Паузирање во врска

А што кога партнерот стварно нема време извесен период или заминува во друг град или слично на одреден период? Или кога се чувствува ко товар за партнерот заради негови лични проблеми па сака да го растерети од истите додека помине `критичниот` период?
Дали ќе дојде до разбирање од другиот партнер зависи од начинот на кој едниот ќе го постави тоа барање за пауза, со колку искреност ќе пристапи и слично.
 
А што кога партнерот стварно нема време извесен период или заминува во друг град или слично на одреден период? Или кога се чувствува ко товар за партнерот заради негови лични проблеми па сака да го растерети од истите додека помине `критичниот` период?
Дали ќе дојде до разбирање од другиот партнер зависи од начинот на кој едниот ќе го постави тоа барање за пауза, со колку искреност ќе пристапи и слично.

Е да... Тоа е во случај да јас, кој барам луфта во врската и` објаснам на неа зошто ми е потребна таа луфта. Но ако само кажам дека сакам пауза ради тоа што ми се сака??? Е тоа е веќе оноа првото - „Ме гушиш во врската, не знам што ќе правиме понатаму па ти кажувам збогум’’
 
А дали тоа подразбира и менување на партнерот за време на паузата? :toe: Не би се согласил на тоа...се знае врска има почеток и крај нема полувреме...
 
Зашто секогаш прва опција е дека на таа личност и се смачило од вас?
Можеби навистина и треба време и поминува низ период каде што и треба простор за себе.
Не мора да значи дека љубовта исчезнала и дека на партнерот повеќе не му значите ако каже дека му треба време. Причината може да е и нешто лично, не мора да значи дека повеќе не сте сакани од таа личност.
Секако, во тешки периоди повеќето би сакале партнерот да е со нив и да им помогне во надминување на истите, бт хеј, различни луѓе-различни потреби.

Како јас лично би го доживелала тоа зависи од пристапот на партнерот и како тој ќе го изнесе проблемот.
Има разлика ако ми рече “Еј, знаеш, ми треба време за мене. Не ме барај додека јас не те побарам тебе“ и ако ми рече “Види, вака и вака стојат работите... Ми се случува ова и ова и би сакал некое време да...“.


Ова беше оптимистичкото гледиште мое на целата ситуација, иако да, и ова е опција, многу ретко да се случи, но опција е, а многу поверојатно е на партнерот стварно да не му е дојдено веќе до вас веќе, само не знае како да ви го признае тоа, па оди со “пауза“
 
Според мене да направиме пауза е еднакво на немање доволно храброст да се стави крај на врската...барем јас така имам направено. Одев со еден тип една година, се беше добро, немаше згрешено ништо и неможев да најдам причина да му раскинам, а ме гушеше ептен....зашто бев помала и подруго гледав на работите. Прво пробав да му раскинам ама тешко ми идеше (немав храброст) и си побарав пауза...никогаш повеќе не продолживме. Тогаш имав едвај 16год, детска работа. И ако мене некој ми каже така прво ќе помислам така, дека нема храброст, иако немора да значи....сепак времето ќе покаже
 
Пауза.....пффффф глупости, ако не знае он да се справи со неговите чуства, неможе да си игра со моите, јас не сум на копче па да си игра ај се одиме , ај сеа не одиме ке се гледаме со други ама па има можност да се смириме
 
се согласувам со бибушка. мислам дека тоа доаѓа најчесто во оние врски каде што цело време го поминуваат заедно и доаѓа период кога сакаат да си се одморат еден од друг. не го одобрувам тоа да се прави пауза но не ми ни смета многу,се зависи од ситуацијата и причината...
 
Не ми е ни мене јасно то паузирањето...значи ако сакаш со другарките да си тоа не значи дека неможеш и со нив и со дечкото истовремено..па ќе си најдеш време за двете страни. Е сега врска во која партнерот/партнерката премногу бара да е со вас..то е претеризам,треба да се согледаат малку работите и да се помисли и на него/неа. Ако те задушува врската раскиниму и готово...
 
Да бидам искрен, ми се има случено во средношколките денови додека идев со една девојка (неполна година) да ми побара пауза. И...ја отерав у пичку материну нормално, па ми цмиздреше ронејќи крокодилски солзи објаснувајќи ми дека не сакала да раскинеме, ме сакала навистина, туку едноставно да сме попаузирале малку за да искачала со другарките, блаблабла...

Нормално, не и простив.

Сеуште ми е смешно кога ќе слушнам за некој пар дека "паузираат" моментално...

Мислам дека "паузата" е женски феномен.

Не мислам дека се кажува како причина за да му раскинеш на некој, едноставно да се испукаат, шо ти ја знам... демек се што ќе направат тогаш им се простува бидејќи се на "пауза". Што мислите вие? Би прифатиле пауза? Сте биле на пауза?
ПАУЗА???:uvo: Што е врската,игра па ај ќе ја ставиме на пауза,додека сакаме да се издуваме,па после па ќе се вратиме!Партнерот/та не виси на конче,па ние да го третираме така!Ако не сакаш да бидиш со некој раскини и крај,а не да си играш со туѓи чуства,и не е женски феномен според мене!Многу сум против тоа,и неможам да разберам кога некој ќе ми рече дека се на ПАУЗА:nesvest:?!!пауза-на кафе??цигар??или само изговор за изневерување без грижа на совест??
ма никаква пауза!:nenene:
 
До пред два месеца мислев дека паузата во врска значи крај на врската, но откако се смирив со дечкото со кој претходно одев 1 година и 10 месеци, сфатив дека и тоа е можно.
 
А дали тоа подразбира и менување на партнерот за време на паузата? :toe: Не би се согласил на тоа...се знае врска има почеток и крај нема полувреме...


многу јасно,се согласувам...се знае врска трае и трае без прекин,ако се прекинала значи дека нешто не е во ред!Нема филозофија во тоа.мене тоа ми гледа како мачење
 
Јас пауза признавам само на игричка на компјутер.Тогаш сакаш нешто друго да завршиш и оп пауза.:tapp:
А инаку во врска не.Никако.Каква пауза?Поминувал низ период во животот па му требало време.Јас тоа не признавам.Некој ке рече па тешко му е на партнерот има проблеми и не знам што.Е тука јас имам едно прашање:Дали кога во иднина ке се земиме и кога тој има проблеми ке побара од мене пауза т.е за извесно време да се отселам од дома?ова ви изгледа логично?па секако не.Ако другиот партнер има некои проблеми ако сака може да пронајде во другиот личност за да ги сподели ако не можат и да најдат заедничко некое решение.А ако се работи за работа за која сериозно не сака другиот да знае тогааш може на пример да му објасни дека периодот не му е како што треба и дека се ке се среди затооа што нема врска со нив.Ама мене искрено ова паузата ми изгледа ај малку да прошетам јас наоколу а ти бидими на станд бај.Ве молам.ЈАс за пауза не гласам.:nesum:
 
pauzata ne e tolku losa , osobeno vo periodi koga si prezasiten od partnerot se karate celo vreme a sepak uste go sakas. se slucuvaat losi periodi vo vrskata, periodi vo koi ti e preku glava od nego. ne mislam deka beganje od problemot e resenie, ama malo oladuvanje vo vrkata e korisno, normalno ako i dvajcata razmisluvaat isto i se dogovorat taka. ne znaci deka ako ima pauza ima i izneveruvanje
 
Ако некој ми даде тајм-аут, ќе добие нок-аут.

Симпл ес. Нели Моето_е_поголемо? :)
А работата некогаш не е се во кое е поголемо нели???
Негооо тоа е глупа работа дефинитивно...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom