Паузирање во врска

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.098
Веб-сајт
www.kajgana.com
Да бидам искрен, ми се има случено во средношколките денови додека идев со една девојка (неполна година) да ми побара пауза. И...ја отерав у пичку материну нормално, па ми цмиздреше ронејќи крокодилски солзи објаснувајќи ми дека не сакала да раскинеме, ме сакала навистина, туку едноставно да сме попаузирале малку за да искачала со другарките, блаблабла...

Нормално, не и простив.

Сеуште ми е смешно кога ќе слушнам за некој пар дека "паузираат" моментално...

Мислам дека "паузата" е женски феномен.

Не мислам дека се кажува како причина за да му раскинеш на некој, едноставно да се испукаат, шо ти ја знам... демек се што ќе направат тогаш им се простува бидејќи се на "пауза". Што мислите вие? Би прифатиле пауза? Сте биле на пауза?
 
Поголема глупост -здравје!!!
Ако некој ти значи во животот нема потреба од никаква пауза,но можеби некои не се сигурни колку и дали им значи партнерот па со "паузата"сакаат да си направат тест сами на себе дали и колку можат да издржат без партнерот.....мое мислење немора да е така
 
baby напиша:
Поголема глупост -здравје!!!
Ако некој ти значи во животот нема потреба од никаква пауза,но можеби некои не се сигурни колку и дали им значи партнерот па со "паузата"сакаат да си направат тест сами на себе дали и колку можат да издржат без партнерот.....мое мислење немора да е така
И мене не ми се верува дека ќе е така...
На некое друго место лежи зајакот.
 
Мистичен напиша:
Да бидам искрен, ми се има случено во средношколките денови додека идев со една девојка (неполна година) да ми побара пауза. И...ја отерав у пичку материну нормално, па ми цмиздреше ронејќи крокодилски солзи објаснувајќи ми дека не сакала да раскинеме, ме сакала навистина, туку едноставно да сме попаузирале малку за да искачала со другарките, блаблабла...

И јас мислам исто како тебе.Кога сакаш некого-сакаш да бидеш со него. Значи-нема мислење нема размислување нема паузи нема тестови на тоа колку врската ќе успее.Во првиот момент коа ќе ти текне за пауза значи се сомневаш во тоа колку е добра врската и според мене во тој момент треба да раскинеш.Врската е наменета да опстои додека си 100% сигурен у неа..чим стане 90,95,99% пиши пропало и стаи крај а не некакви си глупи паузи у кои што ти демек ќе пробаш со други за да видиш дека него/неа уствари си го/ја сакал. Глупости...
 
Се сложувам со Мистичен, и исто би изреагирал во таква ситуација. Паузата е почеток на крајот.
 
И замисли после паузата и се уарни и стане хронична паузаторка еј? Кој момент човече! : )
После нема враќање назад, ај пауза, ама кога ќе почне "годишни одмори" да си зема?
 
Пауза еј. Демек да се издуваш со други, да добиеш дозвола за швалерај.
Да го направиш сето тоа кое „не ти било дозволено” во врска, односно што си немал муда да го направиш.
Треба да си најголем глупак за да прифатиш пауза. Одма треба да се тера се тоа у курац.
 
Мистичен напиша:
И замисли после паузата и се уарни и стане хронична паузаторка еј? Кој момент човече! : )
После нема враќање назад, ај пауза, ама кога ќе почне "годишни одмори" да си зема?

Е Дарко да видиш ти какви врски има.Уште коа почнуваат да идат има договор кој е нешто вака:

1.У јавност не се гушкаме демек срамота е
2.Петок,сабота,недела не ме барај со друштво сум ич не ме занима што праиш
3.Поблиски роднини никако запознавање-бегај тоа обавеза е.
4.Дневно имаш 1 до 2 саати со мене поише неможам ме чека друштвото
5.Дневно слушање на телефон до 2 пати-поише ќе почнеш да замараш си иам ја кафе со некој друг.......
И тн и тн..Трагичното е што овие луѓе идат и по 2,3,4 години и сеште го почитуваат горенаведениот договор..Па пауза..пфффф...гола вода -у секој момент... :lud:
 
najlosha rabota e pauza toa e start na raspadot na vrskata ako sakash da praish pauza znachi si prezasiten od taa/toj i sakash da se ottrgnesh od nea/nego so toa automatcki pochnuva shvaleraj varanja i sex na strana PAUZA GLUPOST vo sekoja smisla na zborot ako nekoj/a ti pobara pauza znachi saka da raskinete ili saka da se odvoi od tebe na edno 2 meseca pa neli e toa isto!!!
 
Мистик... и сам кажа дека тоа ти се случило во средношколските денови, па самото тоа кажува дека малку таа постапка наликува на детска. Но, тоа не значи дека и малку повозрасните не го прават тоа.

Според мене "пауза" бараат оние кои не се сигурни во себе, оние кои не знаат што сакаат. Ако ти знаеш дека сакаш да бидеш во врска со некој, ако си расчистил со себе си, нема да тресеш такви глупости. Ако сакаш да шараш со другарки/и, тогаш не влегувај во врска, едноставно ограничи го контактот на повремено гледање (при потреба од муабет, секс, друштво).

Од друга страна, некои бараат паузирање од врска, за демек да сфатат дали го сакаат партнерот или не. Па како ќе почувствуваш што чувствуваш за партнерот ако не бидеш со него?

Има случаи со изјави од типот: "Ми треба време да се средам, имам проблеми". Тоа се пак глупости, затоа што партнерот е тој кој би бил до тебе кога имаш проблеми, да имаш со кој да си направиш муабет, да ги споделиш маките.
 
FortunE напиша:
Според мене "пауза" бараат оние кои не се сигурни во себе, оние кои не знаат што сакаат.

Тие се наоѓаат во љубовен триаголник и затоа бараат пауза..
за средување на своите чувства најверојатно.
Ако некој ви даде „пауза“ тоа ви е исто ко да ви дал time-out на dismissed!
 
Ако некој ми даде тајм-аут, ќе добие нок-аут.

Симпл ес. Нели Моето_е_поголемо? :)
 
Некој трет е во игра кога се бара пауза... сталниот за златна резерва...
 
зависи во која смисла...на сите понекогаш ни треба време да се одмориме од луѓето околу нас...ако добијам такво чувство би го побарала тоа...и мислам дека ќе бидам сватена...на сите ни треба мала промена за да се вратиме во колосек...сепак подобро е пауза и мал одмор отколку раскинување...нели?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom