PayPal (официјална тема)

  • Креатор на темата Креатор на темата Oblivion
  • Време на започнување Време на започнување
царината зависи од типот на стоката, но најчесто е околу 15%.
 
А тоа административни трошоци при подигање на пратката фиксно ли се 200 денари?
Пошто порачав 3 маски за телефон од различен продавач (околу 2 и пол долара сосе шипинг), ќе ми рачунаат ли 3 х 200?
 
како мислиш трошоци при подигање на пратка? на мене ми ја доставија до дома и не платив ништо.
 
како мислиш трошоци при подигање на пратка? на мене ми ја доставија до дома и не платив ништо.

Прочитав на еден друг форум македонски за тие Административни трошоци, ама сега гледам дека темата е од 2010 година...
 
како мислиш трошоци при подигање на пратка? на мене ми ја доставија до дома и не платив ништо.
Пратките ти ги донесоа дома? Нели треба да ти стигне едно картонче дома дека имаш за земање пратка од пошта?
 
Кај мене беше доставена до дома. Најверојатно дека не е многу голема пратката затоа. Ама малце ми е чудо, дека оваа е од странство и ја донесоа, а додека пак секогаш кога сум порачувал нешто од Македонија ми стигнува само едно картонче за да си ја подигнам пратката
 
Трошоци при порачување преку Интернет:

0-22 евра (со вклучени транспортни и манипулативни трошоци) - не се плаќа царина и ДДВ
22-45 евра - се плаќа само ДДВ

45+ евра - се плаќа ДДВ и царина

Данокот на додадена вредност е 18%. Даночната основица ја сочинува царинската основица зголемена за износот на пресметаната царина.

Царинската вредност на стоката ја сочинува фактурната вредност на која се додадени транспортните и други манипулативни трошоци кои настануваат до влезот на стоката на царинското подрачје на Република Македонија. (Кај поштенските пратки, износот на поштарината влегува во царинската вредност на стоката).
 
Последно уредено:
Кај мене беше доставена до дома. Најверојатно дека не е многу голема пратката затоа. Ама малце ми е чудо, дека оваа е од странство и ја донесоа, а додека пак секогаш кога сум порачувал нешто од Македонија ми стигнува само едно картонче за да си ја подигнам пратката
Секоја пратка која може да ја собере во торбата на поштарот ќе ти ја донесе до дома, за тие што нема да ги собере ќе ти остави картонче да си ги подигнеш од пошта.
Во друг случај, може да ја собере ама ти оставил картонче, тоа значи дека пратката е препорачана и мора некој да му се потпише за да ја предаде и доколку не најде никој на местото ќе остави картонче.
 
Подсобрав нешто пари по нетов, што у моментов ми требаат и те како. Е сеа, МК пејпелов нели џабе ми е (не можам пари да примам), па сакам да ве прашам дали има поента допрва да правам лажен акаунт демек од друга држава, и ако да, на што треба да припазам при внесување на податоците? Не ми требаат парите у кеш, само да ги префрлам на акаунтот и одма да купам ствари (ако добро сум разбрал дека може тоа така) . Фала

ПС: Не, неам друг избор освен PayPal.

ППС: Ако сакате да помогнете а ви е незгодно од сите муабети дека ради такви ко мене ќе го изгубиме драгиот ни сервис, може и во ПП. :)
 
otvori si drug paypal, slovenia, bugarija, hrvatska za da si gi primis parite sega nema problem da ti go blokiraat akauntot bidejki naste karticki se priznaeni taka da koga ke vrstam proverka na kartickite makedonskite se priznaeni
 
Decki go verificirav paypal akautnot pred 12 sati no parite so mi gi zede 1.5$ ne mi se seuste vrateni dali ima nekola procedura ili?
 
Decki go verificirav paypal akautnot pred 12 sati no parite so mi gi zede 1.5$ ne mi se seuste vrateni dali ima nekola procedura ili?

Нема да ти ги врати парите, туку ќе ги потроши кога ќе купиш за прв пат.

На пример, ако купуваш нешто по цена од 10 американски долари, од трансакциска сметка ќе ти одземе 8.5 американски долари во денарска против-вредност, и на тие 8.5 американски долари ќе ги додаде овие 1.5 американски долари кои ти стојат на сметка.

Ова е еднократно, се случува само при верификување на картичката, после првото купување, состојбата на PayPal сметката ќе ти биде 0.
 
Упатството содржи вредни совети како што се:
• како да ја внесеш твојата адреса и телефон во интернационален формат
• како правилно да ја внесеш твојата кредитна картичка
• како да отвориш сметка без да мора да внесуваш кредитна картичка
• како да ја потврдиш мејл адресата
• како да ја смениш примарната валута за да не плаќаш дополнително за конверзија

http://www.fakulteti.mk/news/14-07-23/kako_da_otvorite_paypal_smetka_od_makedonija.aspx
 
Имам 50еур на пејпал,немозам да ги подигам само да ги испратам мозам,па ако некој сака да направиме размена,за него ке има 5еур добивка.
 
Имам 50еур на пејпал,немозам да ги подигам само да ги испратам мозам,па ако некој сака да направиме размена,за него ке има 5еур добивка.

Imam drugar koj moze da ti pomogne i da gi izvadi. Pusti PP ako si zainteresirana ke mu pisam.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom