Паричник на улица

  • Креатор на темата Креатор на темата Tonchie
  • Време на започнување Време на започнување
Еднаш најдов паричник внатре имаше 6000 денари, кондом, лична карта и си ги земав парите и кондомот а паричникот си го оставив на истото место каде што го најдов.

не ти се дава 100 ден ..за кондом мрш
 
Ауу поштена нација сме биле бе, да не ти се верува.
Не сум изгубил до сега паричник ама ако ја имам таа среќа да изгубам ќе се помолам да го најде некој од вас поштените.:D
Шала на страна, од македончето не очекувам ништо да ми врати.

На татко ми му дрпнаа новчаник со 300 евра и со документи од кола, во сред село каде што секој со секој се знае, само што се одалечил на 50 метра од колата. И сега јас ако најдам паричник треба да го враќам? Искрено ме заболе курот, ако е на некој близок секако би го вратил, а да се замарам, да го барам по адреса и да одам кај него дома, нема шанси.
 
Еднаш најдов паричник во дворот на средното училиште кај мене во маало, и внатре имаше слика од жена.. Среќум носев ќеса со мене, го пикнав внатре и го однесов дома. И, (колку е мало Скопје :)), мама ја позна жената од сликата, испадна дека на времето работела со неа во казино, а знаеше и сега каде работи па отидовме да и го вратиме.
Рече дека ќе ме части две топки сладолед и веќе 4 години ми ги должи :(
 
Еднаш најдов паричник во дворот на средното училиште кај мене во маало, и внатре имаше слика од жена.. Среќум носев ќеса со мене, го пикнав внатре и го однесов дома. И, (колку е мало Скопје :)), мама ја позна жената од сликата, испадна дека на времето работела со неа во казино, а знаеше и сега каде работи па отидовме да и го вратиме.
Рече дека ќе ме части две топки сладолед и веќе 4 години ми ги должи :(

:vozbud::vozbud:никогаш не им верувај на жените = правило 1 ..инаку знам оти си женско ама сепак така е :P
 
:vozbud::vozbud:никогаш не им верувај на жените = правило 1 ..инаку знам оти си женско ама сепак така е :P
Абе ааајде нема смисла, 15 денари е топка сладолед :(
 
а колку пари имаше у паричников :D?
Имаше само некои бугарски пари, остатокот го собрале.. После тоа и приказната ја слушнав, жената работи во цвеќара близу школото и дошле некои девојки што учеле таму, и као една се распрашувала за цвеќиња, другите две-три го собрале новчаникот и гитла..
 
Два пати имам најдено паричник во дворот... среќа што беше мојот. Поголема среќа е шо не го најде некој друг пред мене, пошто речиси се е во него: лична карта, возачка, картички, кеш... Не е толку за кешот, од 1000-че ретко кога имам појќе во мене (се е на картичка) ама муабетот е уште толку би дал (секој, не само јас) да не се малтретирам по шалтери за реиздавање на изгубените документи.

Инаку, ми се нема случено да најдам паричник, ама затоа имам налетано на пари онака паднати на сред улица, 10 души ги пречекоруваат и на крај јас си ги земам :)
 
Јас си најдов еднаш паричник на улица, си го земав. Имаше внатре околу 800 денари, немаше никакви документи за идентификација, само пари. Нормално, си ги прибрав (: Го почастив некое 100че другарот шо беше со мене и другото си го потрошив за себе :) Ако најдам некогаш паричник со пари и документи внатре... Мислам дека само паричникот со документите ќе ги пратам назад, по пошта :) У карма и слични ствари не верувам, така да... Кој си го најде негово си е :D
 
Новчаник само со пари - зиам.
Новчаник со документи и пари - враќам. Без разлика колку пари има во него.
 
Еднаш најдовме со другарите пред кафаната во која бевме кога си одевме од таму, имаше околу 1 000 денари во него,
сакавме да ги земаме парите и да го оставиме, ама некако грижа на совест не фати и влеговме внатре и го најдовме сопственикот и го дадовме.....и незнам зошто ама чуството беше добро :D
 
Имам неколку пати најдено пари загинати кои нормално си ги истрошив, пошто не се “потпишани“ дека се од некој па да им ги вратам , а со паричници, во скопје се дешавало тоа најпоќе.
Идам за на работа јас успан и само по пат се мислам дали да земам за јадење нешто или цигари, и пред мене се испрчи еден наполнет новчаник. Го зедов, и го отворам по пат глеам документи, кредитна картица, ливче од спортска, лична карта возачка итн, внатре банкнота од 500 евра и 2-3000 денари имаше. Ја цел пресреќен и не знам веќе шо да праам го напикав во најдлабокиот џеб паричников и кулирам сеа со париве шо ќе праам и се осеќам како би било мене да ми загинат парите и ми дојде некое лошо чуство као да сум напраел нешто неубо, и после работа, такси и правец кај типот. По адресата лесно успеав да го најдам и ѕвонам излегува еден со изнервиран сурат на него, и ми вика: Кажи? И го прашувам фино културно вие сте Лазар овој јас сум... денеска поминавте низ карпош 3-ка? И овој зачудено поминав зошто? И му кажувам, дали ти недостика нешто во џебот и овој: Па изгубив денес новчаник и ме гледа зачудено, му кажувам го најдов вак и вака еве го со се документи целосно паричникот освен шо истрошив 300 денари за такси цигари и еден сок :) и типот среќен ме гушка ме собра кај него и ме частеше кафе и добив бакшиш 1000 денари од него и ден денеска си живееме добро и коа идам скопје се дешава да си играме “гости“ поради доброто пријателство што го стекнавме.

И после ова случка сфатив дека некогаш парите ќе дојдат од небо, но исто и ќе заминат, ама вистинско пријателство и добриот гест никогаш не се заборава.

Е сеа друга случка со паричник, наоѓам втакси паричник приближно 15 000 денари а може да имаше и повеќе и сеа нормално ќутам и слегувам дома во паричников ниту лична карта ниту никаков документ туку само сим картичка. И ја ставам на моб сим картичката, гледам во именик броеви и имаше еден “дома“ пишано, и зазвонав на него, здраво здраво ова она, дали денес некој се возеше од вас во такси 15 95 и типов не ми вика не се возевме, зошто? Онака велам информативно и почна да пцуе и ми го спушти телефонот. Е реков пиздати материн и ја скинав картичката и парите ги истрошив за секакви глупости, пошто случајни пари случајно ќе си заминат :)

И трета случка со паричник, исто така на одмор во улцин црна гора. Одиме на плажа и пред плажата паричник задебелен и тоа добро. Јас не го забележав ама девојка ми го забележа и го грабна и заминуваме директно во првиот кафич и јас во ве-цето го отворам внатре полн беше пари и по личната карта видов оти е на некој од улцињ само овој пат не одев да го барам туку случајно ме најде, седевме ние надвор и поминува постар човек и прашува дали сме виделе паричник изгубен полн документи итн, и јас станав фино лепо му го дадов до цент како што си беше и типот среќен и весел си замина со паричникот и ни бакшиш ми остави ниту ништо само едно “Хвала“ и тоа беше се :)


ама среќен г'з си бил ти ... добри пари
 
Летоска на одмор најдов паричник на паркингот пред хотелот, внатре документи од млад браќен пар и над 1000 евра во него, се подразмислив дали да го оставам само со документите а парите да ги зеам, ама кога подобро размислив шо ќе ми се тие пари кога некој дошол тука да се одмори и со пот ги заработил(дечкото работи на бензиска 12 часа, а девојката сеуште учи), и кога отидов на рецепција да прашам да не престојуваат тука, се воспостави дека ми биле соседи. Кога отидов да им го дадам паричникот, не беа тука заминале да пријават, кога дојдоа и кога им ја соопштив веста целите во радост беа и останатите 3 дена што престојував ми беа на нивна сметка.
Подобро да имам чиста совест, отколку да ме гризе цел живот.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom