Fortune
шодаенешчо
- Член од
- 9 мај 2005
- Мислења
- 12.493
- Поени од реакции
- 183
Перфекционизмот претставува стремеж за високо достигнување во некоја област и склоност на личноста од себе да бара совршенство и максимално можно постигнување.
Перфекционистите си поставуваат високи цели кои често и ги остваруваат, организирани се и педантни и го искажуваат задоволството од постигнатото.
Од друга страна, постои нездрав перфекционизам, т.н. дисфункционален, а негови основни манифестации се превисоко поставени амбиции, често нескладни со способностите и резултат од тоа е незадоволство од постигнатото.
Постои врска меѓу перфекционизмот и депресијата. Зошто? Поставувањето високи цели ја зголемува веројатноста од неуспех, а со тоа се засилува интензитетот на чувствата врзани со неуспех.
Дали може да се случи заради него да се избегнуваат потенцијално пријатни активности? Дали стандардните перфекции пречат еден човек да не се обиде со нешто друго кое не е најдобро што може да се направи?
Колку е стресно да си перфекционист?
Колку може да влијае на односот со другите луѓе? Кој е „чуден“ во случајот? Оној кој е перфекционист или оној другиот? Колку може две различни личности (од овој аспект) да функционираат нормално?
Колку сте перфекционисти? Или можеби повеќе сте за она: „Јас повеќе сакам нешто што едноставно го правам, наместо да правам најдобро што можам“
Како е да си не/перфекционист?
Ако ви се дискутира за ова, повелете.