Падови

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.040
Поени од реакции
29.632
Не се бројат падовите и кревањата - станувањата во животот... Исто како и поразите и победите. Ама само доколку си научил да го живееш мигот во сета негова полнота, со сите немири и спокои, доживелици и преживелици, сомневања и надевања.​
Секој пад не доаѓа по устрем, по растење, по воздигнување. Може да се паѓа и никогаш да не се падне на дното. Не само зашто е тој на крајот од животот, туку и поради превисоко летање.​

Рекле за падот:​

Ако сме паднале, сме биле наклонети на пад.
Бранко Миљковиќ​

​
Од сите урнатини на светот, човековата е најтешко да се гледа.
Теофил Готје​

​
Никој не гледа во блескаво Сонце. Сите тоа го прават кога Сонцето заоѓа.
Балтазар Моралес о Грацијан​

​
Оние кои невешто паѓаат на голомразица, не треба да ја обвинуваат голомразицата, туку својата невештина.
Артур Рубинштајн​

​
Луѓето сакаат да зборуваат за падот и понижувањето на оние кои ќе се издигнат премногу високо и ќе полетаат.
Иво Андриќ​

​
Не се радувај на падот на твојот непријател, но немој да му помогнеш да се крене.
Еврејска изрека​

​
Премногу брзото воздигнување е почеток на пад.
Индиска пословица​

​
Немој да се спушташ кога друг паѓа.
Еврејска изрека​

​
Не е срамота да се падне, срамота е да не се стане.
Пословица на повеќе балкански народи​

Сте паднале ниско? Болеше...? Вашиот најголем пад у животот?Се издигнавте ко феникс...? Вие сте на ред...​
 
сум паѓал,сум паѓал многу пати,ама после секој пад станувам,не се откажувам.
,,Posle svakog pada ustajem, nikad ne odustajem, jaci postajem, do kraja ostajem``
 
можеш двете теми во една да ги ставиш..
Пост кој сум го напишал некаде пред три четири години на кајгана
мислам дека термините "пад" и "губи" се во тесна врска и може да важи мислењево.
"- NikolaRjk
кајгана на око
регистриран:jan 2008
малку офтопик вовед
Терминот "губи" ,губитник ,лузер,failer..постои само во психата на човекот.Кога човек нема да успее во нешто често почнува да тоне и си вика јас сум губитник.. и тоа станува дел од него.Му паѓа нивото на вредност.Единствен начин да го елиминираш тоа е да го споредиш со цената што си ја платил за лекцијата што си ја научил.И ќе сфатиш дека тоа што си го научил од падот е непроценливо,и позитивна работа.
Ако си личност со тврдо Ч и карактер со висока вредност,никогаш нема да ја префрлаш вината и одговорноста за себе и се што се случува околу тебе на други.Тоа е само знак на лоу статус..
Има два типа на добитници,уинери.. еден тип е да победиш за наградата, да го постигнеш тоа што го сакаш , за тоа што си се натпреварувал , а другиот тип е да ги победиш само другите,да направиш другите да изгубат.
Спореди го напредокот само со себеси, не глеј да бидеш подобар од другиот или да се радуваш што тој е послаб од тебе.Туку глеј да постигнеш нешто повеќе од тоа што си бил.Глеј да направиш прогрес во нештото.Сум бил послаб сега одам .. напред итн..
Зборот ми беше никогаш не губиш ништо!
продолжи .. секогаш си во добивка и учиш нешто ново.
како што спомнав тоа постои само во нашата глава .
Падот е успех ако научиш од него "
10 август 2009

линк за ова :
http://forum.kajgana.com/showthread.php?p=2807158#post2807158
 
Си мислам колку добро ова теоретски звучи. Паѓаш, стануваш, се тресеш од правта и продолжуваш. Зарем е толку лесно а? Знам дека после секој пад( голем) сум бил сломен, али најгадни падови ми се оние кај шо сум немоќен и кај шо нишо не можам да направам. Времето ми е бил сојузник секогаш ( барем засега) . Времето нуди можности да се амортизираат падовите, да се заборават, дури можат да те доведе у состојба да поверуваш дека никогаш и не си паднал поради моменталниот успех. Да, за да застанеш на свои нозе треба време дефинитивно.
 
Паѓаш, стануваш, се тресеш од правта и продолжуваш.
Може да продолжиш да одиш нормално, а може и да накривнуваш- зависи како си паднал. Ама како и да си паднал сепак ќе те боли, паѓање си е паѓање.

Како и да е, не е срамота да паднеш, срамота е да паднеш и да не пробаш да станеш.
 
Никој не гледа во блескаво Сонце. Сите тоа го прават кога Сонцето заоѓа.
Балтазар Моралес о Грацијан
Мислава ми е некако најблиска до моите реакции на моите ситуации, и покажува колку човекот е субјективен во различни ситуации и нестабилен во своите ставови, а особено па кога е паднат, а тоа па укажува колку емоциите се помоќни од рациото и колку е тешко уствари да оствариш целосна контрола над самиот себе.

Не се радувај на падот на твојот непријател, но немој да му помогнеш да се крене.
Еврејска изрека

Немој да се спушташ кога друг паѓа.
Еврејска изрека

Не е срамота да се падне, срамота е да не се стане.
Пословица на повеќе балкански народи

Која разлика во менталитети

Инаку во последно време некако само накај паѓање ми иде па може да се каже во речиси се, така да до мене ќе да е :)
Оние кои невешто паѓаат на голомразица, не треба да ја обвинуваат голомразицата, туку својата невештина.
Артур Рубинштајн
 
Back
На врв Bottom