Перспективни факултети (кој и зошто)

  • Креатор на темата Креатор на темата Stein
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
12 март 2013
Мислења
92
Поени од реакции
17
Возраст
35
Локација
Охрид
Здраво на сите.
Учам во електро училиште смер Електротехничар за компјутерска техника и автоматика. Незнам на кој факултет да се запишам, според смеров планирам на ФИНКИ, а ме колебаат и Машински и Градежен. Кој се најперспективни факултети (и смерови), во Македонија, Европа, Америка.
 
Друже терај некој технички факултет (електро,машински...)
правници и економисти,лингвисти и логистичари има со лопата да ги риеш.
 
ти стварно си глуп или се правиш глуп КОЈ ФАКУЛТЕТ Е ПЕРПЕКТИВЕН ВО ДРЖАВАТА ај да бевме во друга држава па да се дискутира да прашаше КОЈА ПАРТИЈА Е ПЕРСПЕКТИВНА ке те разберев ама факултет еее Бог да чува и да брани
 
Не се пали. Со електро имаш работа ама треба да ти фаќа црпката а не само да учиш напамет и небитни работи.
 
Не се пали. Со електро имаш работа ама треба да ти фаќа црпката а не само да учиш напамет и небитни работи.
извини паметњаковиќу имаш работа за 300 евра и по 12 сата да работиш ако ти тоа го рачунаш за работа
 
ти стварно си глуп или се правиш глуп КОЈ ФАКУЛТЕТ Е ПЕРПЕКТИВЕН ВО ДРЖАВАТА ај да бевме во друга држава па да се дискутира да прашаше КОЈА ПАРТИЈА Е ПЕРСПЕКТИВНА ке те разберев ама факултет еее Бог да чува и да брани
Прочитај убо пред да коментираш (и немора да коментираш), објаснив добро Македонија, Европа, Америка. А ако имаш некој проблеми форумов не ти е за да ја истуриш негаривната енергија.
 
Ок, во право си.(y)
знаев, знаев дека секогаш сум во право сите ми велат чудо право чудо
--- надополнето: 21 март 2013 во 21:43 ---
Прочитај убо пред да коментираш (и немора да коментираш), објаснив добро Македонија, Европа, Америка. А ако имаш некој проблеми форумов не ти е за да ја истуриш негаривната енергија.
молим ти се прво пред да се запишеш научи да пишуваш.Разграничи негативна енергија со реалност
 
Ако мислиш сам да се пробиваш во животот , тогаш технички факултети , кај да се запишеш нема да згрешиш.Мој совет ти е да одиш таму каде мислиш дека највеке ке ти биде интересно и најповеке ти е блиска материјата за учење. Нека не те обесхрабруваат овие кои не пробале ниедна работа во животот . Добар инженер нема под 500 евра месечно а за надпросечните нема лимит .
 
Ало бе му го рушите филмот па тој е сеуште средно,добро штом сака да се запише на технички факултет,а не општествен
 
Технички факултет ама паралелно со факултетот стекнувај и пријатели на добри функции, кои ке можат да те упикаат да работиш во асална фирма. Фаќај ги професорите за пријатели, они имаат секаде врски. Јас тоа не го знаев и сега година дена откако дипломирав на Машински, се шеткам од фирма во фирма по интервјуа. Повеќето ми кажуваат, фала дечко што дојде на интервју ке ти се јавиме,и после никаде ги нема, а кога ке идам за некоја обична работа за со основно што може да се работи, ми викаат дечко ти си преквалификуван не ни треба некој што за 2-3 месеци ке си отиде. И така секоја втора недела по некоја "шанса" имам, ама никако да ја уловам, али идам без никаква врска во фирмата, сам.
Најпаметно, ако имаат твоите некој денар повеќе, запиши се во Германија на некој фак. што те влече, и таму ке си најдеш после и пракса и работа. Скапо е, ама ако се може, тоа е најдобра варијанта.
По мене за кај нас во моментов, поголема потреба има од градежни и електро инжинери него машински. Ако бираш Машински бирај ги најтешките смерови, како автоматика или хидраулика.
 
Искрено, барем според мене, ако планираш да студираш технички факултет тогаш треба да одбереш да го студираш тоа што го сакаш. Одбери го тоа што те влече, тоа што те интересира, нешто што ќе го учиш со задоволство, а не нешто што ти изгледа најперспективно, затоа што професијата која ќе ја избереш е таа со која ќе се занимавамш цел живот. Иначе за сите професии кои произлегуваат од техничките факултети има работа, само што треба да ти работи мозокот, затоа што во овие професии не се цени дипломата, туку знаењето.
 
Студирај тоа шо сакаш, ако ме питаш мене, на твое место би отишол ФИНКИ или градежен (бидејќи мене лично тие нај ми лежат), а за плата секаде имаат високи примања. Едино предност со финки е што и да немаш константна работа на интернет можеш да се снајдеш, програмер не може да е без работа :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom