Пекол лето или кочан зима?

  • Креатор на темата Креатор на темата Nightwalker
  • Време на започнување Време на започнување

Што преферирате?

  • Пекол лето

    Гласови: 233 51,0%
  • Кочан зима

    Гласови: 165 36,1%
  • Двете

    Гласови: 59 12,9%

  • Вкупно гласачи
    457
Златно лето.Се знае и зошто; поудобно се чувствувам кога е лето, доволно е преку ден да носиш само неколку маици (нормално неколку за да ги менуваш кога ќе засмрде принцот Мишкин и кога ќе испушти отровни токсини кои се опасни по живот и за светците) а во зима мораш маица, па врз маицата нешто друго, па врз тоа мораш јакна, па ракавици и.т.н.
 
Zima , bez da razmisluvam 2 pati

Da mozev ke idev do severniot pol , posto ne mozam da podnesam zesko
 
Пеколно лето би одбрал од проста причина што сакам ГОРЕШТИНА :) т.е попрво би издржал на екстремно високи температури отколку на екстремно ниски. Поздрав
 
Поарно да се потам ко свиња , отколку да смрзнувам ко пингвин ..
 
Лето,само лето,во зима ме мава депресија од што сум затворена дома и радиусот на движење ми е од една во друга соба.У лето човек има тераса ова она,не си затворен дома и со триста алишта на себе.
 
Пекол лето бе :) Лето , сонце, ладно пиво, сладолед, сенка... цел ноќ седење надвор....милина :vozbud:
 
Ни едното ни другото! Кога мрзнам надвор на -30 барам Сонце..
еее кога ќе има сонце со +40 eeeeee тогаш барам облаци -.-
сакам лето но не да горам и да се препотувам.И сакам зима но не да се ушљакувам по улициве и да мрзнам надвор :toe:
 
Обожавам сонце, мразам мразови! Повеќе сакам пекол лето ама пекол, отколку на себе да носам 10 јакни!
 
Ако ти ладно во кочан зима ќе се облечеш.
Ако ти е жешко ви пекол лето, што ќе правиш? Кожата не можеш да си ја одереш. :wink:

Koлку само се сложувам со тебе :)
Зима дефинитивно...чизми, јакниче, капче, шалче... па уште ако е сув студ како пред некоја година...абе мераци :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom