тоа.

Да, и јас исто така. Ме нервира звукот кога нешто пука!
 
Ајмоооо петардипетардипетардипетардипетардипетардипетардипетардипетардиииии :)

Не сум многу по петардите, ама си рокам секоја година по неколку :)
 
не сум пукнал петарда едно 3-4 години

имам деца у маало што ми пукаат уште од пред еден месец :pos2:
 
Ајмоооо петардипетардипетардипетардипетардипетардипетардипетардипетардиииии :)

Не сум многу по петардите, ама си рокам секоја година по неколку :)

Не ама да :):)
 
Мразам се што произведува лош звук.

Ма неможам веќе,ќе излезам било до каде и така замислена и ко ќе рокне...мислам дека ќе почнам да пелтачам веќе само од тие петарди:tapp:.

А кога некој од тие мои квази комшии онака исполнет со себе и својата машкост ќе фрли од тараса ,а син му до него го влечи за пижами и очајно чека татко му со своето воспитување да се истакне и да му даде две три на својот потомок е тогаш мислам е кулминацијата од дивјакот во себе.
 
Ушите одамна ми се привикнаа ушите на петардите, што се неизбежен елемент од животот во мојата населба. Ги мразам!
Не заради мене, ама кучето се плаши надвор да излезе кога пукаат, и му се ствараат секакви трауми, ебате беља.

Порано не се нервирав толку, ама сега кога ќе видам како копиљаци фрлаат петарди во моја близина, неретко се случува да им ја шутнам назад под нозе.

Дебилна ствар, барем да светкаа.
 
Ако сакаш такви 20 ден ми е парче на големо и по 15 ќе ти ги дадам. Или сакаш да ти шитнам прскалици. :S


Мала шала, петарда немам ставено во рака уште од 8 одд. Копиљ... како на сите други, така и мене интересно ми беше, денес не гледам што било толку забавно. Ракети не сакам, всушност било каква пиротехника... не сакам, па нити огномет. Ние сме технички напреден град, наместо огномет веќе недела дена секоја вечер свети рефлекторот кон небото т.е. два се.
Едниот е подарок од градоначалникот на Готам сити, другиот позајмен од полицијата и така...
Интересно мора да се признае, доста оригинално.

Денес ќе сликам да видите како изгледа навечер. Уште Бетмен да живееше во Битола и се ќе беше кул.
 
ова година петарда немам фатено у рака, не ми се нешто посебно . .. иначе немам ништо против огнометот :)
 
si pukam po nekoja petarda ali retko ne mi smetaat se dodeka imaat oset i ne preteruvaat.
 
огномет и јас сакам али петарди , не не сега плоштадов ке изгледа ко минско поле , само цигани , дедо мразовци глупост , цигански шмек и лоши украси а уште и петарди незнам кој е тој што ке иде на плоштад.....
 
Еден мој другар у пластична чаша, ставил цевка у која имало пикнато петарда. Ја запалил. Чекал 20 секунди и се зачудил зошто не пука, погледнува у цевката да види што е работата и од тој момент почна да носи очилa.

Сум за петардим се додека се пази каде се фрлаат и колку се внимава кога си со нив. До 8мо одделение обично су купуев по 2 ипол кутии(со другар ми вкупно 5). Годинава не сум купил ниедна, ама ете, како што и сите викате, Нова Година без петарди некако ми е ко секој ден од годината, па и затоа ваљда ќе си купам утре :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom