Во право си за електричната инсталација, се согласувам.
А кога сме кај MAC филтрите, со добар custom firmware и за тоа има решение.
Не знам за Фринџ, но знам дека пред 10 години имавме локален дилер на компјутерски делови и опрема кај нас во населба, и постојано му пристигнуваа секакви технолошки играчки. Па така, му пристигна таа антената за безжично мрежно поврзување, но тоа беше послаб модел кој фаќаше сигнал во радиус до 500 метри, чинеше 2.000 денари ако добро помнам.
Тогаш безжичниот Интернет беше табу тема и ретко кој го користеше бидејќи и лаптопите тогаш сеуште беа луксуз, па антената заврши кај некоја фирма која се занимава со продажба на мрежна опрема за деловни корисници.
Неколку години подоцна, дилерот се пресели во друга населба и очекувано, си го пресели и бизнисот таму.
А денес, 10 години подоцна, речиси нема домаќинство без безжичен Интернет, а ако се разбираш добро од мрежи и од Линукс, нема да ти треба ни антената ни ништо, ќе ти треба само лаптоп или обичен компјутер со безжична мрежна картица и со неколку трикови во root на командна линија и во бизнис си.
Но овој другаров пред 2 години ја купи таа антената од Мебиус, а подоцна и опремата за заобиколување на мрежната заштита и до денешен ден си тера по свое со безжичниот Интернет на комшиите.
Локалното училиште му е спроти зграда и нивниот Интернет им го користи без нивно знаење, училиштето има приземје и 2 ката, а тој живее на 10-ти кат во станбена зграда. А користи кабелски Интернет веќе 4 години, но кога може да има и за без пари, зошто да не.