Нејасни ми се две работи, во однос на насочувањево на дискусијата во правец на идејата дека пасивното пушење во „занемарлива„ опасност по здравјето, во однос на опасноста од другите активни загадувања. Затоа би ги замолил засегнатите (застапници на наведениот став) да го дообјаснат следново.
- Проблемот со пасивното пушење треба или не треба да се реши?
- Ставот дека пасивното пушење е „занемарлива„ опасност по здравјето, е во однос на критика на нерешавањето на проблемите со другите загадувачи... или е во насока на тоа дека пасивното пушење треба да се игнорира се додека во земјава не се решат ама баш сите други еколошки проблеми
??
Mислам дека во подвлеченото е најголемиот проблем.
Многу работи во секојдневниот живот се научени вредности, таква е идејата дека гушењето на другите со тутунски чад, е „посебна култура„. Да се потсетиме дека некогаш прифатливо однесување било и џвакање тутун па потоа негово плукање на под...