Toecutter
Biafran Baby
Партиите и лидерите доаѓаат и заминуваат.
Важно е да си ја љубите државата...
Важно е да си ја љубите државата...

Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Зошто да ги третираме партиите како агенции за вработување, тоа е исто како да си потпишал пакт со ѓаволот. Потоа си тотално зависен од тоа што ќе ти го кажат.
Каде се идеалите во оваа држава, тоа ми е мене најбитното прашање? И дали умреа, или сепак има по некоја трошка надеж?
Мене ми се Македонските интереси пред се. Ако ДПМНЕ скршне од патот кој е исклучиво МАКЕДОНСКИ и никако поинаку... си заминав јас. И моето гласачко ливче.
Зависи.
Јас не барам вработување од мојата партија, ми се допаѓа идеологијата.
Но има и членови кои ја користат како агенција за вработување.
Јас имам сериозен проблем кога ќе седнам да дискутирам со некого, без оглед за која партија е, и нема поим ни што застапува таа партија, ни која и е идеологијата, и на крајот, што агенда понудила на избори (зошто по ѓаволите сте гласале за неа!?).
Јас сум во ДПМНЕ. Интересно се случило, ќе ги прашам некои, зошто сте вие во оваа партија? И ќе почнат Бранко вака, Бранко онака..... и обратно, најдобар другар ми е СДС, му викам зошто си за СДС? Одговорот беше ,,Абе оној лопатарон Гвујо....,,
Државите и системите доаѓаат и заминуваат.Партиите и лидерите доаѓаат и заминуваат.
Важно е да си ја љубите државата...![]()
Не ми е јасно како дојдовме до дереџето да ги заборавиме идеалите, соништата, како успеавме да западнеме во толкава апатија.
Навистина да ја напишам цела овде?Ќе те замолам да ни ја кажеш идеологијата на твојата партија, бидејќи јас воопшто немам поим од идеологијата на Македонските партии. Поклони се и почни, а јас ќе уживам во читањето![]()
Нашите партии само го искористија ,,предходниот систем,, за ова прашање. Само членовите на КПЈ можеле да се приберат до подобро (а во некои случаеви и било какво) работно место.
Во СФРЈ немало идеологии. Се знаело кој е кој и што е што. За тој период и народот, скокнат од феудализам и војни, во нешто поцивилизирано, немал ниту желба за политички идеологии. 20 години се мал период тоа да се промени. Само 85 наваму, тие генерации, има шанси да променат нешто. Овие што се ,,стара школа,, така и ќе дејстуваат - како што ги научиле. Членска или плачи си по дома.
.
Зависи од перцепција. И во САД и Англија и Франција наводната идеолошка припадност и наводните вредности на водечките партии се само форма која во реалноста не значи ништо.
А инсистирањето на идеолошка доследност...последна партија која се држела до својата идеологија “као пијан плота“ била NSDAP...1933-45...
И Комунистичката партија на Кампучија 1975-79.
Those were the days...
М.
.....А таму за да влезеш треба да си партиски активист, што значи пак доаѓаме на она дека во државата се е партизирано.
Друго, некој што има дома дете и на тоа дете му свири стомакот кога тато или мама не однеле дома за јадење зошто немале работа не го интересираат идеалите, туку го интересира детето.
Сакаш да кажеш дека Македонски интереси се што членови на истата партија имаат милионски сметки во банка, станови и останати градежни објекти безброј.. кај ги спечалија истите толку брзо ? тоа е за тебе Македонско што првен за себе си мислат да натрупаат пари на сметките ? Да не спомнувам тука вработувањето во државна администрација на армии од некомпетентни луѓе. Да и јас сум повеќе за ВМРО сепак првен си ги гледаат нивните а трошките за Македонија, оние другите се пак бетер.. за нив воопшто и не вреди да напишам некоја реченица во темава ..
Навистина да ја напишам цела овде?
Мислам дека не е потребно, бидејќи секому е достапна.
Пумичке драга, ти си класичен пример дека членовите на партиите немаат врска со идеологијата на партијата во која што членуваат. Ти лично имаш класично либерални ставови, кои се во чиста спротивност со идеологијата на партијата во која членуваш. Право на абортус, права на хомосексуалците, и целиот досаден, заглупувачки корпус на либерални ставови. Згора на се, ти си атеист, а во десничарско-конзервативните партии би требало да членуваат верници по дифолт.
Ако успееш да наброиш три твои ставови ОСВЕН дискутабилниот патриотизам, каде што твојата лична идеологија се поклопува со идеологијата на ВМРО-ДПМНЕ, јас ќе си го сменам никот во Шутрак...
Јасно. Јас тоа го разбирам, не е дека не го сфаќам, но она што мене ме буни е следново: Ако не ги интересираат принципи и идеологии, ондак по која основа бираат да се зачленат во одредена политичка партија? Дури и само да е за работа (а најчесто е) прашањето е врз која основа се решаваат да влезат во одредена партија? Сигурно не прават еци-пеци-пец.![]()
Смени си го.
Во партијата можат (и членуваат) со било каква припадност.
Ако во една десничарска партија, учествуваат само верници, тогаш би требало во левичарска, да бидат само атеисти. Или пак, да се каже дека левичарите не се заинтересирани за национални прашања. А не е така.
Никогаш нема да најдеш 2ца, што сосема и еднакво поддржуваат нешто, или пак припаѓаат на нешто.
Јас се имам изјаснето дека не можам да најдам ,,партија,, која сосема одговара на моите ставови, но на кантар, најмногу ми тежи македонштината, и нема тука што.
И да, без оглед на се, мене ми е тоа најважно, само глупаво е да изнесуваш мислење од наши приватни разговори, на место за јавна дебата - од аспект на тоа дека никој тука не знае што точно мене најмногу ми значи.
А исто така, настрана од идеологии, напишав погоре што ми значи.
Нема потреба од вакви прашања. Посебно, што нема место за јас да се правдам дали знам или не знам нечија идеологија.Немора цела, во кратки црти ова, ова и ова.
И ако може компарација со другите, да видам што идеологија имаат двете партии во Македонија.
Кое мислење од приватни разговори? Па ти својата идеологија ја носеше напишана во потписот, така?
Пак ќе ти кажам, најди ми три идеолошки вредности различни од патриотизмот кој ти се поклопуваат со идеолошките вредности на партијата во која си член. Изградени патишта или тротоари немаат врска со идеологија, секој нормален градоначалник треба да се грижи за тоа...