Падни-стани преродба на Никола Груевски

  • Креатор на темата Креатор на темата dzonyb
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Падни-стани преродба на Никола Груевски


Едно објективно екстерно оценување на изведбата на Владата би покажало дека ветувањето за преродба во сто чекори, за три години се уситни во илјада получекорчиња, во непродуктивни потскокнувања, во многу тргни- застани акции и промашувања




По три години преродба на државата, непристрасен набљудувач може да констатира дека иако населението речиси стоотстотно сака зачленување во ЕУ, не постои политичка волја за прифаќање и спроведување на т.н. европски норми и стандарди. Нивната „имплементација“, оживотворување оди бавно, со големи пречки, отворени опструкции. Најголемите противници на преобразбата на Македонија во европска држава се најгласните заговорници на европеизацијата. Што би рекол лидерот на СДСМ, оние кои најмногу говорат за ЕУ, всушност се најголемите противници на реформирањето на Македонија во функционална правна држава.

И Фершпед-штерјовото востание и последната анкета на Транспаренси интернешнел која буквално ги шашардиса првоборците на антиреформизмот, всушност е непогрешлив индикатор за тоа каде се тесните грла во реформскиот сообраќај. Според тоа, големата поддршка на актуелната влада се должи на забележаните од народот напори за длабоки системски промени, а ниските оценки за некои важни државни институции се должат на слабите реформски резултати во конкретни подрачја. Освен за Слаѓана Тасева, за остатокот на македонското општество нема ништо нелогично ни контрадикторно во „збунувачките“ одговори на анкетираните граѓани.

Големо мнозинство од народот го бендисува начинот на кој работи Владата. Тој е различен од се што низ долгата транзиција имавме можност да доживееме. Една реално млада и политички анонимна екипа без педигре, а со многу елан се впушти во опасна авантура да ја пренесе временски Македонија од 16 во 21 век. Нормално, неискусните политички натуршчици, изминативе три години покажаа дека не биле до крај свесни за цврстината на антиреформските тврдини кои една по една треба да ги освојуваат. Оттаму, почетниот елан во повеќе сфери се претвора во траума, но, за разлика од порано, ние веќе немаме ни трпение ни разбирање за поразите на Владата во остварувањето на ветените реформи. Едно објективно екстерно оценување на изведбата на Владата би покажало дека ветувањето за преродба во сто чекори, за три години се уситни во илјада получекорчиња, во непродуктивни потскокнувања, во многу тргни-застани акции и промашувања заради што се јавува недоумица дали и првиот реформски ешалон на владејачката номенклатура им се придружи на гласните опоненти заради комоција и личен интерес, дали се појави малодушност или и оваа власт е жртва на сопствените персонални ограничувања.
Со компјутеризацијата прескокнавме векови
Во изминативе три години можевме да регистрираме навистина огромни реформски исчекори чиј краен ефект сепак го подјадуваат тешки утки и грешки.

Во ци-ви-то на оваа Влада како најдлабок најдалекосежен реформски зафат може да се смета воведувањето на задолжителното образование, дисперзијата на високото образование и компјутеризацијата. Дури и ништо друго да не му успее во овој мандат на Груевски, само овој чекор од седум милји е доволен за да влезе во историјата на големите реформатори. Нормално, ако неговиот ангажман во политиката е инспириран првенствено од личен мотив. Жалиме за оние за кои воведувањето на информатичката технологија, прво во основните и средните училишта, а потоа и во забиеното и безживотно македонско село, значи „измешани приоритети“ или лудо трошење на народни пари. Секој што во листата на приоритети го става прво кенефот, а после „компјутер за баба Цана“ едноставно не разбира дека одржливоста на Македонија е сврзана со брзото прескокнување на векови. Ако чекаме изградба на патната и другата инфраструктура, потоа изградба на училишта, па репродукциски бум за тие да оживеат, па информатички образовани учители за потоа, логично, комуникациски да го умрежиме селото, како нација вечно ќе трчаме по последните вагони на сенекои композиции. Значи, останува непобитен фактот дека од информатичка дупка, за само три години, Македонија стана држава која речиси целосно е вмрежена. Предничи дури и споредена со државите во ЕУ особено по бесплатниот интернет кој е достапен во секое кафуле и курсевите за компјутерско описменување на населението.

Но, образовните реформи, постојано наоѓаат на пречки. Тимот на Груевски организациски-стратегиски и тактички лесно потфрла на локални делници, нешто заради лошиот квалитет на кадрите од средниот владин ешалон, нешто заради партиските политики во кои личниот интерес се меша со партиската книшка. Имено, Министерството за образование потфрли во законските проекти како што е екстерното тестирање и борбата со корупцијата во образованието на сите нивоа. Без тие две реформи целиот труд околу иднината на државата е залуден. Оваа Влада досега не успеа да изгради и стратегија за ревитализација на науката. Таа си остана сосема маргинализирана, а во услови на светска криза, дополнително е шутната, со изговор за штедење „народни пари“. Без инјектирање на сериозни средства и технологија во овој сектор, џабе се сите општествени реформи на долг рок.

Реформирањето на земјоделството за државава е од витално значење и стратегиски и практично. Стратегиски, зашто храната заедно со енергенсите и водата се приоритети за секоја држава. А практично, зашто Македонија има население кое е доминантно земјоделско. Направените реформи во тој сектор се само добар почеток или повеќе најава на надеж и зголемени очекувања. Сé уште не се исполнија ветувањата за поорганизиран извоз, за подобар квалитет, за формирање на агроберзата, за изградба на откупни центри. Едноставно, не е доволно да субвенционирате или да предвидувате повеќе буџетски средства за одржување на постојното аграрно ниво. Многу поважно е да го оспособите земјоделецот да „фаќа риба“ наместо да го гази и истура своето производство за кое не обезбедил пласман. Матичното министерство не успеа досега да го „реформира“ начинот на наводнување ниту изгради стратегија за зголемување на употребливиот земјишен фонд. Производството на храна за Македонија би требало да биде основа за развој и како таква во центарот на сите реформи, а ете, не е.

Заглибија здравствените реформи
Еден од најдалекосежните реформски зафати секако е преобразбата на здравствениот систем. Тие успешно се најавија, а се реализираа само во сегменти во здравствениот систем. Реформите во Фондот за здравство и Бирото за лекови, покажаа дека народот во Македонија со децении бил третиран како крава молзница. Безобразно скапите лекарства и никаквите по квалитет здравствени услуги за кои плаќаме преку здравственото осигурување, со децении биле извор на неверојатни профити на неколкумина одбрани и нивните спонзор центри. Денот кога стартуваше усогласениот ценовник за лекарствата е една од ретките светли дати на Македонија. Успешното менаџирање со здравствениот денар во Фондот за здравство, пак, покажува дека ако домаќински се управувало, Македонија денес ќе имаше солидно јавно здравство и технолошки стандардизирани здравствени установи.

Благодарение на апатичната политика на Владата, зачинета со секакви отпори заради интерес, постои реална опасност овие реформи да доживеат неуспех. Министерството за здравство, колку и да е важно за одржување на коалицијата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, веќе не смее да се занимава само со партиско-профитерските интереси наспроти јавниот интерес. Законите за одземање на лиценци на лекарите заради корупција или несовесност, за конфискација на имотот што е стекнат со шашми, тешко дека оваа Влада ќе може да ги протурка со темпото со кое напредува. Недозволиво бавно оди процедурата за тендери за медицинска опрема. Фондот уште лани издвои 40 милиони евра за таква намена, а Владата киксира на тендерите. Клиничкиот центар и по три години изгледа како да е подигнат во Прва светска војна, а примарното здравство како да им е препуштено на панаѓурски јасновидци и лиценцирани пишувачи на рецепти и болнички упати. Нема ништо од стартот на специјализацијата по семејна медицина. Камерите за екстерно оценување на поведението на медицинскиот персонал се уште не профункционирале. Ги нема и хасап стандардите во болниците.
Рекордери во невработеност
Едно од најголемите потфрлања на Владата во изминатите три години е нереформирањето на администрацијата. Македонија ќе излезе од транзицијата преродена во оној момент кога еден граѓанин ќе успее да застане пред шалтер, исправен, а од другата страна ќе го пречека љубезен службеник кој е длабоко свесен дека, без оглед чиј партиски војник е, пред него е оној што му обезбедува плата и, ќе му заврши работа - чисто, брзо, делотворно. Сé додека власта не ги реформира своите подрачни служби така што ќе ги построи и своите и туѓите партиски војници за да бидат свесни дека ќе летаат од работа за три поплаки од незадоволни граѓани, нема да биде успешна. Џабе му е реформскиот имиџ на Груевски ако на теренот ние, простосмртните и анонимните, не се огрееме од духот на реформите. Беше ветено дека Владата ќе ја проверува администрацијата преку операцијата „таен клиент“. Ова не се оствари. Иако беше ветено, се уште не дојде до хармонизација и поврзување на различните министерства и нивните служби. Мноштвото од контрадикторни прописи, од неусогласените законски решенија донесени од повеќе влади во различни периоди, го отежнуваат реформирањето на целокупниот систем и создаваат лош имиџ на државата.

Реформите во културата на сите нивоа и во сите сфери покажуваат значителен успех. Иако многумина кои од фашизоидни политички побуди сакаат Македонија да си остане европска и балканска духовна провинција, неспособна да произведе нова вредност, ги негираат пробивите на овој план, таа сепак се движи. Разбивањето на креативните монополи во творештвото, промоцијата на млади глумци, режисери, вајари, ликовни уметници, творци внесе трошка живост во нашата децениска духовна зачмаеност.

За успешноста на даночните и царински реформи немаат срце да говорат ни најострите критичари на Владата. Едноставно, таму организационо и кадровски се функционира надвор од македонските вообичаени стандарди или, државава најмногу се доближи до ЕУ преку овие две институции. Реформите во финансиската сфера и регулацијата на економските односи се специјалност на оваа Влада. Воведувањето на бруто плата е грандиозниот реформски проект кој за неколку недели ја внесе Македонија во друг век. Првичната врева брзо ќе биде заборавена како фалширање на една пропадната политичка агенда. Сепак, во оваа сфера, како што велат економските стручњаци, успехот на една влада се мери единствено преку стапката на невработеност и порастот на производството. А кај нас и едното и другото се недостижно лоши, споредбено и со државите кои потонаа во длабока рецесија. Уште нема објаснување зошто мерките за поповолен економски амбиент не се претворија во засилени вложувања, а овие пак во нови работни места. Странски инвеститори нема, ама, не вложуваат ни домашните. Владата досега беше сконцентрирана на креирање поволен инвестициски амбиент, но изгледа ќе мора да се фокусира на стимулација на креативноста и претприемачкиот дух.

Во оваа ад хок слика на досегашниот реформски учинок на Владата најтемни места остануваат во сферата на енергетиката и судството.

Македонија се уште нема стратегија за енергетскиот развој иако е земја без значајни природни ресурси. Одржувањето на енергетскиот монопол, дополнително ја прави ранлива државата и населението. Во работата на оваа Влада недостига ветената гасификација, работа на обновливите алтернативни извори, нема инвестирање во разработка и примена на технологии кои ветерот и сонцето ќе ги направат широкоисплатливи. Нема истражување и проекти за искористување на геотермалните потенцијали. Заради политички причини, сврзани со „стратегиските партнери“ останавме надвор од регионалните нафтоводи и гасоводи. Зоран Ставревски и Никола Груевски ни останаа должни за отчет во оваа сфера која јавно беше присутна само преку безбројните неуспешни тендери и кавгите со монополот ЕВН.



Продолжува....
 
Што се однесува до судството, Груевски се откажа преродбата уште на почетокот, кога го напушти планот за доведување странски обвинител. Реформите таму не се вистински можни од две причини. Прво, заради симбиозата помеѓу судијата, обвинителот и адвокатот што претставува фамилијарно јадро за развој на секоја мафија и второ, заради немањето политичка волја да се изврши лустрација по која ќе се ослободат многу работни места за нова сорта судии. Промените во законите нема да доведат до реални промени во поведението на судската фела се додека не се уништи мафијашкиот „правен“ поредок. Тоа е и основната причина зошто во борбата против корупцијата нема ефектен судски епилог и општествена катарза. Едноставно, за борба со октоподот, Груевски и неговиот тим не се соодветно оспособени.





Владата не знае дека планетава е тркалезна

Целата креативна енергија на Владата како да е сконцентрирана на спорот со името и прескокнувањето на европските технички пречки на патот до полноправно членство во ЕУ.

Груевски како традиционалист конзервативец, изгледа се уште не е убеден дека светот е тркалезен и допрва треба да разработи стратегија за откривање на неоткриени континенти. На МНР му недостига визија за воспоставување релации со државите од Африка, Азија и Латинска Америка што се основа или мнозинство во ООН. Анимацијата на овие многубројни држави и помогнаа на Србија, а сега и на Хрватска, да ги премостуваат своите проблеми со некои од соседите, односно, да излезат од лавиринтот на постојани уцени и притисоци на што главно се заснова политиката на западот.




Најава за добри проекти

- Воведувањето пензии за долгогодишните спортисти;
- Немешањето на владата во спортските сојузи и организации;
- Собирање и систематизација на податоци за ресурсите и перформансите на Македонија во обликувањето на државното си-ви;
- Изградба на социјални станови, воведување на категоријата домари, субвенции на станарините;
- Либерализација на телекомуникацискиот пазар;
- Преведување на делата на значајни светски творци;
- Здравствено осигурување за најсиромашните и невработени граѓани.




Ветено, а неостварено

- Програма за модернизација на АРМ. Средниот механизиран баталјон не е опремен со нови транспортери. Не е извршена реконструкција на секторите и Генералштабот;
- Неискористени се средствата од ИПАРД програмата за земјоделство;
- Нема стратегија за промоција на Македонија како вински регион;
- Се доцни во изградбата на инфраструктурата;
- Тендерите редовно се неуспешни;
- Нема нови автобуси за ЈСП;
- Не е реализирана надградбата на Собранието;
- Законот за лустрација не се спроведува;
- Пропадна денот за идеи на граѓаните;
- Од сите најавени економски зони, само Бунарџик функционира;
- Ништо од откупните центри;
- Нема нови студентски домови;
- Пакетот здравствени услуги што ги покрива Фондот уште не е дефиниран;
- Собрание на осигуреници се уште не е основано;
- Пропадна проектот за Сончев град.


Автор: Мирка Велиновска


http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=613931447558&id=9&setIzdanie=21711

Одлична анализа на досегашната работа на владата , добрите и лошите моменти....
Ме интересира вашето мислење во врска со работата на владата на Груевски во овие 3 години...
Што е добро , што би можело да биде подобро , каде грешат и за нивните најголеми утки???
 
- не донесување закон за ``достоинство``
- немање инцијатива за железничко поврзување со албанија и бугарија

конта како доста успешни за мене

ваучерите за комјутери за апсолвенти
музиете на револуционерната борба, и оној во градиште
субвенционирање на земјоделците за заседена површина
подршка и активно учесто во денот на дрвото
инвестициите во ``борис трајковски`` и ``филип 2``
проектот бесплатенинтернет ( мада тој мене ме скина многу :jaj:)
- тужбата за грција до хаг
 
Важно нешто работи Грујо.

Бранко што сработи?
 
- продолжување на практиката, тендери за партиски фирми, затоа и многу тендери пропаднаа.
- виртуелна борба против организираниот криминал, каде е запленетиот имот ?
- без суштински реформи во државната администрација.
- лоша надворешна политика, преголема зависност на Македонија од евроатланските интеграции.
- каде е организираната форма која Владата ја вети за помагање за остварување на правата на Македонците од Беломорска Македонија ?
- немање ДОМАШНИ инвестиции, преголем е акцентот на странските, не велам дека не треба да ги има.
 
Важно нешто работи Грујо.

Бранко што сработи?


Немој бе друже не ја упропастувај темата , а и во самиот текст погоре јацно стои:
„најдлабок најдалекосежен реформски зафат може да се смета воведувањето на задолжителното образование, дисперзијата на високото образование и компјутеризацијата. Дури и ништо друго да не му успее во овој мандат на Груевски, само овој чекор од седум милји е доволен за да влезе во историјата на големите реформатори.„

Мислам дека споредувања не се добри , поентата ми беше да го анализираме работењето на Груевски а не компарација со некој други влади...
Затоа што Груевски и неговата влада може да биде многу подобрар од поранешните влади а сеуште да биде многу лош...
Така да би сакал да не ги зимаме предходните влади како репер...туку да се концентрираме исклучиво на работата на оваа влада...
 
Немој бе друже не ја упропастувај темата , а и во самиот текст погоре јацно стои:
„најдлабок најдалекосежен реформски зафат може да се смета воведувањето на задолжителното образование, дисперзијата на високото образование и компјутеризацијата. Дури и ништо друго да не му успее во овој мандат на Груевски, само овој чекор од седум милји е доволен за да влезе во историјата на големите реформатори.„

Мислам дека споредувања не се добри , поентата ми беше да го анализираме работењето на Груевски а не компарација со некој други влади...
Затоа што Груевски и неговата влада може да биде многу подобрар од поранешните влади а сеуште да биде многу лош...
Така да би сакал да не ги зимаме предходните влади како репер...туку да се концентрираме исклучиво на работата на оваа влада...

Па и јас тоа го викам. Груевски не е добар, но е најдобар од сите останати.

Затоа СДС ќе пропадне со Бранко, најлошиот политичар на сите времиња во Македонија:toe:
 
Па и јас тоа го викам. Груевски не е добар, но е најдобар од сите останати.

Затоа СДС ќе пропадне со Бранко, најлошиот политичар на сите времиња во Македонија:toe:


Секоја споредба со поранешни влади не носи во пропаст и воопшто не е мерка за квалитет...
Затоа апелирам да се осврнеме на она што во моментов се случува во државата...Периодот кој Мекедонија го преспа е неповторно заднас и затоа секое осврнување наназад ни одзима од драгоценото време....сепак треба да гледаме нанапред...

Bla bla bla .....sredno mek stav na Mirka ..providno


Конкретно...
Мислам дека текстот е многу добар одраз на фактичката состојба...
Можеби на нас ни е чуден ваков став во кој не преовладува црно-белото гледање на ситуацијата на кој со години не научија квази новинарите...
Според мене ова е еден реален текст...
 
Секоја споредба со поранешни влади не носи во пропаст и воопшто не е мерка за квалитет...
Затоа апелирам да се осврнеме на она што во моментов се случува во државата...Периодот кој Мекедонија го преспа е неповторно заднас и затоа секое осврнување наназад ни одзима од драгоценото време....сепак треба да гледаме нанапред...




Конкретно...
Мислам дека текстот е многу добар одраз на фактичката состојба...
Можеби на нас ни е чуден ваков став во кој не преовладува црно-белото гледање на ситуацијата на кој со години не научија квази новинарите...
Според мене ова е еден реален текст...

најдлабок најдалекосежен реформски зафат може да се смета воведувањето на задолжителното образование, дисперзијата на високото образование и компјутеризацијата.

T
uka e i najgolemata laga ili nenamerna glupost na novinarkata ....ili ne ja znae relalnosta

nie momentalno imame najloso visoko obrazovanie ...odi sam prosetaj se niz fakultetite niz Makedonskite gradovi i sam ke se uveris..samo prosetaj se i vidi sam ..jas vidov

ovoj novinarski tekst e gola voda i pristrasen

 
најдлабок најдалекосежен реформски зафат може да се смета воведувањето на задолжителното образование, дисперзијата на високото образование и компјутеризацијата.

T
uka e i najgolemata laga ili nenamerna glupost na novinarkata ....ili ne ja znae relalnosta

nie momentalno imame najloso visoko obrazovanie ...odi sam prosetaj se niz fakultetite niz Makedonskite gradovi i sam ke se uveris..samo prosetaj se i vidi sam ..jas vidov

ovoj novinarski tekst e gola voda i pristrasen



Како можеш после година или две од воведувањето на факултетите низ помалите градови да очекуваш ЧУДА....

Добро е што на некој му текна да ги воведе овие дисперзивни студии и место илјадници студенти да патуват , сега патувањето се сведува на неколку професори , а да не зборувам што значи ова за помалите градови кои за време на семестрите беа буквално мртви...

Квалитетот ќе си дојде со време, како и подобрувањето на условите за студирање....

Добро е што некој го почна овој процес и за ова владата има чиста 10ка од мене па така мислам дека и овој дел на текстот одговара на фактичката ситуација...
 
Оваа влада нема капацитет за да промени нешто на подобро. Главната цел на Македонија изминативе 20 години беше Еу, Шеќеринска му ја даде Европа на тацна но сиротиот Грујо тоа го прокоцка.
 
Мора да ја вратиме некако Шекеринска, да не внесе во ЕУ и НАТО.
Ах златен СДСМ, нит реформи, ништо, државата си лебдеше, секој што побара од нас ние одма на сликање и потпишување.
Мора некако да ги вратиме, сега Бранко е таму.
 
Како можеш после година или две од воведувањето на факултетите низ помалите градови да очекуваш ЧУДА....

Добро е што на некој му текна да ги воведе овие дисперзивни студии и место илјадници студенти да патуват , сега патувањето се сведува на неколку професори , а да не зборувам што значи ова за помалите градови кои за време на семестрите беа буквално мртви...

Квалитетот ќе си дојде со време, како и подобрувањето на условите за студирање....

Добро е што некој го почна овој процес и за ова владата има чиста 10ка од мене па така мислам дека и овој дел на текстот одговара на фактичката ситуација...

kvalitet---> 0,zero,kompir
proizvod.....Makedonci so diplomi koi veza nemaat so realnosta (biolozi koi ne znaat da gledaat na eden obicen mikroskop,pravnici koi mislat deka predsedatelot ima poveke politicka mok od premierot,Ekonomisti koi mislat deka Amerikanskata ekonomija koja e pred raspad e najsovrsen ekonomski sistem na svetot,i razni sociolozi,pedagozi na koi najgolema zelba i ideal im e da se vrabotat vo opstinskoto sobranie i adminstracija) Imame i zemjodelci -pravnici, kelneri -ekonomisti, tezgarosi - pedagozi i mnooogu drugi raboti.Praksa ----NULA....implementacija na nivnoto steknato znaenje podocna vo naseto opstestvo ---NULA

so da kazam Ludnica od reforma ...samo ti sonuvaj Kultuzin:smir:
 
kvalitet---> 0,zero,kompir
proizvod.....Makedonci so diplomi koi veza nemaat so realnosta (biolozi koi ne znaat da gledaat na eden obicen mikroskop,pravnici koi mislat deka predsedatelot ima poveke politicka mok od premierot,Ekonomisti koi mislat deka Amerikanskata ekonomija koja e pred raspad e najsovrsen ekonomski sistem na svetot,i razni sociolozi,pedagozi na koi najgolema zelba i ideal im e da se vrabotat vo opstinskoto sobranie i adminstracija) Imame i zemjodelci -pravnici, kelneri -ekonomisti, tezgarosi - pedagozi i mnooogu drugi raboti.Praksa ----NULA....implementacija na nivnoto steknato znaenje podocna vo naseto opstestvo ---NULA

so da kazam Ludnica od reforma ...samo ti sonuvaj Kultuzin:smir:



Чекај чекај како можеш да зборуваш за готови производи кога факултетите едвај година дена функционират...

Овие за кои ти зборуваш се производи најповеќе на универзитетот св. Кирил и Методиј Скопје...

Не ми е јасно како можеш после една година од реформирањето и воведувањето на новите факултети веќе да зборуваш за квалитет на излезениот кадар ...

Или намерата ти е да плукаш по владата , па некогаш неможеш да се контролираш и почекаш која година па да видиме што ќе бидне со овие реформи...

Како и да е реформите се тука и тие требаше да се спроведат...и секоја чест на оваа влада што отвори факултети во помалите градови...

А сега самите Факултети ќе треба да се борат за привлекување на студенти... и квалитет на наставата и условите...
 
околу факултетиве секоја чест ...
но никој не ги контролира .. квалитетот на наставата е никаков .. ама баш никаков.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom