Патувај во Македонија, нов Македонски портал за туризам

  • Креатор на темата Креатор на темата iksimkd
  • Време на започнување Време на започнување

iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.184
Локација
Струмица
Епа вака сега излезе новиот Македонски Tralev Портал кој ќе им овозможи на туристите да се запознаат подобро со Македонија доколку имаат желба да престојуваат овде.
Не знаев каде да ја сместам темата па ја ставив овде, доколку има нешто во врска со Туризам и такви работи, админи преместете ја темата таму ако не ви е тешко.


И уште една работа имам една забелешка за страната, во делот "Coutry Facts" каде што пишува "Location" напишале дека Македонија се наоѓа на Југозападниот дел од Европа, над грција...Мислам дека нема потреба овде да се пишува за грција затоа што порталот е за Македонија и за грција нема место овде...Ако се согласувате со мене, би било пожелно да се контактира со тие што го одржуваат сајтот и да се смени тоа.
Исто пишува дека и не влеговме во НАТО поради ветото од грција....:toe:

Имено, еве повеќе информации за порталот...

Тravel to Macedonia: Traveling & Tourism Portal е нов портал наменет за туристи кои сакаат да ја посетат Македонија. Порталот одлично го прикажува туристичкиот потенцијал на Македонија.

Веб страницата е поделена на повеќе секции меѓу кои: Зошто би ја посетиле Македонија, Туризмот во Македонија, Општи податоци за Македонија, Како да се дојде во Македонија, но располага и со корисни совети за време на престојот на еден странски турист во Македонија.

Покрај тоа, Travel2Macedonia ви нуди неколку различни услуги, како:

• брз курс за македонски јазик
• закони за странци
• интерактивна Google мапа
• калкулатор на странски валути
• калкулатор на оддалеченост на градови
... кои лесно се наоѓаат на овој портал.

Getting Around менито (кое содржи 37 дестинации) на Travel2Macedonia (Тravel to Macedonia), во споредба со други македонски веб страници кои нудат слични услуги, нуди јасни и разновидни информации: детални информации за избраната дестинација, знаменитости и настани, интересни места за посета и сл., што го промовира овој сајт како добар сервис.

Главното на кое што овој портал цели се: сместувања, ресторани, туристички водичи, кои на Travel2Macedonia добиваат свој профил со слики и разновидни информации, можност за контактирање преку интерфејсот, а во блиска иднина и резервации.

Генерално кажано, одлично дизајниран и прегледен портал, содржински пребогат, и воедно одличен сервис. Придобивките од Travel to Macedonia се очигледни за сите.

Линк до страната: http://travel2macedonia.com.mk/

http://forum.kajgana.com/www.tocka.com.mk
 
епа супер што направиле конечно некој ваков корисен сајт кој ќе им помогне на потенцијалните туристи да дознаат нешто повеќе за Македонија и да добијат желба да ја посетат и да ги видат нејзините убавини
 
travel2macedonia е супер сајт :vozbud: Браво :oeoeoe:
 
Супер го средиле сајтов. Дури има и дел Learn Macedonian Оnline :).
 
Закон,треба повеќе вакви сајтови да се отворат
 
Фала за коментарите. Се трудиме најдобро што можеме.

iksi_str Твојата забелешка е земена во предвид.

За останатите сите критики се добредојдени.

Поздрав
 
Фала за коментарите. Се трудиме најдобро што можеме.

iksi_str Твојата забелешка е земена во предвид.

За останатите сите критики се добредојдени.

Поздрав

Благодарам, и се надевам дека ќе можеме да направиме нешто во врска со тоа каде што ја пишува грција и ќе биде отстрането затоа што мислам дека нема смисла на туристички веб сајт за некој држава да се споменува друга, барем јас досега тоа не сум го видел на ниту една друга ваква страна...:smir::helou:
 
Го погледнав сајтот и има навистина корисни информации кои би им помогнале на странските туристи. :kafe:
 
На коментарот на Горан_Македон

http://travel2macedonia.com.mk/macedonia-country-facts

додадени се и Струмица и Гевгелија, истовремено порталот има широка понуда на информации, а и верувам дека има најраспространета интеграција на Google Maps & Earth од било кој .мк сајт.

Major destinations in Macedonia




Струмица не постои, Гевгелија не постои ? :toe:
 
Вакви промотивни сајтови се за поздравување. Се надевам и оние кои директно ги организираат и продаваат аранжманите, туристичките агенции, во блиска иднина ќе почнат да размислуваат и да се ангажираат повеќе со рецептивна дејност односно промоција и понуда на домашни аранжмани за странци. :)
 
Браво за креаторите, направиле одличен сајт. Добар изглед, се што ти треба на едно место и она што најмногу ме воодушеви- одлична организација и среденост на страницата. Само напред.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom