Партнерот е поважен од децата?

  • Креатор на темата Креатор на темата The Goddess
  • Време на започнување Време на започнување
јас него го гледам како уште едно детенце кое сум го посвоила...
Познавате случаи кога таткото или мајката се љубоморни на својте деца?
 
Прво се работи за два различни типа на љубов. Родителската не смее да ја загрози љубовта кон партнерот. За мене поважна е љубовта кон партнерот затоа што таа подршка што ја добиваш од него до крајот на животот е незаменлива.Децата си идат формираат свои семејства, свои обврски, остануваш со љубовта на крајот од денот, со него/неа да делиш и среќа и тага и емоции и страсти...
Занемарување на љубовта кон партнерот во бракот и она трчање по деца, а не внимавање на нежностите и секојдневната потреба желба,глад на партнерот за твое внимание и љубов најчесто резултира со разводи....
 
Жена,маж денес се тука утре на друго место.Можеш 100 пати да се прежениш/премажиш, може ниту еден партнер да не го сакаш вистински.Тие се минливи и заменливи.

Децата нека се преврти светот,пак ќе ти останат деца.
 
Што знам, во животинскиот свет многу лесно можеш да ја препознаеш мајката, но не и женката.
 
во овој случај ко шо разбрав, треба да одбериме едно, или е црно или е бело, јас би си го избрала детето пред се, ако ми умри мажо можам да се премажам за година дена се прежалува, ама детето, не дај боже, цел живот нема да ми е доволен да го прежалам.
Не за џабе е песнава
Тие шо му е партнеро на прво место се според мене себични.
Имало и такви копилина шо си ги остајле децата и жената заради швалерката, пу ја’зк
 
Овде ви е многу добро објаснето се. Но не значи дека љубовта е поголема спрема партнерот.
Како што кажав претходно. Не можат да се мерат тие љубови
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom