Папагали (општи дискусии)

  • Креатор на темата Креатор на темата mRnO
  • Време на започнување Време на започнување
Супер се папагалчината, зеленото е женско, но кафезот некако е мал за два папагали

Можда да е мал. Не знам. Мислам не им е тоа проблем пошто кај мене имаат голема слобода. Машкиот само за јадење влегува во кафезот. Ама сега љубоморен е и седи цело време внатре. Бележи територија. Еве баш сега се ческаат и љубуваат, ама прееска се скасаа малку заради тоа што малава јадеше надвор и тој не сакаше да и дозволи да јаде. Се сместија некако двајцата на нишалката ама беа лути два саати. Ако нека види копилево дека не е центар на свет. До сега не му се случило сам да оди во кафез. сега трча ко попарен. Здравје понатака ќе им земам поголем кафез. Сега сакам да направам DIY играчки.

И друга работа го бендисав александарот во пет шопот. Многу беше интересен. Пусто скап е инаку одма го земам.[DOUBLEPOST=1460305509][/DOUBLEPOST]
Zelenoto bi trebalo da e zhensko?

sent from the moon

Да. Мала е уште ама многу помила од дивјаков и попитома. Цело време го задира и го гали. :D
 
На малиов веќе му е топло, а дома кај мене е 24-25 степени. Што ќе биде со него на 40 :D
 
папагалите кога им е жешко ги шират крилата и го отвараат клунот. така полесно се ладат
 
Зедов младо пиле мислеќи дека ќе се приврзе за мене. Тоа се приврза за дивјакот! Полудена е по него. Нему ми беше интересно првите денови ама оваа не го остава да дише. Цело време го бара до нејзе. Машко ко машко си сака приватниост :D. Сега ги одвоив малку. Тој пее од радост. во година дена како го имам не пеел олку севкупно. Таа побудале во кафез од нервоза почна да ги откачува хранилките.Сега пробува да скрши метален кафез да излезе. УПМ мрднати пилиња. Машкиов едиствено и се лутеше за нишалката. И ја колваше па морав да направам поголема. Сега мислам дека им е голема пошто машкиов сака да седи до пластичињата.
 
Не може да се приврзе за тебе ако има и друго пиле..за да се приврзе за тебе мора само ти да и си друштво..
 
Сабајлево забележав дека машкиов ја храни неа. Си подаваат зрнца со клунчињата. Многу интересно. Можно е да е затоа што таа е уште млада или некоја љубовна игра е во прашање?
 
Сабајлево забележав дека машкиов ја храни неа. Си подаваат зрнца со клунчињата. Многу интересно. Можно е да е затоа што таа е уште млада или некоја љубовна игра е во прашање?
Игра игра..со игра почнува..направи им nest box и чекај малецки..сипина коска обавезно и храна богата со витамини
 
Игра игра..со игра почнува..направи им nest box и чекај малецки..сипина коска обавезно и храна богата со витамини
Мајката има неколку месеци не знам баш дали е спремна за парење. Да почекам до есен или да им направам nest box сега?
 
Мајката има неколку месеци не знам баш дали е спремна за парење. Да почекам до есен или да им направам nest box сега?
Треба барем 9 месеци да има..инаку нема да ги гледа ако е многу млада..почекај до есен
 
Дајте малце да заживее темата,од 20 април нема пост.Дајте нови феШн слики од птиците.:roker:
 
Стварно, во овие времиња, наместо енергијата да ја усмеруваме на вакви теми, ние тупуме нешто што само не прави нерасположени.

Мојот папагал стана премногу ``дрчен`` и нема шанса да се јади нешто дома а тој да не се придружи одма. Неподнослив е ако не е капан, се капи секоја ден, но тие моменти пред капење не се поднесува. само нешто цивка, му фали нешто.....се додека не подји кај садот со вода. најлошо е кога некогаш толку самиот си станува неподнослив, што му треба помош да се насочи на капењето. Како вон себе да е.

И да, секој папагал сака во секое време нешто да работи со клунот:pos:

26215646824_0576438acd_b.jpg

26727385782_3090f7f669_b.jpg
 
Што сорта ти е, розенколис?
 
uploadfromtaptalk1462400542578.jpg
Едвај излезе сам, ама само кога е кај мене во соба, кога е во дневна нема шанси да излезе. Веке 4 месеци поминаа, а некако слабо интеракција, како слеп за стап бега во кафез кога ќе го извадам надвор
 
Какарики или по наши козица. А за тие`` поновите`` еве ќе го препостирам видеото од неговото секојдневно капење. Научен е да се капи во овој сад, и несака да се капи во друг. Пробав му го сменив за исти таков ама поголем , и несака

Шема ти е, ептен! Мојава дур дојде до капење, ќе ми побеле косата. .. п.с. колку ти е стар папагалот?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom