Парното поскапува за 60%

  • Креатор на темата Креатор на темата Калипсо
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
22 февруари 2008
Мислења
1.647
Поени од реакции
45
Парното греење поскапува за рекордни 60%. Регулаторната комисија за енергетика одлуката ќе ја донесе во петок.
Граѓаните револтирани, бараат алтернативи како ќе ја поминат претстојната зима. Ако за една сметка за парно греење досега сте плаќале 2.000 денари, од август за подмирување само на парното, од џебот ќе треба да се одвојат 3.200.
Слободан Христовски, стар скопјанец, живее во центарот на главниот град. Парното греење на Топлификација го користи само во зима, од октомври до април. Неговата сметка од преку 4.000 денари, сега ќе изнесува 6.400 денари.
„Тоа за мене значи дека 50% од мојата пензија треба да двојам само за парното греење, додека со останатите трошоци за струја, вода и телевизија, произлегува дека ќе давам некаде 75% до 80% за подмирување на овие основни задолженија“, рече Слободан Христовски, корисник на парно греење.
„За внуците тешко. Можеби од чоколадите „Животинско царство“ по едно бидејќи се најевтини“, додаде Христовски.
Христовски веќе размислува како против новите повисоки цени на парното греење. Има ли алтернативи?
„Со останатите станови би требало да се договориме дали ќе треба да поминеме на некој друг колективен начин или, пак, јас како поединец. Има доста нови грејни тела, радијатори на струја, па ќе направам една глобална пресметка, но мислам дека ќе биде многу поевтино“, вели Слободан Христовски.
Скопје е единствен град во Македонија во кој жителите се уште се греат на парно. Битола од лани нема парно греење бидејќи Топлификацијата немаше пари за да набави мазут.
Сепак, едно е сигурно. Сметките за парно греење од 1 август ќе бидат повисоки. Дел од скопјани во немоќ, се чудат и бараат начини како ќе се подмируваат сметките за парно.


Додека ние се замараме со секакви теми и бистриме висока политика, од друга страна доживуваме уште еден шамар по џебот кој ќе го почувствуваме веќе од Август.
Ќе може ли македонскиот граѓанин да ги издржи сите овие ценовни шокови ?

Ке се вратиме ли на традиционалното греење со мангал ?
:pop: Господ да ни е на помош. Сега ни фали уште некоја корекција на цената на струјата.
 
Цената на парното уште ќе оди нагоре?
Во декември најверојатно ќе има ново поскапување на парното, а процентот нема да биде мал ако се земе предвид постојаниот пораст на цената на суровата нафта
6C3BAD418AF6234FB668C7AD88D3BE40.jpg

Граѓаните најавуваат дека ќе ја откачат „Топлификација“
Августовските сметки за парно греење од скопска „Топлификација“ дефинитивно ќе бидат повисоки за 60,35 отсто, а тие на Скопје-Север за 30,25 отсто. Регулаторната комисија за енергетика вчера ја потврди одлуката за зголемување на цената на топлинската енергија. Наместо досегашните 27 денари за квадратен метар, корисниците приклучени на мрежата на „Топлификација“ ќе плаќаат 44 денари. Жителите на Скопје-Север од август ќе плаќаат 37 денари од квадрат, наместо 28 денари како сега. Повисоките сметки граѓаните ќе ги добиваат до крајот на годинава, кога Регулаторната комисија повторно ќе разгледува дали е потребна корекција на цената.Во декември најверојатно ќе има ново поскапување на парното, кое ќе ги погоди корисниците сред грејна сезона. Познавачите на состојбите коментираат дека се' уште е рано да се каже колку може да се зголеми цената во идната година, но не очекуваат процентот да биде мал. Трендот на постојан пораст на цената на мазутот на светските берзи, кој е основен трошок на „Топлификација“, и прогнозите за нови рекорди кога станува збор за поскапувањето на суровата нафта само одат во прилог на ваквите очекувања.

- Нема излез од оваа криза, посебно во сегашните услови кога граѓаните имаат мал избор. Гасот како поевтина алтернатива засега е недостапен. Струјата воопшто не е паметен избор затоа што сигурно ќе поскапи ако се зголеми потрошувачката, а проблем е и тоа што електропреносната мрежа не ќе може да издржи толкав напон - објаснуваат енергетичарите. Регулаторите го правдаат големото поскапување со повисоките цени на мазутот и на природниот гас, кои во последните шест месеци се зголемиле за 48,5, односно за 19,9 отсто. Големо влијание врз новата цена има и трошокот на „Топлификација“ од тоа што треба да им врати пари на граѓаните за незаконско зголемените цени во сметките за јануари и февруари. Скопјани се изненадени од високиот процент на поскапување, пред се' поради тоа што поскапувањето на суровините не е толку големо. Регулаторите објаснуваат дека процентот се пресметува според сложена формула, во која не влегуваат само цените на природниот гас и на мазутот, туку и многу други фактори како количеството испорачана енергија, амортизација, загуби во мрежата, приходи на претпријатието и слично. И покрај сите зголемени расходи, според проценките на Регулаторната комисија, „Топлификација-Скопје“ и „Скопје-Север“ годинава ќе ја завршат со добивка во работењето.
Даница Тунтевска


Како што се вели во Библијата ако ти удрат шлаканица, немој да враќаш туку сврти го и дригиот образ... Е уште не сме го преболеле ни првиот шамар, ете ти најава и за втор, некаде во Декември...
Ама гледам некако слабо интерес за темава....не е достојна за нашето внимание. ОК, можеби во Декември ќе биде...:tapp:
 
Па дали се нормални?

Нема што да се размислува. Се откажува парното и ќе се грееш на електрични греалки. Нормално, ќе се надеваме дека нема да биде толку ладна зимата, па ќе преживееме со што помалку струја. Во секој случај, ќе се исплатеше повеќе, ама...

...И струјата поскапува за 50%? :nesvest:
 
Добра вест: Не се греам на парно.

Лоша вест: Греење на дрва, и така е поскапо...
 
Добра вест: Не се греам на парно.

Лоша вест: Греење на дрва, и така е поскапо...

Imam EFTINI..."pistolji" za ednokratna upotreba, za epten siromasnite "manual" za davenje vo kofa :).....so voda, so fekalii bi bilo epten mazohisticki....
 
Да Госпо, се има. :wink:

Башка јас рпактикувам други алтернативни активности за загревање...

Тоа смао на депресивните скандинавци и германи нуди им го пошто тука само луд се самоубива :)
 
моите планираат да ги исклучат парното си имам печка на плин и ќе купам уште 2 радиатори на струја и ќе се греам
 
моите планираат да ги исклучат парното си имам печка на плин и ќе купам уште 2 радиатори на струја и ќе се греам
и моите...60% не се малце...
 
Да Госпо, се има. :wink:

Башка јас рпактикувам други алтернативни активности за загревање...

Тоа смао на депресивните скандинавци и германи нуди им го пошто тука само луд се самоубива :)

gledam pazar...zatoa doagam...SE POVEKE LUDACI I POLUDENI VO MAKEDONIJA.....,
baska koga nas narod ke zacepi vo nesto VEDNAS RUSI SVETSKI REKORDI :) i vo kofa voda uspevaat da se davat..:)


... a Toplifikacija???Slusam epten im go "gree" na svoite sopstvenici??? Kolku znam deli DEBELA DIVIDENDA i ne e vo zaguba ????
 
epa kao ke zimaat alchnine od Toplifikacija tolkavi plati ko sho imaat, ne se ludi da gi snajde Evrejskana kletva"da imash , pa da nemash" oni mora toa svinjskite stomaci da si gi napunat-nivnite deca da si gi vrabotat u ista firma ko niv i da uzivaat, drugite neka smrznat koj gi onadi, ili neka si izgradat be iglo, potoplo e taka

samo dok ima ovci za strizenje ke ima i volna za dzemperi(eve im reklama na Toplifikacija) moroni pohlepni na chelo so vladata sho dozvolue beda na edna strana a lakomost na druga toa vi e vistinata i zatoa ke poskapi parnoto najvishe posho oni se slozni i edinstveni, lugeto neka se smrznat-nie nashata plata ne na namalueme-ko da se zeneti za rabotnoto mesto- a site se hohstapleri i idat na tezga da stlelaat podstanici za parica exxta-prava stoka nema sho slika i prilika na MK opstestvo sea:nenene:
 
Некој некого е.. во здрав мозок?

Топлификација користи гас, а ја одредува цената на парното според нафтата


D05423FA401A044CB6133D42AAD26DE8.jpg

Регулаторите и „Топлификација“ тврдат дека одлуката на Уставниот суд сега треба парично да ја надоместат граѓаните
Снежана Калабакова

Нејасни се математиките и калкулациите и на Регулаторната комисија и на „Топлификација“ како може да се бара и одобри зголемување на цената на топлинската енергија за 60 проценти со оправдување дека цената на нафтата драстично се зголемила, кога 80 отсто од системот на претпријатието функционира на гас. Само топланата „Запад“ работи на мазут, кој пак претставува само 23 отсто од вкупните трошоци на претпријатието.

Зошто на „Топлификација“ и' се важни цените на нафтата, кога единствено треба да и' биде важна цената на гасот. Во третиот квартал од годинава со последната одлука на Регулаторната комисија за енергетика од 11 јули тој чини 19,7 денари на кубен метар. Во претходниот квартал имал малку повисока - 22,6 денари на кубен метар, за разлика од цената пред тоа која била еднаква на 17 денари.

Скокот од 17 на 22,6 денари во текот на првите трите месеци од годинава е единственото поскапување на гасот, кое тогаш претставуваше зголемување за само 14,4 отсто, што значи дека сега со цена од 19,7 денари тој дури е и поевтин.

Од „Топлификација“ објаснуваат дека цената на гасот се формира од шестмесечната цена на нафтените деривати. И од „Топлификација“ и од Регулаторната комисија се едногласни дека укинувањето на одлуката на Уставниот суд што Регулаторната комисија ја донесе во февруари за поскапување на парното, а ретроактивно важеше од јануари, битно влијаела на скокот на процентот на поскапување на парното.

„Основа за толкав скок на цената на парното беше скокот на нафтата кој започна во јануари и траеше во првото шестмесечје, кога направивме и најголеми трошоци. Гасот мора да го платиме 15 дена по испораката, инаку Русија ќе го затвори вентилот. Укинувањето на одлуката од Уставниот суд беше дополнителен удар за претпријатието. Регулаторот мораше да го спаси претпријатието од колапс и да ги пресмета загубите поради кои не можеше да ја затвориме фискалната година“, велат од „Топлификација“, но не објаснуваат зошто во цената на парното ја калкулираат нафтата, а најмногу користат земјен гас.

Оттаму додаваат дека Уставниот суд не го интересирала економската логика, туку правната основа. Некој, велат, ќе морал, во случајов државата, да ги покрие загубите од 1,5 милиони евра, што претставувало можеби само една половина од вкупните трошоци на претпријатието.

Регулаторот се решил исплатата на загубите да оди преку џебот на народот.

„Поскапувањето на парното ќе беше со многу помал процент ако Уставниот суд не ја укинеше одлуката од февруари. Цените на нафтените деривати во првите месеци од годинава драстично пораснаа и тие имаат важна улога во формирањето на цената на гасот која се прави според одредена формула. Во неа со 35 отсто влегува цената на мазутот М1 и М2, додека со 30 отсто влегуваат и просечните цени на дизел-горивото“, вели Влатко Гаврилов, член на Регулаторната комисија.

За обичниот човек ова се математики кои не може да ги сфати. Но, и без нив е јасно дека ако зголемувањето на цената на гасот била само 14,4 отсто парното тешко може да поскапи за 60 проценти. Време е да се разгледаат формулите според кои се пресметува цената на парното. Тоа е исклучително чувствителна област за да може целиот товар да се стави врз одлуката на Уставниот суд.

И од Регулаторната комисија велат дека наместо новата цена за која била донесена одлука за поскапување на парното од јануари се вратила старата цена од 23,8 денари за квадратен метар станбена површина со што на „Топлификација“ морале да и' се надоместат загубите што настанале со укинувањето на одлуката на Уставниот суд.
 
Сите кои живеат во згради треба да се организираат и еднократно да инвестираат во сопствено парно, и како што собираат пари за чистачка и за заедничка струја да се собира пари и за заедничко парно. Ќе ги чини тројно поефтино грејната сезона. Еден котел во заедничките простории на зградата (подрум или слично) и пушташ по цевки.

А гомнарите од Топлификација да дојдат и да си ја извадат цела инсталација.

Ете конкретно решение.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom