Песна на која најмногу се наежувате

Абе не дека ме наежува некоја песна, нема таква ама оваа ќе наежи многу од вас (ако разбирате Англиски)
 
И песната и спотот ми се многу добри ,во трилер фазон ми се , треба убаво да се гледа спотот баш е интересен и невообичаен ... И да нормално си ја решавав "мистеријата" -Кој ја уби Мери... ? за која има и посебна тема на Wikipedia во која се содржи и обајснувањето на значењето на песната ..што малку и смешно е ,но ете интригантно за некого
 
Наежува не ќе да е правиот збор. Ама кога и да ја слушам ми прави некоја тегоба, како лично да ме погодува.
 
http://www.youtube.com/watch?v=b-K-sgXqFRs&ob=av2e
Мислам дека нема шо да се објаснувам кога Бијонсе пее балада. Крај. Сите балади што ги има испеано знае да ги испее со таква емоција, не да се ежам, имам плачено додека ја слушам. Има душа девојката.

Дуке Бојаџиев и неговите композиции и преработки и те како знаат да ме наежат. Цар над царевите. Нема подобар македонски композитор од него. Браво.

Не слушам рокенрол, ама песнава е крај. Која емоција само ја има Иан додека пее, не е ни чудо што при таков транс го вади тој глас.

Браво за сите што ја постирале Time, јас ќе ја постирам оваа. Според мене содржи многу посилна и подобра порака отколу Time. За најголемата емоција не ти требаат зборови.

Тука и би ги постирала сите класични дела што ги имам преслушано во мојот живот, ама сервериве на кајгана мислам дека нема да можат да издржат. Класичната музика ја содржи најсилната, најострата, најјасната емоција на сите времиња и ништо нема да може никогаш да ја надмине.
Видеово што го постирам има уште 4 продолженија, make sure you watch them all. Или, за да не ве сецка на пола пат у сред филм4е, симнете си го цел прв став и преслушајте си го. Би постирала линк каде не е иссецкано на 5 дела, ама интернетов ми е „многу брз“ и едвај ги постирам и овие.

Уште една класична од мене, клавирска. Бетовен е неверојатен човек. Бил...
Плус, девојкава која го свири делово, (...девојкава -.- жена е таа -.- nvm), женава која го свири делово го свири со такви емоции...не да се наежи човек...се ставаш у филм. Го осеќаш тоа. Осеќаш како музикава ти диктира како треба да се чуствуваш. И се чуствуваш така.

Неверојатна работа.
Ежењакот што ми дојде на последниве две не може ДА СЕ СПОРЕДИ со тој на првите 3-4.
 
definitivno na ova
--- надополнето: Aug 12, 2011 3:19 PM ---
^
i ova isto osobeno krajot
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom