Перење Мозок

SuicideMessiah

Советник
Член од
7 јули 2008
Мислења
5.575
Поени од реакции
295
По двете години власт и стоте дена владеење, луѓето можат Груевски да го читаат како селски буквар.
Сега е веќе јасно дека ако утре се очекува некоја лоша оценка за владата од меѓунардните организации, вечерта спроти тој настан некој ќе биде уапсен и тоа ќе биде главната вест а не лошите оценки. Таа вечер ќе започне нова рекламна кампања на телевизиите платена од страна на владата или ќе биде објавена анкета на ИРИ која ќе тврди дека ВМРО ДПМНЕ и Никола Груевски ја зголемиле својата предност во однос на опозицијата од 2:1, колку што изнесуваше на изборите на 6:1 само за неколку месеци.
Така Груевски ги убива лошите вести и постојано не убедува дека преородбата што ја замислил продолжува.
Во филмот на Емил Костурица „Се секаваш ли Доли Бел„ Славко Штимец на таванот од една плевна ја вежба својата хипноза врз зајакот на кого му ја повторува политичката мантра на тоталитаризмот која гласи:„ Секој ден во секој поглед се повеќе и повеќе напредуваме„ Кога во тоа ќе ги убедиш луѓето, всусшност напредување веќе не мора ниту да има. Доволно е тие да веруваат во тоа што им се кажува. Политиката на Груевски е сега во таа фаза.
Македонија го доби извештајот од Европската комисија за својот напредок. Во него се вели дека Владата на Груевски не била способна да организира фер и демократски избори, (биле како во Уганда). Медиумската слобода е на пониско ниво од времето кога тој не беше на власт, реално гледано сите телевизии се претворени во огласни табли на владата а новинарите што ја критикуваат владата се на суд(како во земјите на муслиманскиот фундаментализам). Судството никогаш не било помалку независно и не работело толку под диктат на еден поранешен комунистички министер за правда (и е вратено во времето на комунизмот), А политичкиот дијалог е сведен на фарса бидејќи владата сака да ја уништи опозицијата (како Лукашенко во Белорусија). Македонија од земја со статус кандидат член за ЕУ, ја изгуби својата перспектива за влез во НАТО и во ЕУ и останува само во друштвото на Србија, Босна и Косово.
Сите во земјата се незадоволни освен владата и Премиерот. Тие се гордеат со своите постигнувања и се фалат дека реализирале 90% од ветеното и дека не чека светла иднина. Тоа е истата онаа состојба кога сите на Љупчо Георгиевски во 2002, година, по војната и потрошените пари (без контрола од ММФ) за оружје и градби, му кажуваа дека работата не чини а тој реши да излезе на избори со слоганот „Главата горе„.
Груевски ја држи главата горе и не гледа што се случува долу.
Да погледне ќе види дека речиси ништо не е помрднато од мртва точка.
И невработените и сиромашните и стечајците се сите на број и уште чекаат некое од ветените подобрувања.Наместо тоа тој ги смалува работничките права.
Индустријата на тешки и обоени метали на која се темелеше порастот и извозот заради добрите цени на металите на светските берзи е во криза. Цените на металите рапидно паѓаат, ценета на електричната струја расте тие полека но сигурно веќе затвораат погони и отпуштаат работници. Истото се случува и во текстилната индустрија во која за 40% се смалуваат порачките за наредната година бидејќи се смалува потрошувачката во земјите во кои извезуваат заради кризата.. Македонскиот извоз кој се темелеше на евтина електрична енергија и евтина работна сила ке се смалува а ке се зголемува и онака големиот трговскиот дефицит. Први на удар во земјите погодени од кризата ке бидат нашите државјани на привремена работа во странство и ќе се смалат нивните нето девизни приливи. Светските компании кои би можеле да дојдат во Македонија ќе гледаат што им се случува на ЕВН(кој Груевски сака да го истера од Македонија) или на Лотарија на Македонија(која зарди не добиена лиценца губи милионски суми добивка) а не што зборува Груевски на своите туристички тури по Америка и преку своите реклами на Си Ен Ен. Прашал ли Груевски колкава беше користа за развојот на туризмот во Македонија од рекламата за Македонија на Си Ен Ен што се емитуваше пред изборите во 2006 година и за која тогашната влада на Бучковски потроши 400 илјади долари. Знае ли тој да учи на грешките од другите или научил само како да троши туѓи пари без одговорност.
Го прашала ли неговата советничка Маковеј, што ја плаќа британската влада, за борба против криминалот, зошто троши буџетски пари за перманентната изборна кампања кога е тоа кривично дело? И зошто не даде отчет колку вкупно буџетски пари се потрошени за рекламирање на владините успеси?
Македонија со реклами или без нив нема да ја избегне еконономската криза.Уште помалку Груевски ќе ја убеди македонскта јавност дека има на ум некаква успешна алтернативана стратегија за развојот на Македонија и ако не влезиме во НАТО и во ЕУ. Во тоа му веруваат за сега само оние кои не смеат да кажат дека царот е гол. Оние кои го смалуваат производствот на електрична енергија во земјата, го зголемуваат увозот без тендер и остваруваат лични профити.Нив и не ги интересира кампања за штедење на струја.
Груевски како мало дете на кое му се дадени неограничени пари за играчки секој ден си порачува нова кампања и нови рекламни спотови. Тој е главен клиент на рекламните агенции.Опседнат е со бројот сто и прогласувањето Денови за нешто.
Неговата програма за 100 година власт на ВМРО е во сто чекори.
Најави дека ќе гради 100 катници во центарот на Скопје. Распиша тендер за набавка на 100 автобуси за градскиот сообракај во Скопје. Програма за изградба на 100 спортски сали. За 100 дена од владата објави 100 реклами. Работи 24часа во неделата по седум часа за доброто на народот и во тоа време веројатно го вклучува и времето за секс и за обавување на физиолшките потреби. Се за доброто на народот. Човекот со други зборови 100% живее за нас. Посветено.
Но не само тоа. Неговиот султански дух не му дозволува да биде религиозен и да ги почитува десете божји заповеди од кои едната гласи: шест дена работи и седмиот одмарај. Тој е како повоените револуционери „Нема одмора док траје обнова„. За разлика од нив кои не се дрзнуваа работен ден да прогласат за неработен и да наредат по негова волја да се работи во сабота тој тоа си го дозволува. Веќе втор пат, на иницијатива на невладина организација, тој среда 19.ноември ја прогласува за Ден на дрвото и наредува дека тој ден ќе биде неработен а сите по негова волја изгубените работни часови ќе ги одработуваат во сабота. Загадувањето на Окта со која тој во ноќта спроти Нова година без присуство на камери, според некои извори, потпиша договор за продолжување на правото на натамошно загадување на човековата околина за него не проблем. Тој ќе сади 6 милиони дрвца наспроти мислењето на експертите дека е тоа нестручно унишување на садниот материјал кој е скапо платен и купен без тендер. Како во приказните за добрите кралеви, кога на Груевски ќе му снема идеја што да работи тој прогласува Ден на идеи, и секој што има некоја идеја за работа на владата е должен да дојде да му ја соопшти. Денот на неговата партија по негова милост е сега Ден на на македонските револуционери.
Не знам само уште колку долго ќе чекаме неговиот роден ден или имен ден да бидат прогласени за празник нормално на барање од народните маси. Човекот толку сака Денови во кои тој и неговата влада ќе бидат во центарот на вниманието.
Но тој за да видиме дека е културен човек води и кампања за почитувањето. Било убаво да се почитуваме меѓусебно како тој и негоовите партиски пријатели што го почитуваат Претседателот на државата Бранко Црвенковски. Како што ја почитуваат опозицијата која би сакале да ја снема. Како што ги почитуваат новинарите кои тој и неговите министри ги обвинуваат за велепредавство или клеветета и им се закануваат со суд. Преродбата го забрани плукањето на јавни места. Бајруш Сејдиу ќе биде казнет со 50 евра затоа што додека го водеа со лисици на рацете плукна во тревникот пред судот. Велат порано плукал во марамче ама овој пат рацете му биле врзани.Нема врска. Закон си е закон.Не може секој туку така да плука пред оваа власт. Сепак еден ден и пред Груевски некој ќе каже: Царот е гол. Дотогаш главата горе.

Очекувам коментар

Тешките одлуки се непријатни за моментот кога се донесуваат, но се од круцијална важност за иднината. Со такви одлуки лидерите си градат историја

Манипулацијата со чувствата на јавноста е главната двигателна сила со која власта им пристапува на фундаменталните прашања. На секој преземен чекор, на лицето на владините структури стои маска на локал-патриотизам. Се врши перење на мозоци, бидејќи штетно е за власта кога мозокот не е испран. А во принцип мозокот е почист кога е неиспран. Така власта троши голема енергија за вакви работи во времето кога сиромаштијата навлегува во сите пори на живеењето. Кога постите не се повеЌе религиозна туку социјална категоија. Независно од тоа да ли таквиот патриотизам е искрен или лажен, сосема е сигурно дека во повеЌето од случаи е многу фатален, оти ако несоодветно се користи вообичаено државите ги доведува до работ на опасен кањон.
Со таква политика, нашата власт сега ја има загубено симпатијата кај најрелевантните центри на моЌ. Таа $ ги пореметила плановите на НАТО за Балканот; таа сериозно го разнишува пријателството со САД; таа се повеќе се одалечува од Европската унијата. Сега паѓа во вода и тоа што беше сосема сигурно за 2009-та година - либерализирање на визниот режим. Секој релевантен фактор од западниот свет Ќе ви каже - ако не сакате самите себе да помогнете, не го очекувајте тоа од другите. Се поизвесно е дека вакви опасни чекори на власта нема да поминат без тешки последици по граѓаните и државата. Опасноста сега се насетува од секого што барем научил три букви во политиката. Тоа веЌе го зборуваат и немите, го гледат и слепите, го слушат и глувите. Само нашата власт не може да ја почуствува, оти лети на облаци и ужива во лажната нирвана.
Поради низа политички грешки, на државате во летање и се скршени двете крила. Пред нашите очи ни се урнуваат четирите носечки столбови - НАТО, ЕУ, Коридорот 8 и АМБО. Со години ни се укажуваше дека надвор од Алијансата сите стратешки проекти Ќе ни паѓаат во вода. А власта, не само што остана глува туку го работеше спротивното. Меѓувреме, Грција за три години извлекла дополнителни две милиарди евра за довршување на попратните компоненти на Виа игнација. И сега врската од Средниот исток (Кавказ) и Блискиот исток која требаше да се одвива низ Коридорот 8, Ќе се пренасочува преку Грција (од Александрополис до пристаништето Игуменица). Дебели милјарди Грците Ќе профитираат од тој коридор. Уште сега тие годишно заработуваат околу 400 милиона евра од транзитот и бројните други услужни дејности.
Оттука, се поизвесно е дека Грците намерного го пласирале прашањето на името како меѓудржавен спор, за да ги елиминираат сите стратешки проекти од Македонија и да ја маргинализираат нејзината географска поволна позиција. Паметна власт по никоја цена немаше да наседне на таква замка. Така, полека но сигурно, свесно или несвесно станавме успешен адвокат на ѓаволот. Со тоталното поткопување на Коридорот 8 и АМБО, Македонија Ќе остане слепо црево во Балканот и далеку од развојот. За неколку години Ќе ни биде сосема јасно дека Грците воопшто не ги интересирало името. Овај црн сценарио, свесно или несвесно перфектно е голтано од нашите политичарчиња и продолжува да се реализира од нас самите. Со загубата на овие проекти Македонија ќе загуби половина век и во иднина директно сообраќајно Ќе биде зависна (и условена од Грција). На се ова секој упатен би кажал - среЌен е оној народ што нема ваква власт. Нашите водачи и кога дознат за грешките не се повлекуваат. Не се свесни дека кога човек ја признава грешка, тој покажува дека е позрел отколку кога истата ја направил.
 
Не е Гвујо крив. Што да прави кога другите не го фалат, мора сам. Мислам дека треба уште една рекламна кампања за власта, но сега под слоганот „Фали ме усто, да не те раскинам“. :pos2:А за стратешкиот план на Грција, потполно се согласувам, со тоа што за скоро време цела Македонија ќе биде никој и ништо во економската и политичката карта на светот по своето влијание. Се што можеше да се искористи и да донесе доход во Македонија им дадовме под концесии и сл на западњаците, ама сепак каква и да е Македонија и надежта дека се ќе се среди е се што имаме.
 
Грција не ја интересира уставното име на Р.Македонија туку главната цел е пласирање на прашањето за името со цел да се маргинализираат сите проекти од Македонија и да ја маргинализираат нејзината географска поволна позиција.Само шлакната власт како оваа ќе наседне на тоа прашање за името.Така да од наша страна е паметно да се прифати добар компромис или Северна Македонија со цел да се продолжат проектите и да се централизира нашата добра географска положба, ама некој неќе или незнае како или крајно е неспособен и глуп.
 
