PayPal (официјална тема)

  • Креатор на темата Креатор на темата Oblivion
  • Време на започнување Време на започнување
Доаѓањето на “ПејПал“ во Македонија во завршна фаза

Коментирајќи ги најавите за доаѓањето на “ПејПал“ во Македонија, министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски денеска истакна дека според последната остварена комуникација со нив тоа е во завршна фаза и оти сме ставени во нивната приоритетна листа како регион.

Според последниот допис од “ПејПал“, Македонија ќе биде опфатена со регионот, односно Србија, Албанија, Косово и Црна Гора, односно во еден пакет сите земји ќе добијат “ПејПал“, наведе Ивановски на денешното отворање на продавницата “Дуна“ во ГТЦ.

Проблемот во системот на “ПејПал“, појасни министерот, е тоа што инвестицијата што тие треба да ја направат за надградба на нивниот систем во Македонија е иста како што треба да направат на пример за Индија, но кога ќе се земе предвид пазарот стратешки ним им одговара тоа да го направат за регионот.

Извор: Точка

... во ,,завршна фаза" е од септември 2011 :(
 
хахаххахха до пејпал е , не е до нас
министреееееее
Колку сте исфустрирани то чудо нешто
и тоа брат, 5 пати на ден го маам, џабе... фрустроќата тука ја лечам!
 
Прочитајте само какви глупости тропа еден министер, човек што извршува важна функција и од чии одлуки/интелект зависат многу луѓе и многу пари...

http://www.vecer.com.mk/?ItemID=6B68DC534EE67D4EBB7869DFDA1F0C73

Очигледно нема да ми го го објават коментарот (Жителот од Бурунди), па обрнете внимание на неколку работи:
- во пакет со Босна, Србија, ЦГ... (Точка го цитирале и Албанија). Па Босна може од (по)лани и средства да повлекува, исто како Албанија. Го отворил ли Иво некогаш сајтот на Paypal или тресе од ракав, лаже random.
- нема Paypal бидејќи високи трошоци за надградба на системот... Ако можело за 190+ земји, вклучувајќи Бих и Алб, зошто не можело и Македонија тогаш ? Имало пречки во наша регулатива и одговорноста се знае кој треба да ја сноси за тоа.
- Преговарале со Moneybookers... da fuq ?? Очигледно сервисот функционира, но ете тој и после неколку години активно преговара со нив да ја стават МК на нивната листа. Очигледно, повторно лаже.
- Нема да ја има Македонија како земја, туку таа ќе биде вклучена како дел од регионот... Ако може едно Бурунди да се одбере од листа, зошто да не може и Македонија ? Мучки.

На кратко, евидентно е дека постои министер во Владата кој не ја работи својата работа како што треба од самиот почеток (не дека е единствен), создаде фрустрации кај голем дел од популацијата и на крај го навредува интелектот на истите користејќи лаги и манипулации. Уште полошо е што нема механизам за казнување на ваквите луѓе.
 
Непродуктивно и заморно е....
Баш спротивно, таквите коментари се во функција на наоѓање истомисленици, поголемо актуелизирање на темата и евентуално создавање таков јавен притисок врз министерот, што во најмала рака треба да му закачи етикета "неспособен".
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom