Пеги?

  • Креатор на темата Креатор на темата HulK`
  • Време на започнување Време на започнување
Antispot.jpg


Хиперпигментација на кожата?

Како се создаваат пегите и флеките?




















Хиперпигментацијата претставува прекумерно создавање на темнокафеавиот пигмент меланин во епидермисот на кожата. Причините за прекумерното производство можат да бидат повеќе: зголемено изложување на сончевото зрачење, повреди, инфекција или кај жените бременоста. Меланоцитите се клетки на епидермисот кои произведуваат меланин. Тие излачуваат меланин преку дендритите, клетки слични на октопод чии краци се врзани за кератиноцитите. Меланоцитите на сончевата светлина реагираат со зголемено производство на меланин како и повеќе нови меланоцити.

Главната причина за зголеменото производство на меланин е заштита на кератиноцитите од оштетувањата кои може да ги направи сончевото зрачење.

Процесот на заштита се одвива така што меланосомите, кои се честици на меланинот формираат штит над нуклеусот на живите кератиноцити. Овој процес во практиката може да се види како темнење на кожата на сонце. Треба да се има во обзир дека темнењето на кожата на сонце претставува заштитен механизам, а не терапија и дека тоа е природен процес за заштита на организмот од прекумерното сончево зрачење. Долготрајното излагање на сонце доведува до излевање на пигментот од оштетените меланоцити, кој потоа формира поголеми површини кои можат да се видат како така наречени „старосни пеги“. Хиперпигментацијата во бременоста се јавува кај 90% од жените. Мелазма или хиперпигментација во вид на флеки на лицето се јавува кај 70% од трудниците. Причината за овие појави се најверојатно хормоналните промени, а додатно се влошуваат и со изложување на сончевото зрачење.



КАКО ДА СЕ НАМАЛИ ХИПЕРПИГМЕНТАЦИЈАТА НА КОЖАТА?



Оттстранување на флеките и пегите

За да се разбере начинот на лечењето на хиперпигментацојата на кожата, неопходно е да се запознае еден од ензимите одговорни за производство на меланинот. Тоа е тирозиназата. Тирозиназата директно одредува колку меланин ќе биде произведено. Поголемиот број препарати за лечење на хиперпигментацијата на кожата содржата инхибитори на тирозиназата, супстанции кои ја намалуваат активноста на овој ензим, а со тоа ја намалуваат и количината на произведениот меланин. Во пракса ова се гледа како „ избелување“ на кожата, односно смалување на интензитетот или потполно отстранување на пегите и флеките.

ПРИРОДНАТА КРЕМА ПРОТИВ ФЛЕКИ И ПЕГИ СОДРЖИ:

Активни состојки:

- Екстракт од корен на бела бобинка (Morus alba), природен инхибитор на тирозиназата чија активна состојка е 2,3',4,5'- tetrahidroksistilben(2-oksiresveratrol).

- Екстракт од мечкино грозје (Arctostaphylos uva ursi), природен инхибитор на тирозиназата чија главна активна состојка е арбутин.

- Етерично масло од Комбава линмонот (Citrus hysterix)

- Цинк оксид и титан диоксид.

Помошни материи: талк, ланолин, вазелин, пчелин восок, бадемово масло, глицерол, пропилен гликол, витамин Е.



МЕХАНИЗАМ НА ДЕЈСТВО:

Природната крема против флеки и пеги содржи инхибитори на тирозиназата, кои делувајќи синергистички на принцип на компетиција, ја намалуваат активноста на ензимот тирозиназа, а со тоа и производството на меланинот, што доведува до избелување и отстранување на флеките и пегите. Етеричното масло од Комбава лимонот делува како природен детергент, го отстранува слојот на мртви клетки со вишок на меланин овозможувајќи побрзо обновување и раст на нови млади клетки со помалку меланин.

Цинк оксдот и титан диоксидот ја прават физичката бариера од сончевото зрачење во подрачјето од 290 нм до 700 нм и на природен начин штитат од дејството на УВА и УВБ зрачењето.



НАЧИН НА ПРИМЕНА:

Два пати дневно, наутро и навечер да се нанесе кремата на поширокото подрачје на флеките и пегите и добро да се втрие додека не се потполно упие. Или ако станува збор за многу мрсна кожа да се нанесува само навеќер.

Првите знаци на избелување се појавуваат од 5-7 дена од почетокот на примената, а потполниот ефект се постигнува 12 до 15 ден.

Kade mozham da ja najdam ovaa krema vo prilep , i ako nekoj znae kolku pari e?
 
Точно на Ѓурѓовден, 6ти мај, пред на изгрее сонцето, ќе излезеш надвор и 3 пати ќе си го истрлаш лицето од детелина зелена. За 1 година гарантирам дека нема да имаш повеќе пеги. Знам дека многумина ќе бидат скептици во врска со овие бабини деветини или десетини како сакате наречете ги, но како викаат старите: "лекот ти е пред очи...", само ретко кој може да го види. ;)
 
Точно на Ѓурѓовден, 6ти мај, пред на изгрее сонцето, ќе излезеш надвор и 3 пати ќе си го истрлаш лицето од детелина зелена. За 1 година гарантирам дека нема да имаш повеќе пеги. Знам дека многумина ќе бидат скептици во врска со овие бабини деветини или десетини како сакате наречете ги, но како викаат старите: "лекот ти е пред очи...", само ретко кој може да го види. ;)

od kade znaesh? Ili golema smisla na HUMOR imas?
 
od kade znaesh? Ili golema smisla na HUMOR imas?

Нема/Нетреба да има хумористични досетки во врска со Христијански празници ... Сакаш верувај, сакаш ругај ме, твое право. Имам постирано неколку вакви слични преданија за лекови тука, така да не би имал потреба да се шалам на сметка на туѓа мака.
 
Zdravo na site!

POZNAVAM EDNA DOKTORKA VO PRILEP,IZRABOTUVA MNOGU DOBRI KREMOVI NA PRIRODNA BAZA ZA PEGI,FLEKI,AKNI.MENE ZA PEGITE MN.MI POMOGNAA.MISLAM DEKA I ZA DRUGI BOLESTI PRAVI ZA VITILIGO,BRCKI,TROMBOZA.

Забрането е рекламирање, ти ги избришав непотребните зборови од постот, кој е информиран ќе ти прати ПП.
 
POZNAVAM EDNA DOKTORKA VO PRILEP,IZRABOTUVA MNOGU DOBRI KREMOVI NA PRIRODNA BAZA ZA PEGI,FLEKI,AKNI.MENE ZA PEGITE MN.MI POMOGNAA.MISLAM DEKA I ZA DRUGI BOLESTI PRAVI ZA VITILIGO,BRCKI,TROMBOZA.IMA EDNA GOD NEZNAM DALI SEUSTE I E TOJ BROJOT.076479363.PROBAJTE!

Јас познавам еден доктор лечи од капслок болест, многу ефикасен и ефективен... незнам дали му е тој бројот уште, прати ми пп ќе се договориме.
 
Saber Rider: A prvin pomisli li deka sum mozhebi mashko? Ili ne?

Пеги успешно се санираат со „мезоестетик“ третмани со овошни киселини по шема во козметички салон. Исто Ц витаминит и мачкање со лимон ги намалува и бледнее. Но, ако имаш многу со третманите е добро да почнеш. Се прават во периоди кога нема јако сонце и ја средуваат и отпорноста на кожата па нема да ти се појават толку интензивно после третманите.

А нема ништо страшно од пеги, мене ми изгледаат баш сехи, замисли да ти ги мброи некоја со прстето?
 
Леле колку сакам пегичкиии, мислам јас немам, ама баш убаво ми изгледаат. Кјутнеес. Ти препорачувам да ги оставиш :)
 
А да не знае некој колку кошта тоа ласерскиот третман и дали е ефективен?
 
Иам малце пеги и ми се гледаат релативно преку лето.
 
со првото пролетно сонце почнуваат да ми се појавуваат... порано ги мразев, ама сега си ги сакам.... таман имам црна коса, за да ги истакнам уште повеќе....не знам зашто на некој би му сметале воопшто??
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom