Папагали (општи дискусии)

  • Креатор на темата Креатор на темата mRnO
  • Време на започнување Време на започнување
Греота папагалов, му ја врзале ногата со синџир :(

:')
Па сеа тоа е,коа не сакаш да ризикуваш 700 евра за кои си дал,да ти одлетаат буквално:unsure:[DOUBLEPOST=1467574368][/DOUBLEPOST]Теил апдејт: :gjavol: ===> :angel:

Од кога го земав на 23 мај,тотално 180 степени слика.Се качува на тренинг стапче,од стапче на рака и си праиме скали качување и ајде доле,доле се симнува.Започна да Ми јаде од рака.:ROFLMAO:Но иронија да е,уште има навика агресивно да ми ги напаѓа прстите коа ќе му подадам.Почна да ми дава да го чешкам по главчето,но уште каса,лом прстите ми се:D

Еве слики

IMG_20160618_192959.jpg IMG_20160618_193026.jpg IMG_20160628_211243.jpg IMG_20160628_211308.jpg IMG_20160629_145001.jpg
 
Последно уредено:
Веќе осум месеци чувам папагал тигрица.И се си беше во ред, си играше на лулашка си пееше си леташе одвреме навреме кога ќе го пуштев низ соба.Се до пред неколку дена.Значи буквално само на дното од кафез седи, не пее и не може ни да оди ни да лета.Ако му се доближиш пишти и се плаши.А гледам и пердувите кај вратот му се накострешени и му паѓаат. Јаде по малку просо и јајца и по малку водичка пие ама ослабен е се гледа.Давајте совети што да му правам и што да му давам.На ветеринар не ми се носи пошто оној што го имаме е повеќе за домашни животни и чисто се сомневам дека ќе може нешто повеќе да ми каже.
 
Па сега кога си го враќм филмот, жештините јаки коа беа ми текнува дека ќе направев промаја низ дома и ќе излезевме надвор. Па ваљда и од тоа му е. Ама само така нема никако да му помине. Он кутриот настинт е ама работата е шо да му давам да пие да јаде, нешто антибиотик некаков или не знам што. Ми рече една пријателка да му ставам парацетамол во поилката четвртина ама страв ми е да не направам уште поголема беља. Инаку му ставам по една до две капки витамин ц. Страв ми е да не стане уште полошо ако го оставам така сам да си се опоравува без антибиотик.

Sent from my E2105 using Tapatalk
 
Веќе осум месеци чувам папагал тигрица.И се си беше во ред, си играше на лулашка си пееше си леташе одвреме навреме кога ќе го пуштев низ соба.Се до пред неколку дена.Значи буквално само на дното од кафез седи, не пее и не може ни да оди ни да лета.Ако му се доближиш пишти и се плаши.А гледам и пердувите кај вратот му се накострешени и му паѓаат. Јаде по малку просо и јајца и по малку водичка пие ама ослабен е се гледа.Давајте совети што да му правам и што да му давам.На ветеринар не ми се носи пошто оној што го имаме е повеќе за домашни животни и чисто се сомневам дека ќе може нешто повеќе да ми каже.
Колку е стар? Ако е старо папагалче обично вака прават пред да умрат, мене првата нимфа исто ми правеше пред да умре.
А може е и болен, брзо на ветеринар.
 
Не е стар младо папагалче е нема ни една година. Инаку се јавував на ветеринарот прее и ми рече парацетамол четвртина да му стаам у поилката. И тој ми рече дека е можно да е настинат затоа што беше изложен на промаја. Му дадов пред пола саат па ќе видам што ќе биде. Се надевам ќе се опорави и ќе живне пак.

Епа добро, направи така.
Али немој никако да го оставаш на промаја, сонце и ветер. Никако, премногу се нежни и осетливи. Ја мојов го изнесувам на тераса околу 6-7 кога ќе залади да се издува малце и извика, никако пред тоа, премногу е жешко. Го внесувам околу 11 и го пуштам пак да беснее пуштен пошто има проблем да биде затворен. :D
 
Ја прв пат со папагалче и сега со жештиниве коа фатија ќе отворев прозер и не ми ни паднало на памет дека ме да настине. Ајде се надевам дека ќе се опорави па ќе си знам отсега натаму

Sent from my E2105 using Tapatalk
 
Промајата е најлошата работа за еден папагал. Многу се нежни на промаја. јас на времето кога чував тигрици, на валва работа им давав сосила неколку зрна ацетисал(тогаш немаше парацетамол) и после тоа нормално вода. Ако можиш да му измешаш во водата и да ја пие е најдобро. Не би требало да има никаква мака од парацетамол.
 
Му ставив во водата пред околу саат време па сега ќе чекам да видам дали ќе се опорави малку. Се надевам од парацетамолот и од витаминот ц ќе живне малку. За во иднина ќе си знам

Sent from my E2105 using Tapatalk
 
Веќе осум месеци чувам папагал тигрица.И се си беше во ред, си играше на лулашка си пееше си леташе одвреме навреме кога ќе го пуштев низ соба.Се до пред неколку дена.Значи буквално само на дното од кафез седи, не пее и не може ни да оди ни да лета.Ако му се доближиш пишти и се плаши.А гледам и пердувите кај вратот му се накострешени и му паѓаат. Јаде по малку просо и јајца и по малку водичка пие ама ослабен е се гледа.Давајте совети што да му правам и што да му давам.На ветеринар не ми се носи пошто оној што го имаме е повеќе за домашни животни и чисто се сомневам дека ќе може нешто повеќе да ми каже.
Не сакам да ти правам паники и да те натажувам, но памтам дека мојот папагал пред да умре постојано седеше, мижеше, не јадеше, ама буквално ништо, како цело време да спиеше. Исто така и почнаа градите/бапката да му се оголува, т.е. во тој предел почнаа пердувите да му паѓаат. Но се надевам дека истата ситуација нема да биде и со твојот. И не го оставај на ладно, папагалите сакаат топло.

Што се однесува до давање лекови на папагали сето тоа некако ми е чудно. Мојот папагал еднаш кога беше болен му дадовме четвртинка Аналгин по препорака на ветеринарот Пет Вет (според мене најлош и најнепрофесионален ветеринар) и за малку папагалот ќе ми умреше, дури и пена низ клунот почна да му тече. Најдобро однеси го на ветеринар, нека го видат на лице место. Ако живееш во Скопје однеси го во Автокоманда, кај доктор Марин или кај доктор Диме (мислам дека така се викаше тој ветеринар).
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom