Здраво пак. Пишав за папагалите во претходен пост. Веќе помина пола месец како ги имам. Човек кој што одгледува папагали ги погледна и потврди дека се машко и женско иако немаат боја на ноздри како при возрасни папагали.
Е сега, на неколку работи сакам да се задржам и да добијам совет, бидејќи тигрици немам чувано во последните 10 години туку кога сум бил мал.
1. Гледам дека многу пиштат, да не речам гракање и скокаат низ кафез. Знам дека така гракаа кога одамна кога имав ќе ги фатев за опаш против нивна волја. Не поминува ден без да се степаат и женското прво почнува и многу е по гласна.
2. После тепачката, машкото ја каса по глава, ја шиша гали што знам што и прави. Па се дешава со клунови да се спојат, да се гушкаат. Оваа женската гледам дека се бутка под него, ама тој ја одбегнува.
3. Многу се диви. Додуша машкото поише. Веќе излегуваат од кафез и заедно летаат, не даваат да им се доближиш. Машкото бега кога ќе пружам рака дури и од 10 метри , а женското не се додека не ја пипнеш.
4. Дали на пролет можам да очекувам од нив пилиња? Знам дека треба посебни услови, поголем кафез итн. Сега се во кафез колку стандардните но со проширен покрив, исто како Gjoko-mkd што има постирано. Имам гнездо што виси, налик овие
само секако вештачко и се врзува за покривот и виси во кафезот. После парењето, колку време ќе и треба на женката да снесе јајца ?
Еве ги, едвај ги сликав, од далечина зумирано, стојат на кафезот на нимфата што ја имам многу долго. Да не спомнувам колку се нервира од папагаливе мали што во однос на неа се џуџиња.