Пастрмалијада

пастрмајлија=20 денари само во сабота
 
интересно ...
ќе се консултирам со фамилијата да тркнеме и ние :smir:
 
За жал нема да одам, bon appetit на тие што ќе присуствуваат.
 
Нема повратна со автобус до Штип, 260 денара е во еден правец од Скопје.

Со воз повратна е 190, само прашајте за време, пошо во некои X термини одат возовите.
 
Некој од Струмица со кола ако оди, да се организираме?
 
Ајде ја као штипјанец, апдејт да направам на настаните!!!

РЕСТОРАНТИТЕ И КАФУЛИЊАТА ДЕНЕС И УТРЕ ЌЕ РАБОТАТ ДО 3 ПО ПОЛНОЌ
Штип, 6 ноември 2009 - Заради фестивалот Макфест и традиционалната манифестација Штипска Пастрамајлијада, сите ресторанти и кафулиња во Општина Штип, денес и утре ќе работат до 3 часот по полноќ.

Барање за продолжување на работното време доставија скоро сите угостители до Одделението за Комунални дејности.

Општината упати барање до СВР - Штип за продолжување на работното време, која излезе во пресрет на барањата на Општината и угостителите.

Целта е да се излезе во пресрет на угостителскиот сектор со оглед на зголемениот обем на работа но и интересот кој постои за посета на овие две манифестации.

Еве ви ја и програмата за целата манивестација:

ПРОГРАМА ЗА ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА
ДЕНОТ НА ОСЛОБОДУВАЊЕТО НА ШТИП
8. НОЕМВРИ 2009



2. НОЕМВРИ
• Изложба на уметничка фотографија АЛПИ 2008 – А.Дончев, УГ „Безистен“18 часот


5. НОЕМВРИ
• Свечено отворање на 24 Фестивал на музика МАКФЕСТ, плато пред хотел Оаза 12.00
• Отворање на изложба на Запро Запров, фоаје на Дом на култура „А.Шопов“12.30


6.НОЕМВРИ
• Полагање на цвеќе –Спомен биста Вита Поп Јорданова 9 часот
ПАСТРМАЈЛИЈАДА - I Богатството на националната трпеза и избор на ресторант со најдобра пастрмајлија за 2009, хотел „Оаза“ 12.00
• Ликовна изложба 40 години творештво Петре Колев, НУ-Б „Г.Делчев“, 18.00 часот


7 НОЕМВРИ
• XIX Традиционален стрелечки турнир 8. ноември - Градско боево стрелиште , 10 часот
• Свечена седница на Советот на Општина Штип, голема сала 11.часот
• Саем на медот, отворање - училишен двор на ОУ „В.Прке“, отворање 12.30 часот
• Митровденски средби на доктори на науки, НУ-Б „Г.Делчев, 13.часот
• Турнир во мал фудбал-СЦ „Арена“, 14.30
• 42 Ноќна трка низ градот, пред зграда Општина Штип, 17.00
• Традиционална 42 смотра на ДЛУШ, 18.00
ПАСТРМАЈЛИЈАДА -II Хепенинг на плоштад Слобода, 19.00 часот
• Финеале и прогласување на победници на Макфест 20.30


8 НОЕМВРИ
• Симулиран напад на градот-АРМ, 06.00
• Полагање на цвеќе пред Алејата на народните херои, 09.00
• Полагање на цвеќе на споменикот на Револуцијата Исар, 09.15 часот
• Прием на борци од страна на градоначалникот, 10.00
 
да да оваа година дури децата правеле пастрмајлии од глина :) :) :)
 
И што никој не се организирал?
Ах како не видов порано:uvo:
 
Исто ко пивофест во Прилеп... Гунгула било, + врнеше ко што знам...
ПАстрмајлија 20 денари и слепо и сакато излегло на улица...
Така да, да го терам патот од Ск за да се гужвам на дождот... Малце ми е тапа...
 
Исто ко пивофест во Прилеп... Гунгула било, + врнеше ко што знам...
ПАстрмајлија 20 денари и слепо и сакато излегло на улица...
Така да, да го терам патот од Ск за да се гужвам на дождот... Малце ми е тапа...

Ко прво дждот престана поручок кај 5-6 шо значи беше суво и точно дека се беше излезело на улица ама тоа беше само на плоштадо додека траеше прикаската кај 9-10 после беше убаво по кафики дискачи кафани и слично.А да и не беше пастрмајлија 20 денари него праче пастрмајлија .............
 
Исто ко пивофест во Прилеп... Гунгула било, + врнеше ко што знам...
ПАстрмајлија 20 денари и слепо и сакато излегло на улица...
Така да, да го терам патот од Ск за да се гужвам на дождот... Малце ми е тапа...
Слепо и сакато:pos2:
Ама тебе ти кажуваше некој или?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom