Памет - Добрина

  • Креатор на темата Креатор на темата Vanish
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
11 септември 2007
Мислења
188
Поени од реакции
10
Знаете некако во последно време, се почесто наидувам на луѓе коишто се со пониска интелегенција од просечната, но се најдобрите луѓе што ги имам сретнато. Дали тоа што се смотани значи дека немаат покварен ум? Дали ниската интелегенција не им дозволува да бидат расипани? Не ми е јасно... Една комшивка секогаш вика: Ти си премногу добар, затоа си глупав и сите те користат. Има вистина во ова?
 
Да, има. Факт е дека колку си подобар со луѓето и колку повеќе се обидуваш да им угодиш тие повеќе те користат. Самото тоа што ти сакаш да им угодиш на сите, те прави глупав за оние кои се околу тебе. Кога ќе разберат каков си тогаш ќе почнат со претерување во своите желби и нема да престанат. Затоа и излегува дека си добар, а глупав и сите те користат. :jaj:
Иако ти само сакаш на некој било каков начин да им помогнеш, твоето опкружување го сфаќа тоа како искористување. Искрено и не се далеку од вистината. Ќе сфатиш, можеби подоцна, ама па битно е дека ќе разбереш.
 
Знаете некако во последно време, се почесто наидувам на луѓе коишто се со пониска интелегенција од просечната, но се најдобрите луѓе што ги имам сретнато. Дали тоа што се смотани значи дека немаат покварен ум? Дали ниската интелегенција не им дозволува да бидат расипани? Не ми е јасно... Една комшивка секогаш вика: Ти си премногу добар, затоа си глупав и сите те користат. Има вистина во ова?

Комшивката сигурно не мислела на тоа, дека ти ако си добар и ако сакаш да им удоволиш на сите, дека тоа те прави понеинтелигентен од другите.
Јас знам еден многу интелигентен човек (сигурна сум дека е многу интелигентен бидејќи е дел од моето секојдневие и знам како размислува, а размислува на најдобар можен начин верувајте), а сепак е толку добар по душа. Многу работи, многу корисни работи имам научено од него, можам да кажам дека и многу сум попаметна откако сум во негово друштво :pipi: сеа да не се фалам мислам немој да ме сфатите погрешно.
Значи од моето дружење со него и од заедничко искуство јас сум сфатила дека колку си подобар со луѓето колку и повеќе сакаш да им угодиш тие толку повеќе те искористуваат заради твојата добрина.Но, тоа во никој случај не те прави понеинтелигентен туку те прави глуп затоа што сакаш да им помагаш на луѓето, а за возврат добиваш “нож у грб“ шо се вели. Јас од мое лично искуство сум сфатила дека на денешницава ако сакаш да успееш мораш да бидеш груб без разлика дали си интелигентен или не.Сепак тие поинтелигентите луѓе бидејќи се поинтелигентни можат да најдат подобар начин за да успеат за разлика од другите.

Заклучок од сево ова: Мораш да бидеш груб за да успееш.
Во спротивно, ако си добар и ако удоволуваш на кого стигнеш не добиваш ништо само ќе те “плукаат“ ( со исклучоци не се сите толку лоши. Но, сепак тие луѓе се многу ретки,барем во мојата околина )заборавајќи дека ти си тој што им помогнал.
 
Не се оптеретувај со вакви споредби и мерења...
Глупавоста на паметниот ум да биде покварен, кога тогаш му се враќа на секого....
 
точно е дека ако си добар сите ќе го искористат тоа и на крај ќе испаднеш глупав затоа што си го дозволил тоа....................НО ТОА НЕМА НИКАКВА ВРСКА СО ИНТЕЛИГЕНЦИЈАТА!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!........луѓето отсекогаш биле такви и ќе бидат само поинтелигентните луѓе веројатно би биле повеќе претпазливи и помалку наивни во односот кон другите луѓе.........но и ако се добри и на тој начин бидат искористени тоа нема да го намали коефициентот на нивната интелигенција.............хехехех.....таа -глупавост- не е таква во вистинска смисла на зборот.......................
 
Од кога добрината станала мерка за интелигенција?
 
Од тoгаш кога крокодилот почна да лета :pipi:
 
Mislam deka do dusata na covekot e ima mn dobri luge so ne sakaat da se raspravaat i ednostavno pogoltnuvaat si molcat samo da se se vo kavga tie luge bas gi pravat deka se glupavi,no ne se-nemaat dusa za kavgi !!!
 
Ти си премногу добар, затоа си глупав и сите те користат
Оваа реченица не значи дека си глуп во смисол на ниска интелегенција и глупав човек, туку дека е премногу добар, наивен и не знае како да стави граница за да не дозволи да го користат. Апсолутно не се согласувам дека глупавите луѓе се паметни, не мора да значи, и не значи дека ако некој е премногу добар дека е глуп. Само наивен. А тоа нема врска со интелегенцијата.
 
Оваа реченица не значи дека си глуп во смисол на ниска интелегенција и глупав човек, туку дека е човек премногу добар, наивен и не знае како да се стави граница за да не дозволи да го користат. Апсолутно не се согласувам дека глупавите луѓе се паметни, не мора да значи, и не значи дека ако некој е премногу добар дека е глуп. Само наивен. А тоа нема врска со интелегенцијата.

токму така а!

Знаете некако во последно време, се почесто наидувам на луѓе коишто се со пониска интелегенција од просечната, но се најдобрите луѓе што ги имам сретнато. Дали тоа што се смотани значи дека немаат покварен ум? Дали ниската интелегенција не им дозволува да бидат расипани? Не ми е јасно... Една комшивка секогаш вика: Ти си премногу добар, затоа си глупав и сите те користат. Има вистина во ова?

хмм....а кој стручен нив ги тестирал и докажал дека се со пониска интелигенција?

всушност глупи луѓе нема тоа е факт, сите се интелигени а фондот на знаења кој еден човек ги поседува зависи од неговата амбициозност/ ангажираност!

добрината им врска со душата на човекот а не со паметот!
 
Сакаш да кажиш дека тие што се добри се со подпросечна интелегенција?:uvo:
Нема врска, можеш да си добар,ама да знаеш како да се снајдеш и да не потпаѓаш под ничие влијание и да не дозволуваш да манипулираат со тебе.
Добар е оној кој знае да помогне на вистински начин,а не да изиграва поттрчко.
Добрината не е поврзана со интелегенцијата и глупавоста.
Ако дозволиш да манипулираат со тебе,тоа не значи дека си добар..

и да, според мене нема вистина во ова шо го кажа
 
Јас мислам дека колку повеќе си добар со луѓето толку повеќе "те газат под нозе".
Тоа е факт!
Немора да значи дека ако немаш интелигенција не си добар или обратно
 
Јас сум паметен колку што сум добар ич :toe:
 
Јас мислам дека колку повеќе си добар со луѓето толку повеќе "те газат под нозе".
Тоа е факт!
Немора да значи дека ако немаш интелигенција не си добар или обратно

Зависи од човекот,иако се ретки луѓето кои знаат да ценат кога си добар со нив,сепак ги има.
Се согласувам дека добрината нема никаква врска со интелигенцијата,бидејки знам многу паметни луѓе а се многу добри на карактер,а и многу попрости луѓе кои се злобни,а и обратно.
Секакви ги има:):)
 
не озбилно мислам дека има многу добри луѓе кои ги користат некои лоши но поинтегентни!
Имам другарка! Добра е како лепче! Шо да ви кажам! Секого го сака, секого го почитува, на неа ако треба нека и е лошо ама на другите добро! Порано у средно моогу ја користеа! за све и свашта! Ова она све нејзе ја викаа! Но коа почна да се дружи со мене и со другарка ми кои вооопшто не сме покварени т.е. сме мноогу паметни ова не е ласкање туку кажувам дека многу ретко може некој да не заебе! И ако подпаднеме под некој веднаш знаеме да вратиме на ист начин! Едноставно такви сме! И она коа почна да се дружи со нас малце стана по самоуверена и почна да им се спртивставува! Се сложувам дека ако немаш интелегенција не значи дека не си добар или ако имаш интелегенција си лош! Но мислам дека само интелегенција не чини нити пак само добрина не чини!
Во средина! Од двете по малце!:salut:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom