Перење на мозоци на мали дечиња

  • Креатор на темата Креатор на темата firewall
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
14 декември 2007
Мислења
3.271
Поени од реакции
708
Сликовница од предучилишна возраст

1471873_10152054797577044_1279663673_n.jpg



Учебник за трето одделение

BapVW6BIAAAbf5o.jpg


:facepalm:
 
Пред два месеци двете деца на сестра ми што уште не ни знаат да пишуваат ни да зборат течно имале задолжителна посета од градинка на спомениците на плоштад, а ако не иделе им се заканиле со казни. Башка им објаснувале за кољење она, ова таму. :facepalm:


hitportal-plostad.jpg
4ADFC96210F2594DB75D2F826C0C511A.jpg
 
Во мојата земја Грујо царува,
од многу работни места Бугарија пасоши ни дарува.
Кај и да погледнеш беда и очај
гледај да забегаш од тука во државава се мочај.

Патриоти и предавници имаш на секој чекор
обичниот народ кој го ебе, тој е само декор.
ВМРО и СДС преку глава се веќе
кај да се бега никој нас не неќе.

Од Стојан Мрчапуза
 


Јас кога учев Општество пола од фабриките што беа набројани таму не постоеа со децении. :pos:


Македонија има "поволна бизнис клима",
и во време на светска криза чичко Грујо вика нема грижа.
На Шител слушам се е розево,
инвеститори како што ни идат така и си одат.

Слушав Индиец ќе инвестирал,
па нова сезона на Бандини тука ќе се снима.
Не бевме родени та ние, за тие Европски плати големи,
и Турчин додека беше овде супер ни беше на леб и вода.

Партиска книшка ти е спасот, види комшија глуп,
ама па се упика во државна администрација,
што да правам, што да чинам
Бугарски пасош ќе треба јас да си имам.
 
Со еден збор- МОРОНИ!

И така се билдаат статистики на туристи во Ск. со терање на децаата по нашиот прекрасен и уникатен плоштад.

Мора некако да се обидат да наметнат слика дека на народот им се допаѓа Ск.2014 иако тоа и не е баш така.
 
Како бе “Александар гордо му враќа“, кога е “Воин на коњ“ ?

Ете ти уште еден предуслов за прием во ЕУ! Да се смени учебникот!

:facepalm:
 
Народ беден во кладилница дреме,
да фати некој денар за ова апашко време.
Р'мбај по цел ден, во беда пак си
учи глупости мало дете за да возиш такси.

Скоро као Лешоски сум....
 
Секое време си прави свои машини за перење. Не сум изненаден ама баш ич.

Имам родител просветен работник и кај нас низ куќи се наоѓале тони и тони учебници уште од почетокот на просветата на македонски јазик. Сум имал доволно интерес да ги прелистам скоро сите од нив и вакви примери сум сретнал безброј.

Доволно е да се спомне што секој учебник започнуваше со него, и некој негов цитат. На дете од 6 години секојдневно му се всадува таа родителско-авторитативна слика во главата со цел да создаде беспоговорна стравопочит. Па песнички за второ одделение со наслови од типот „Другарот Тито јава на чело на поворката“, „Тито ова..“, „Тито она...“ кои имат за цел во детската свест да направат од него херој поголем од цела „Илијада“ заедно. Па раскази за партизанското херојство со цртежи кои тераат на подголтнување...

Во погорните одделенија работите стануваат поинтересни. Македонија е благословена со фантастична географска местоположба, просто на поубаво место да не можело да се погодиме. А во комбинација со Југославија, со нашето море, со Дунав и Триглав сме Рај на земјата.

Народот својата благосостојба му ја должи исклучиво на социјалистичкиот развиток, на аграрните реформи и сите други производи на генијот на раководството предводено од другарот Тито. Се градат фабрики, улици, патишта, кина, театри, одмаралишта без престан, а земјоделството и сточарството никогаш не ни биле подобри.

И вака се до девеесет и некоја. После за нијанса поразлична песна. После осамостојувањето, ние сме биле последна дупка на свиролот наречен Југославија и сме биле експлоатирани. Колку сме доцнеле и заостанувале со развитокот зад останатите братски сојузни држави итн. Но и тука се наведени сите фабрики и комбинати, иако во тој период секој ден по една од нив оди во стечај.

И после ова следува рамковизацијата. Мулти-култи love the others like your brothers материјал. Колку сме ние различни, а впрочем исти. Миле има пет јаболка. Ако му даде две на Аднан, колку јаболка ќе му останат? Фатиме и Славица се најдобри другарки и ги делат сите свои тајни. Тие заедно учат по историја за значењето на Фехим Заваљани за соживотот во Република Македонија и сакаат да се пријават на избор за Мис Мултиетничка убавица во Велес.

И еве, сега сето ова завршува со овие партиски шаблонски текстови, од кои копии се читаат и на прес-конференции, и на вести, и од учебници.
 
Што убаво, почнаа децата уште од најрана возраст да ги учат за спомениците, и за Александар и Филип. Дали имаат план уште од таа возраст да ги натераат да размислуваат ВМРОвски? Дали планираат Грујо да го прават Македонскиот Ким Џонг Ун и да плачат сите по диктаторот?

Господе боже каде оди државава!!!
 
Во голема заблуда сте дека тука не е добро и дека ова е перење на мозок. Прашајте било кој од дијаспората и ќе ви стане јасно колку е добро да се живее со германска пензија или со американска плата. :drk: Македонија вечна.
 
Па добро, се образуваат децата правилно, да знаат кога ќе пораснат одма за кого да гласаат утре. Среќа во учебниците за трето и четврто одделение го нема тоа , може до осмо ќе ги научат.

Сега засега најбитно е дека зградите добиле нови фасади , плоштадот добил нови споменици и Скопје ( тоа не го пишува али може и тоа ќе го вметнат во 7-мо или 8-мо одд. ) е обоено во портокалово ... за почеток доволно е да не ги оптоваруваме децата уште сега да ги учат омилените бои на Македонија , има време и за тоа.
 
Ви текнува на "Брзај, брзај прваче" песничката?
Еве најнова верзија:

Брзај, брзај дипломецу
кон партиски штаб
те чека вмровче/сдсмовче
со златен заб.

Бајки, сказни, ветувања
на секој нов час
таму ќе ти кажуваат
со милозлив глас.

Брзај, брзај дипломецу
Сител шири глас
ќе има вработувања
во предизборен час.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom