K
Kacar
Гостин
Ти благодарам. Ве изнамачив со прашањава.Јас сум од Кичево, а тука нема такво нешто. Знам еден во Прилеп ми се фалеше дека бил голем ``производител`` на птици. Има дуќан и кај бензиската на Макпетрол кај кружниот тек и во старата чаршија
Инаку еве ги моиве. Со зуум од далеку, бидејќи не смееш да се приближиш. Имавме опасна ситуација прееска. Пријатели на гости доаѓаа и требаше кафезот да го ставам во друга соба бидејќи пријТЕЛКА ужасно се плаши од птици. беа пуштени 3-4 саати и не влегоа во кафез, као хеликоптери летаа над мене. Го земав кафезот и зелената веднаш влезе внатре. Мажјакот се измачив ептен. Давам кафез, бега. Оставам кафез блиску до него бега. Ја пуштам женката пак да видам заедно дали ќе влезат, оваа влезе овој пак си стои. Пробав изгасив струја да го фатам со крпче, пишти крешти и лета у темница се мава ќе се испокрши. Го фатив на сета мака ме фати за прст ме штипна толку силно и тоа на место кое што ми е зацелено од повреда, ќе се смочав. И со една крпа го мавнав и туп внатре у плакар и вратата ја подбутнав, бидејќи гостите дојдоа. Го земав кафезот со женката и го однесов у др соба. Овој беше мирен, си велам дека на темно, а не кажав ниту на цимерот ми. И си седиме така, доаѓа цимрот отвара плакар и оп излетува, пријателкава почна да хистеризира, папагалов се исплаши од толку многу луѓе се залета у прозор БААААм па пак БААААМ па се крева лета несконцентрирано БАААм од лустер и падна у Саксија. Го земав, едвај стоеше на рака, избезумен. Си викам, што му е на овој дивјак. Го пипам го галам, само дишеше брзо и ги раствори крилјата. Го однесов у кафезот. Откако си отидоа, ги донесов и гледам све си е во ред. Ги пуштив да летаат да видам како е што све е у ред. Од памет ме извади
