Toneh
is a turtle
А и згора на се, Ивановски сега си има многу поважна работа од PayPal, а тоа е да се "погрижи" за државната и јавната
администрација, кои од неодамна паднаа под ингеренција на Министерството за Информатичко Општество.
Ивановски веќе си има полни раце работа така да, не верувам дека PayPal му е меѓу приоритетите на него или на било
кој друг актуелен министер во Република Македонија.
Нормално. Зарем има нешто што им треба на граѓаните, а се наоѓа на листата на приоритети на политичарите? Секако дека не.
Се' дури не се соберат луѓето, односно ние, петиции да потпишуваме, барања да поднесуваме до Министерството за финансии/Владата на Македонија, нема да бидне ништо. Ама таквите акции се превземаат групно, и тоа во поголеми бројки. Во спротивно, нема да не вртат ни два посто. Верувам дека би можеле нешто да смениме, доколку се организираме како што треба...