Payoneer (официјална тема)

  • Креатор на темата Креатор на темата musketarr
  • Време на започнување Време на започнување
Ако добиваш исплата на Пејонир во долари, а сакаш да вадиш со картичка во евра, нели секако треба да правиш конверзија на самата Пејонир апликација, и тука ти зема провизија? Или не?

Да, АМА таа конверзија е значително помала од онаа на банкомат. На нашиве банкомати буквално пљачкаат. Ако доларот е 57 денари, на банкомат максимално ке ти го сметаат 54 до 54.50.
 
Фала многу за одговорите, ми значат!
Инаку, во однос на отворање картичка во евра, гледам дека треба да имам минимум 50 евра на сметка. Дали можам од моите долари да си префрлам евра на пејонир сметката или, пак, треба фирма од странство (или од тука може да е) да ми плати во евра?
 
Да, АМА таа конверзија е значително помала од онаа на банкомат. На нашиве банкомати буквално пљачкаат. Ако доларот е 57 денари, на банкомат максимално ке ти го сметаат 54 до 54.50.

Искрено не знам колку те пљачкаат, немам вадено годинава. Секогаш проверував на тоа "How much would I get on the ATM" и толку и можеше да извадиш. Лани, на 550 -600$ беше околу 700/800 ден на Стопанска банка. Така да, не верувам да е толку драстична разликата.
 
Фриленсер сум од 2015-та. Ти кажувам од дебело искуство, од скоро сите банкомати низ државата. За поголеми суми, картичка во евра и или Косово или Грција.
 
Косово не ја рачуна како ЕУР земја, па мислам и таму се високи провизиите односно ги плаќаш тие 3.5% за "конверзија" иако е ЕУР валута.
 
Последен пат вадев 2021. Мене ми е битно да ја избегнам таа лоповска конверзија, каде губиш по скоро 2,5 денари на долар.
 
Има на банкоматите опција да повлечиш во денари ама конверзијата да ја направи Пајонир, а не банкоматот. Така се добива реалниот курс а Пајонир ќе ти земе 3.5% fee што е прифатлива опција.
 
На кој банкомат можеш да одбереш кој да ти ја прави конверзијата? Каде е таа опција?
 
Да, АМА таа конверзија е значително помала од онаа на банкомат. На нашиве банкомати буквално пљачкаат. Ако доларот е 57 денари, на банкомат максимално ке ти го сметаат 54 до 54.50.
Не би требало да е така, треба по среден курс да го сметаат. Проблемот е веројатно во големите провизии што ги земаат банките како услуга што ја даваат на клиентот. Затоа вадење пари само во Грција или Косово, знам има еден банкомат во Косово што е одма после граница.
 
На кој банкомат можеш да одбереш кој да ти ја прави конверзијата? Каде е таа опција?

Во Комерцијална. Уствари не ми ни понуди опција за конверзија на банкомат, директно ги повлече од Пајонир пред месец дена по некои 57.8 денари што во моментот тој беше среден курс.

Мислам дека и во НЛБ исто конверзијата ја прави на Пајонир, ама максималниот лимит по трансакција е помал од Комерцијална, а вакви преварантски конверзии на банкомат да не има на Халк не сум баш најсигурен зошто немам таму пробано.
 
jas sum vo Makedonija imam payoneer smetka . dali mozam od makedonija da narac payoneer karticka. i lako na drug nacon bi gi povlekla parite od payoneer smetkata. cekam odgovor.
 
Nekoj da mi go dade linkot kako da izvadam payoneer karticka ako imam payoneer smetka online. Blagodaram.
 
Back
На врв Bottom