Папагали (општи дискусии)

  • Креатор на темата Креатор на темата mRnO
  • Време на започнување Време на започнување
Здраво на сите. Планирам да земам папагалче на кое кафезот би му бил сместен во собата каде што спијам. Затоа во поглед на пеење и галама, дали е возможно да биде тивко кога е темно или би му го покривал кафезот, или пак тоа не помага?
 
јас го покривам со крпа и тогаш папагалот ќути. а и кога предремувам попладне, како да има сенс и воопшто не испушта звук. ама кога ќе се разбудам и кога ќе го земам далјинското враце почнува пеколот.

повеќе е до како ќе го издресираш. немој само розе колинс да земиш, тие не се смируваат со ништо
 
Здраво на сите. Планирам да земам папагалче на кое кафезот би му бил сместен во собата каде што спијам. Затоа во поглед на пеење и галама, дали е возможно да биде тивко кога е темно или би му го покривал кафезот, или пак тоа не помага?

Сега ќе немаш проблем, ама затоа на лето кога се разденува во 5 сабајле ќе му ја мислиш :icon_mrgr:. Тогаш не помага ниту крпа на кафезот да му ставиш.
 
Најверојатно зависи и од папагалчето. Моето кога ќе се раздени почнува да зборува и е тивок, а кога ќе почнат да зборат моите во дневна тогаш почнува да се дере. :)
 
Здраво на сите. Планирам да земам папагалче на кое кафезот би му бил сместен во собата каде што спијам. Затоа во поглед на пеење и галама, дали е возможно да биде тивко кога е темно или би му го покривал кафезот, или пак тоа не помага?

Зависи од него.
Кафезот на моето е на метро од мојот кревет, светло е доста насабајле али глас не пушта додека не види дека станувам јас од кревет.
 
Здраво на сите. Планирам да земам папагалче на кое кафезот би му бил сместен во собата каде што спијам. Затоа во поглед на пеење и галама, дали е возможно да биде тивко кога е темно или би му го покривал кафезот, или пак тоа не помага?
Зависи каков папагал сакаш да земеш, секој папагал е различен, како и луѓето.
 
Зависи каков папагал сакаш да земеш, секој папагал е различен, како и луѓето.
Тигрица. Според тоа што читав за нијанса потивки од другите а тоа ми е пресудно моментално. Сакам мал Александар ама немам услови моментално, за жал..
 
Тигриците имаат една мана-живеат пократко од другите(околу 7 или малку повеќе години), па разделбите со милениците не се така радосни......затоа јас зедов птица што живее малку повеќе
 
Тигрица. Според тоа што читав за нијанса потивки од другите а тоа ми е пресудно моментално. Сакам мал Александар ама немам услови моментално, за жал..
Незнам за кои услови мислиш, освен ако се финансиски зошто е поскап и поголем кафез би ти бил потребен. А инаку сум чувал тигрици а од скоро имам мал александар и можам да ти кажам дека има разлика.
 
Дали знаете продавници за папагали околу центар,карпош?Како се движи цена на нимфа и нивната храна?Има ли некои поегзотични до 50 евра?Препораки за други врсти ?
 
Порано имапе една продавница во Дебар Маало, кога одиш од Влада нагоре 2-3 улица надесно во подрум од лева страна. Уште една имаше во близина на грчка амбасада, се влегува од кај постојката на Партизанска. Сега како е-незнам пошто баајѓи години неживеам У Скопје
 
Y8PsMQZ.png




Дали знаете продавници за папагали околу центар,карпош?Како се движи цена на нимфа и нивната храна?Има ли некои поегзотични до 50 евра?Препораки за други врсти ?
До 50 евра земи си Розенколис или Нимфа. Ако не ти е проблем див папагал можеш да земеш и див мал александар за 4000-5000ден. Разгледај убаво на гугл за врстите на папагали, колку живеат, колкави кафези им требаат, колку галама прават..оти сите овие информации нема да ти ги кажат или ќе те излажат у пет шоп за да ти го продадат папагалот. Јас те советувам прво убаво да изгуглаш "What parrot should I get" "Should I get a parrot", гуглај Cockatiel ако зимаш нимфа итн и после да купиш од приватна одгледувачница, не од пет шоп. И пет шопот и приватната одгледувачница ќе те лажат, ама во приватната е поевтино оти не плаќаат данок и слични работи :)
 
Розеколинс ислучиво ако сакаш темпераментна птица. И обавезно да земаш од спротивен пол од тебе иначе ќе те каса.

И козицава што ја имам мене ме каса иако или му давам јадење или му го отворам вратничето за да го пуштам, ама пак со клунот отворен за да каса,што не е случај со сопругата или ќерката
 
Имам 2 тигрици , ги имам скоро 3 години, планирам да земам уште 2 па да ве прашам пред да барам по пет шоповиве некој од форумов да не одгледува и продава??,,
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom