H
HoT IcE
Гостин
Ова моево папагалче како привезок е со мене. Се осеќам како капетан Кука, цело време ми стои на рамо, без разлика во која соба сум или што правам. И ептен се опушти, два месеци е скоро кај мене, и кај сите доаѓа на раце, рамо или глава, не поднесува да е затворено во кафез и нон стоп бара да е во друштво. Од мерак да го чуваш.
Иначе научи два збора од што сум прилично изненаден. Изненаден сум затоа што сум чувал нимфи две и тоа долго време и ниту една не знаеше ниту еден збор, а додуша ни ја не се трудев да ги научам. Ова дали дека е малечко уште и научи да кажува „пиле“ затоа што сите го викаме така генерално ама си го научи и името „Џои“ само што место Џ вика Ѓ, Ѓои.
И многу ми е интересен ќе земе пример, и ќе се дере неконтролирано и во различно темпо „пиле пиле пиле“ и така две три минути, жив циркус. Ѓои поретко го кажува ама го имам снимано исто, сигурно му е уште у фаза на вежбање 