Проектот железничко поврзување со Бугарија и Албанија беше промовиран од Тито Петковски тогашен висок функционер на СДСМ, предизборна кампања 1994 година.
Проектот тежел 250 милиони долари и Македонија имала сили да го реализира тој проект.
Гледам денеска нема никаков застој на тој правец и врвулица од вагони и локомотиви.

Инаку како се нарушува имиџ на држава.
1.Ембарго на ОН према одредена држава а ти го кршиш со локомотиви и цистерни нафта и тоа не за државни интереси, туку исклучуво приватно профитерски.
2. Палење на американска амбасада.

Тоа што го браниш сопствениот идентитет и име само човек без национално достоинство може да го свати како самоизолација.
 
Проектот железничко поврзување со Бугарија и Албанија беше промовиран од Тито Петковски тогашен висок функционер на СДСМ, предизборна кампања 1994 година.
Проектот тежел 250 милиони долари и Македонија имала сили да го реализира тој проект.
Гледам денеска нема никаков застој на тој правец и врвулица од вагони и локомотиви.

Инаку како се нарушува имиџ на држава.
1.Ембарго на ОН према одредена држава а ти го кршиш со локомотиви и цистерни нафта и тоа не за државни интереси, туку исклучуво приватно профитерски.
2. Палење на американска амбасада.

Тоа што го браниш сопствениот идентитет и име само човек без национално достоинство може да го свати како самоизолација.

Потоа чуди се кога ќе те посочи некој како класичен пример на испран мозок заедно со лав.
 
1. Најголеми махери во отварање фабрики за перење мозок беа во времето на СДСМ.

Де кажи ми без перења, дали проектот железничко поврзување Бугарија - Македонија - Албанија не беше промовиран од Тито Петковски и не беше ветено дека Македонија има сила истото да го направи во мандатот на СДСМ и дека тоа кошта не повеќе од 250 милиони долари.

Толку бате, не ми шири демагогија.
Само со да или не.

1 вработен во секоја фамилија.
Што е тоа ?
Не е перење мозок.
Како ти ќе натераш приватна фирма да вработи по еден вработен од фамилија ?
Како ?

Ловење октоподи, што е ?

ТАТ што е ?

БЈРМ што е ?

Промена на знаме и име што е ?

Договор Изетбегович - Глиговор, што е ?
 
ТАТ што е ?

БЈРМ што е ?

Промена на знаме и име што е ?

Договор Изетбегович - Глиговор, што е ?

Тат приватна штедилница за време СДСМ осудени и уапсени а за време Љубчо пуштени

БЈРМ привремена референца до влез во ЕУ и НАТО ама некој ја оплеска потоа па остана вака како што е.

Каква промена на име?Како се викаме ? Турција?

Да не те научил Мартин Треневски за ова дека имало "договор" со Глигоров и Грција?

Плус Тито бил СДСМ а сега не е СДСМ и се правеле грешки ама вакви колатерални како овие денеска НЕ.
 
Чекај бе грешки ако правел не треба да биде повеќе во политиката.
Тито Петковски тука ли е ?
Бранко Црвенковски тука ли е ?
Љубчо Георгиевски тука ли е ?
Повторно демагогии.
Тука е перењето на мозокот.
Неможе бе да ми се врати Љубчо после сите гомнарии во ВМРО, не дозоволувам.
Но со СДСМ Бранко и неговите клонови се вечни, затоа и ќе го папаат.

Хахаха кого фативте бе во ТАТ, Бузлевски ли ?

БЈРМ е срам за една држава, нема таков пример во историјата на светот, некој сам да си го смени името.

Затоа вас и чудно ви е ова бранење на идентитет, како што ви беше чудно 1990, 1991, како Македонија може да биде независна од Белград и последниот цмокич на Белград дека многу го сакате го испративте преку димниот сигнал со американската амбасада.
Тогаш како велевте, Македонија ќе се распаднееее ако излезе од Ју федерацијата. Па Киро плачеше, не ме оставајте сам.
Се смеевте како може Македонија да има сопствена валута, армија, репрезентација итн....
Абе ужас од комуњарска демагогија и вмровска сељачана.
 
Јас ти викам дека ист си како лав ти не ми веруваш,тоа за Бранко и Киро останало од Љубчово и на времето кога Треневски плукаше по Киро,Киро она што го направи ниеден од ДПМНЕ нема да го постигни, не дека несакаат туку се некадарни,глупи би рекол.БЈРМ е резултат на немање избор не дека некој така сакал,тогаш неможело поинаку,изборот бил еден за влез во ОН додека сега има еден куп предлози и избори,ама нема маж да го најди.Таа одговорна политика која Киро ја водеше таквите како тебе ја нарекуваа предавство и слично.Трагедија сте.И искрено не си далеку од таа вмровска сељачана за која што праиш муабет.
 
Потоа чуди се кога ќе те посочи некој како класичен пример на испран мозок заедно со лав.
Значит твојот мозок уствари е гнасен,неиспран,нечист...според твојте постови овде на форумов не сум изненаден.:toe:
п.с.Славјански бато, не се замарај многу со Месијава.
 
Во првите два постови отсликав реалност не класичен или типичен пример на испран мозок или полтрон а за другото беше моја меморија и здрав мозок.
 
Во првите два постови отсликав реалност не класичен или типичен пример на испран мозок или полтрон а за другото беше моја меморија и здрав мозок.

Испран мозок имаш ти ама од друга партија што се гледа дека добиваш поени за критикувањето на владата оти немам видено човек толку да брани партија освен ако нема корист од тоа.
 
Ороспиите никогаш нема да признаат дека се ороспии . Грешките никој не ги признава . Искрено поуплашен за земјава не сум бил , не бев уплашен ни приближно во 2001-та , зашто тогаш беше воено профитерство и мафијашки работи, поделба на територии и остали гомнарии . Се повеќе се стега обрачот околу нас , господ знае како ќе завршиме . Народот е презадолжен , нема пари . повисоки цени на храна и останати потребштини имаме и од германија . Срамота е некој да се декларира како патриот , а да му се јавува ма професор кој штрајкува секоја вечер и му се закануваат дека ЌЕ МУ ЈА ИЗЕБАТ ЦЕЛА ФАМИЛИЈА . Народот на колена е паднат . кој реклами бре . Кој ес де ес кое вмро , преку такво му е на народот . До коске е . Шо ме нервира најмногу во моментов е тоа дека лажат притискаат и малтретираат . Прашај ги од вмро ЛУЃЕ ШО ПРАЈТЕ БРЕ АЛОО ? Тие фино ти одговараат АМИ КОМУЊАРИТЕ ТАКА ПРАВЕА !!! А бе сорта смрдена да ебам јас шо ги даде . Можи овој народ заслужува за секогаш да го снема , шо дозволува ова да му се прави . Само го пучат и ништо друго . Слези курто качи се мурто !! то е македончето . Луѓе нашиот молк ќе не доотепа .:uvo:
 
Јас ти викам дека ист си како лав ти не ми веруваш,тоа за Бранко и Киро останало од Љубчово и на времето кога Треневски плукаше по Киро,Киро она што го направи ниеден од ДПМНЕ нема да го постигни, не дека несакаат туку се некадарни,глупи би рекол.БЈРМ е резултат на немање избор не дека некој така сакал,тогаш неможело поинаку,изборот бил еден за влез во ОН додека сега има еден куп предлози и избори,ама нема маж да го најди.Таа одговорна политика која Киро ја водеше таквите како тебе ја нарекуваа предавство и слично.Трагедија сте.И искрено не си далеку од таа вмровска сељачана за која што праиш муабет.

Замисли има поплава и три пати ти праќаат чамци да те спасат а 4 пат ти пуштаат само гума од хелихоптер пошто немаат пристап до тебе и ти викаш, немав избор морав со гумата.
Покласичен пример за мозок оштетен од хемикалија, нема.
3 пати ни праќаа абер да дадеме пријава во ОН, ама чекавме да видиме Белград дали ќе воскресне.

Мене Киро ме прати на боиште во бивша ЈУ, не ме прати ВМРО.
ВМРО го прати Змејковски да ги бара Македонците по Хрватска.
Испарници едни за такво не ве бива.

Инаку СДСМ во тоа време се смееше како Македонија може да биде независна од Белград.
Е сега прашање до неиспрани мозоци, колку не кошташе тоа со фалшливите ДИНАРИ, девизните заштеди и човечки млади животи.

Али каде комуњар треба за нешто да понесе одговорност, тој е вечен, тој е владател на се.
 
Немам баш време да го читам текстов и да пишувам на темава ама добро би било кога земате од некаде текст да напишете и од каде е, а не да мислиме дека е ваш.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=0BC74F6CCE964A4886A54AFB5BFFC5E7
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom