- Член од
- 13 јули 2006
- Мислења
- 15.610
- Поени од реакции
- 18.641
Кога ќе дојдеме на власт ќе го решиме проблемот со името и ќе им дозволиме на славомакедонските бегалци, кои ја напуштија земјата по граѓанската војна да се вратат, изјавил за грчката веб страница newstime - Андреас Ловердос, еден од најблиските соработници на лидерот на сегрчкото социјалистичко движење ПАСОК, Андреас Папандреу.
Ловердос, според веб страницата balkaninsite, најавил дека идната грчка влада на Скопје ќе му испрати порака на помирување, а не на конфронтација, и ја обвини владата на Караманлис за ескалација на разликите во преговорите за името.
Високиот функционер на ПАСОК смета дека сегашната министерка за надворешни работи Дора Бакојани прави голема грешка, затоа што не влегува во директни преговори со Скопје, туку остава посредникот Метју Нимиц да изнајде заемно прифатлив компромис.
Како знак на добра волја, Грција ќе им дозволи на славомакеоднците, како што во Грција ги нарекуваат бегалците од граѓанската војна 1946-49, да се вратат на своите родни огништа. Сегашните грчки закони не им дозволуваат враќање на бегалците, освен на оние кои ќе се декларираат како Грци по род и националост.
Изјавата на поранешниот заменик премиер на Грција добива на тежина, кога се знае дека тој е најверојатниот нов шеф на грчката дипломатија, доколку се остварат прогнозите за сигурна победа на ПАСОК на претстојните вонредни парламентрани избори, кои ќе се одржат најдоцна до март наредната година.
Поради своите ставови во врска со македонското прашање, Ловердос е под постојан удар на грчките националисти.
-------------------------------------------------------------------------
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=113287