PayPal (официјална тема)

  • Креатор на темата Креатор на темата Oblivion
  • Време на започнување Време на започнување
Друга почиста и подоходовна опција за тебе е да појдеш до Евзони кога ќе имаш потреба и да извадиш пари од грчките банкомати. Лимитот на Payoneer во однос на тоа која сума можеш да ја држиш на картичката во секој момент е $10,000 , што значи дури и патот до таму 2-3 пати апсолутно ќе ти се исплати. Уште со девојчето до Солун на кафенце да си отидете и топ ќе ти биде :)
Ова е интересна опција. Немаат ли начин нашиве да ги добијат информациите од грците за извршените трансакции? Некакви договори за соработка, курци палци?
 
Доколку побараат информации, секако дека ќе добијат. Ако не побарале информации за тебе до сега тука, сигурно нема да почнат со барање информации надвор. Ова според мене :) Ова му доаѓа исто како кога контактирав една бугарска банка што ја бендисав за нешто (што не ми успеа) со webmoney и им објаснив од каде сум и каков е законот тука во врска со имање сметка во странска банка. Она што го добив како одговор е дека тоа нив не ги интересира и дека слободно кога сакам можам да дојдам и да си отворам сметка т.е. што се однесува до нив, воопшто нема да имам било какви проблеми за отворање на таа сметка.

И што е најбитно според мене, ти во Грција си СТРАНЕЦ што поседува картичка од Белизе. Никако не можат да те поврзат со Македонија. Ако запнат, можат да побараат информации за тебе (поточно за твојата картичка) од Choice Bank од Белизе ? На која основа ? Си извадил пари од банкомат ?? Сигурно ќе добијат...
Без малку истото важи и тука само што големи се шансите тој што вади пари тука со картичка од таа Банка да е локалец и се што треба потоа е сосема малку барање информации за да соберат 2 и 2 и да ти тропнат на врата ако е потребно или каква и да е веќе процедурата.
Висината на данокот е сосема супер, само 10%, она што сите нас не к*рчи е тоа што за да ги добиеш заработените пари најверојатно ќе поминеш сито и решето и ќе добиеш 50-80% од сумата која инаку би ја добил кога би имал валиден Пејпал акаунт, а сите тие маки ти ги "овозможува" државата. И на таа мака да ти тропне некој од УЈП после и да ти бара арач ко во турско време ? Јок бурда, нече мочи ! Не дека па ќе ги искористат за нешто паметно...
 
Ова е интересна опција. Немаат ли начин нашиве да ги добијат информациите од грците за извршените трансакции? Некакви договори за соработка, курци палци?

Деца, абе седете мирни да не останете без парите! Секако дека има начин да дознаат дека правиш незаконски трансакции, плус тие пари треба да ги внесеш во земјава непријавени!
 
Секако дека има начин да дознаат дека правиш незаконски трансакции
Не мора да лупаш по тастатура колку да лупнеш нешо, си праиме муабет на темава, ако знаеш точно пиши, ако не, нема потреба од тебе на темава, иди боље треси зелени за металург ко до сеа.
плус тие пари треба да ги внесеш во земјава непријавени!
Зашо бе упорно мора да лупнеш нешто? Попаметен ли се осеќаш со тоа, шо е работава?

Од Царина:
РЕЗИДЕНТИ Можат слободно (без пријавување) да вне-
су ваат ефективни странски пари во износ до 10.000 евра. Износот над 10.000 евра се должни да го при ја-ват на царинските службеници при влегување во Република Македонија.
 
Деца, абе седете мирни да не останете без парите! Секако дека има начин да дознаат дека правиш незаконски трансакции, плус тие пари треба да ги внесеш во земјава непријавени!
За какви незаконски трансакции зборуваш ? Поседување на таа картичка од страна на Македонец е дозволено. Вадење пари од банкомат од Грција е дозволено. Вадење пари со таа картичка од банкомат во Грција е дозволено.
Мене ми звучиш како никогаш да не си излегол од државава. Никогаш не си се вратил со вишок евра/долари од патување некаде ?
Да резимирам и верувам го цитирам најновиот податок:
1. Внeс на ефективни странски пари и чекови (девизи) во Република Македонија
1.1. Државјани на Република Македонија
- можат слободно (без пријавување на Царина) да внесуваат во Република
Македонија разни видови девизи во противвредност до 10.000 евра
 
Ај да прашам и јас нешто на темава.
Значи оДеск го поврзав со Payoneer, и сега чекам да ми стигне картичкава. Од кога ќе ми стигне, можи да ја поврзам со PayPal? Едно другарче ми рече дека нема потреба да префрлам пари од Payoneer na PayPal, оти демек тие се поврзани и колку што имам на Payoneer толку имам и на ПејПал. Е сега, најбитното прашање ми е. Пошо нели на пејпал треба да пишам Словенија, доколку се извитопери нешто, можи да ми се замрзнат парите на Пејонир, или само на ПејПал ќе ми ја блокираат сметката, а Пејонир ќе си остани да си функционира?
 
Прво од пејонир ќе те прашаат од каде ти се парите (доколку имаш добра заработка секогаш прашуваат) ако одговорот не им се допаѓа ќе ти ја блокираат сметката со можност да ти ги вратат парите на пејпал сметката од која си им ги пратил.
--- надополнето: 21 октомври 2013 во 19:15 ---
За какви незаконски трансакции зборуваш ? Поседување на таа картичка од страна на Македонец е дозволено. Вадење пари од банкомат од Грција е дозволено. Вадење пари со таа картичка од банкомат во Грција е дозволено.
Мене ми звучиш како никогаш да не си излегол од државава. Никогаш не си се вратил со вишок евра/долари од патување некаде ?
Да резимирам и верувам го цитирам најновиот податок:

Пренесено картичка со пари на нејзе да но откако на другар 2011 на аеродром му запленија 5000 долари кеш не им верувам на овие глупости што ги пишувате по форум. Релноста е многу поразлична.
--- надополнето: 21 октомври 2013 во 19:18 ---
Не мора да лупаш по тастатура колку да лупнеш нешо, си праиме муабет на темава, ако знаеш точно пиши, ако не, нема потреба од тебе на темава, иди боље треси зелени за металург ко до сеа.

Зашо бе упорно мора да лупнеш нешто? Попаметен ли се осеќаш со тоа, шо е работава?

Од Царина:
РЕЗИДЕНТИ Можат слободно (без пријавување) да вне-
су ваат ефективни странски пари во износ до 10.000 евра. Износот над 10.000 евра се должни да го при ја-ват на царинските службеници при влегување во Република Македонија.

Добро, твој избор, играј си со парите, сепак твои се.
 
Деца, абе седете мирни да не останете без парите! Секако дека има начин да дознаат дека правиш незаконски трансакции, плус тие пари треба да ги внесеш во земјава непријавени!
Можеш да внесеш и изнесеш а да не ги пријавиш сума до 10 илјади евра исто така можеш да излегуваш и влегуваш во Македонија колку пати сакаш односно додека не им станеш сомнителен на милицијатга и царинарниците.
 
:D
 
Пренесено картичка со пари на нејзе да но откако на другар 2011 на аеродром му запленија 5000 долари кеш не им верувам на овие глупости што ги пишувате по форум. Релноста е многу поразлична.
--- надополнето: 21 октомври 2013 во 19:18 ---
Да не бидам некултурен како што си ти кога велиш дека тропаме глупости, али другар ти најверојатно те излажал, претпоставувам поради чалам или сл. Правилото е јасно и ти го цитирав директно од сајтот на Царина. Не е ова нешто што го засега 1 човек на 10,000 па овие на царина да решат трикови да изведуваат. Што повеќе ти треба како доказ, навистина не знам...
 
Во ред, јас кажувам од нечие искуство, оставам на вас да си одлучите што ќе правите. Ќе напоменам само дека во нашава земја не се знае кој јаде а кој пие, секој што е на позиција си прави што сака, не се применуваат повеќе од пола од законите. Можете да цитирате што сакате, хартија се трпи, али кога ќе ве одерат тогаш не плачете по форуми. Нема потреба од понатамошна дискусија.
P.S не се сите културни како тебе. ;)
 
Прво од пејонир ќе те прашаат од каде ти се парите (доколку имаш добра заработка секогаш прашуваат) ако одговорот не им се допаѓа ќе ти ја блокираат сметката со можност да ти ги вратат парите на пејпал сметката од која си им ги пратил.

Не ме разбра. Мене пејонир ми е врзан со оДеск. Значи пејонир знај дека ми се од одеск. Е сега ПејПал ако ја врзам на пејонир, и ако има проблем со пејпело, можи да имам проблем автоматски со пејониро?
 
Може, но не секогаш.
 
Здраво. Дали може и е поОК ако пријателот кој се наоѓа во Словенија му кажам од таму со сите мои податоци и податоци од картицата, ми креира PayPal а јас тука да го користам. Преку тамошна IP адреса. Фала
 
Каква картичка имаш и од каде ти е извадена ?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom