„Пајканска“?

  • Креатор на темата Креатор на темата TpH_Bo_OkO
  • Време на започнување Време на започнување

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
879
Локација
Дома
Веб-сајт
www.trn.blog.mk
Сите знаеме како се прави, сите сме ја правеле...

Туку, од кај овој термин?? Што е неговото значење? Пајканска? Од Пајкан? Пајкан - цајкан? Зошто??
 
Ради тоа лудото вртење со нивните коли по филмовите.
 
Претпоставувам според начинот на кој полициската кола ја застанува бараната кола.
 
Сите знаеме како се прави, сите сме ја правеле...
Си ја праел со кола? Или со точак? Пошо темава во автомобилизам е отворена, па малку чудно е она сите сме ја правеле...

Туку, од кај овој термин?? Што е неговото значење? Пајканска? Од Пајкан? Пајкан - цајкан? Зошто??
Порано, нашите генерации ко немаа Fast and furious така си го нарекува... сега веќе дрифт го викаат, и тоа е тоа...
 
Знам дека Џиш ќе ме брише,ама имам јас со точак направено 360 степени круг,и незнам само кој сили ме држеа да не паднам од точакот.
 
Јас стварно неам појма која е играва :)

Ние можда поинаку ја викаме xD
Која игра жити мене, ме пресмеа хахахах
Дрифт ама ама цајканска е кочење а не само зафрлање на задницата лево или десно... кочење пред некого или во последен момент ... сигурно е извадено од америчките филмови оти никако да сватам како би изгледала цајканска со фичовци зошто тоа возеле до пред да излезат стоеденки и лади :D
 
Со велосипед контраш залетан педалита на назад и пајканса.Колку поголем залет толку поголема пајканска.На кал нанапред нагло вртење на педалите и дрифт а ако има некој некој непожелен позади???Мераци!!!Од глава до пети целиот со кал,Па после Fast&Furios низ населба.
http://www.youtube.com/watch?v=2E14GN2_zNE
 
Знам дека Џиш ќе ме брише,ама имам јас со точак направено 360 степени круг,и незнам само кој сили ме држеа да не паднам од точакот.
Не ве бришам бе... во случајов и точак се брои (барем според мене) пошо после вториот обид имало случка... за памтење. Штета што поуката траеше дури траеше болката на коленото... после од почеток пак :)
 
Не ве бришам бе... во случајов и точак се брои (барем според мене) пошо после вториот обид имало случка... за памтење. Штета што поуката траеше дури траеше болката на коленото... после од почеток пак :)
Ај сеа да не кријам,при втор обид на исто место за иста тристаишееска,завршив со крвави лакти,колена,лице :D :D
 
сигурно е извадено од америчките филмови
Дефинитивно... Луди Макс, кој го има гледано, знае :)

никако да сватам како би изгледала цајканска со фичовци зошто тоа возеле до пред да излезат стоеденки и лади :D
Пред да имаат фичо, имаа фиат 1300 како милициско возило... тек потоа се префрлија на 101. Лада (освен Нива), никогаш се нема појавено како возило на милицијата во СФРЈ. Во тоа време во Македонија (60-тите и 70-тите) колите по градовите се броеа на прсти, па немаше потреба милицијата некој да го брка во стилот на американските филмови.
 
Не беше така бе.
Залетан,на малку песоклива подлога,т.е бекатон плочки,и малку пеок,колку да направи беља,стискам задна,вртам точак на лево,ја на земја,точак на кај фаца,ама среќа го шутнав точакот да не ме лупне у фаца,иначе немаше да пишувам тука :D :D :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom