Папагали (општи дискусии)

  • Креатор на темата Креатор на темата mRnO
  • Време на започнување Време на започнување
Ова моево папагалче како привезок е со мене. Се осеќам како капетан Кука, цело време ми стои на рамо, без разлика во која соба сум или што правам. И ептен се опушти, два месеци е скоро кај мене, и кај сите доаѓа на раце, рамо или глава, не поднесува да е затворено во кафез и нон стоп бара да е во друштво. Од мерак да го чуваш.
Иначе научи два збора од што сум прилично изненаден. Изненаден сум затоа што сум чувал нимфи две и тоа долго време и ниту една не знаеше ниту еден збор, а додуша ни ја не се трудев да ги научам. Ова дали дека е малечко уште и научи да кажува „пиле“ затоа што сите го викаме така генерално ама си го научи и името „Џои“ само што место Џ вика Ѓ, Ѓои. :D И многу ми е интересен ќе земе пример, и ќе се дере неконтролирано и во различно темпо „пиле пиле пиле“ и така две три минути, жив циркус. Ѓои поретко го кажува ама го имам снимано исто, сигурно му е уште у фаза на вежбање :D
 
Браво,штом се приврзало со луѓе нема да имаш мака. Единствено проблем можи да биди ако папагалот се направи `ѓубре` па да не ве остава на раат и да бара целото внимание да му го пружите нему. Исто се како и децата-ако им пуштиш премногу слобода ,ќе ти се качат на глава.

ПС.Нимфа имаше,така?
 
Браво,штом се приврзало со луѓе нема да имаш мака. Единствено проблем можи да биди ако папагалот се направи `ѓубре` па да не ве остава на раат и да бара целото внимание да му го пружите нему. Исто се како и децата-ако им пуштиш премногу слобода ,ќе ти се качат на глава.

ПС.Нимфа имаше,така?
Dada nimfa, masko.[emoji1]
 
Ај и јас да споделам нешто во врска со моево, таман 5 месеци веќе го чувам. Ѕвер е. Вистински ѕвер :D Еднаш и претходно пишав, не можеш ништо да оставиш одма го грицка. Ѓубре ли е, чоколадо ли е, леб или било што а го начека одма се закачува. Па затоа сите дома пазиме нешто да не оставиме откриено. Или кога со нешто си игра ако пробаш да му го земеш одма те напаѓа. Исто како на куче кога пробуваш да му ја земеш коската. Со мене многу се гали, а сите други ги гриза. Во последно време и со дечко ми почна да се гали ама пак знае да го гризне од време на време. Обожава да му зборувам и он да ми застане до уста и да дреме. Некогаш дури и му пеам "Нани, нани Пики" и ги затвара очите и заспива хахахахх :D
Со зборење си растура, прво научи Пики и Мики да вика, Мики ни е комшискиот папагал и се дружеа и овој само оди и вика Пики Мики. Кај си бе, што правиш, Срце, срценце, Пикачу. Знае да ми застане на рамо и да рече баци баци и да испушти звук ко за бацување :D Некогаш кога си игра слушам дека зборува ама дали не кажува правилни зборови не знам ама така брзо ќе изнакаже и ништо не го разбирам.
Многу ми е интересен кога пијам вода од чаша, он ќе ми застане на рамо и се пружа по чашата ја фаќа со клунот и ја влече накај него. Јас ќе му свртам и ќе му наместам и ќе си се напие малце водичка, па јас една голтка овој пак ја влече и пак ќе му дадам да се напие. И така додека не си отиде.
Сега зашто затопли нема смисла да ја затварам вратата од тераса и сите да ги гушам дома заради папагалов и си нарачав врата со мрежа, вчера ја наместив и сега ми е супер. Само страв ми е уште да не отиде да се бапне во вратата и да излезе. Гревче тоа не дека ќе сака да избега, туку ако излезе нема да знае да се врати. Ама ме теши тоа дека дури некогаш кога вратата за накај ходник е отворена ќе дојде до врата и се враќа, како да не сака да излезе од дневнава, ваљда дека овој простор го знае и сега се надевам дека воопшто нема ни да пробува да лета накај терасата.

Многу си го сакам Пики, моето бебенце си е он :D
 
:place:
Најблиско нешто од ова вашево што добивам од папагалкава е кога и правам со устата ц-ц-ц си го сфаќа тоа ко да и викам да јаде,прави со клунот исто ко мене и се симнува кај храната. Да ја погалам дава само во кафез ..толку за 6 месеци:place:
 
Па добро де, зависи до папагалче не сите се исти, моите претходни две нимфи не збореа, овој збори, т.е два збора ама сепак интересен е. Претпоследната нимфа ми даваше да ја фаќам со раце и галам и гњавам, овој не, ама сам си доаѓа, се зависи до папагалчето, такво ти се погодило.
 
:place:
Најблиско нешто од ова вашево што добивам од папагалкава е кога и правам со устата ц-ц-ц си го сфаќа тоа ко да и викам да јаде,прави со клунот исто ко мене и се симнува кај храната. Да ја погалам дава само во кафез ..толку за 6 месеци:place:

Ааа нема шанси и јас да го пипнам, кога ќе му ја доближам раката одма бега. Се гали во смисла ќе ми застане на рамо и ми збори и со клунчето ме удира и вика баци баци, некогаш и до уста ми доаѓа и со клунчето пак ме удира како да ме бацува. Иначе да го допрам нема шанси. :)
 
Видете пробајте за вратчето да ги галите, обожаваат таму да ги пипкаш. Можете слободно и да ги разбушавите по главата, нема да ви се тргнат :).
Тргнете со прстот кон нивните обравчиња, и полека бушавете го низ вратчето
 
Моето па на главче ич не сака, на меше и по крилцата нежно само ..и некогаш на обравчиња одма грицка си игра ваљда така
 
k6UyBjh.jpg

Го зедов пред околу 8-9 месеци, штета само што вчера ми кидна...:(
Секое сабајле трештеше од црекање околу 6 часот, првин воошто не сакаше да излегува надвор, но последниот месец не можевме да го прибериме. Ама за несреќа воошто не беше питомо.. Како да воошто да неќеше човечка рака, штом му пуштиш веднаш почнува да бега и црека, а доколку му се приближам само со главата си немавме проблеми :) Ама жално, вчера само што ми кидна низ кафез....:place::place::place::yid:
 
Имав бел го сменив со овој синиот. И направив и куќичка од кутија, а они и двете ми биле женски. :pos:

ace.jpg
 
Ко ќе почнат да се тепаат сега, ќе видиш што беља се, брзо менувај за машко иначе ќе летаат предуви. Максимум еден месец без инцидент им давам :D

Иначе Дачиа, сочуство до тебе, знам како е.:(
 
Видете пробајте за вратчето да ги галите, обожаваат таму да ги пипкаш. Можете слободно и да ги разбушавите по главата, нема да ви се тргнат :).
Тргнете со прстот кон нивните обравчиња, и полека бушавете го низ вратчето

Моето многу го сака ова. На почеток не знаев како да го погалам, прво на стомачето пробав, па не се тргаше, па кај обравчињата почнав и не ми беше баш јасно дали го сака тоа зашто се надувуваше и само го вртеше вратчето. :D Али изгледа стварно го сака, си ужива да не речам, и по десетина минути дава да го галиш по глава и вратче. До пред некое време нејќеше на крилцата само, али се навикна и таму.

CAM01729.jpg

Али секое папагалче е различно. Еве моето нема проблеми со галење, али многу ретко излегува од кафез, ептен си е приврзан за него изгледа. За некој збор да каже, нема шанса секако. Му имам сецкано ситно и јаболче, и морков, нејќе ништо да јаде освен тоа неговото.
И многу е мирно. Ако не ни ги слушне гласовите, погласно да збориме, или музика да се пушти, ко да го нема во собата. Ретко почнува само да си црцори.
 
Ова сум јас со моето дете во золошката каде без никаков проблем какаду-то папагалот си дојде и се местеше да го чешкам.

Иначе папагалот бил донација од некоја г-ѓа од Скопје која неможела повеќе да го чува пагагалот бидејќи и го уништил станот-од регали до све останато:pos:

 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom