Оздравување од Овчарот

  • Креатор на темата Креатор на темата kat.<3
  • Време на започнување Време на започнување
K

kat.<3

Гостин
Ја поткрепува душата моја; Ме води по патот на правдата заради името свое. (Псалми 22:3)

Твојот Овчар ја знае секоја твоја потреба. Тој знае дека ќе станеш изморен во твојот аџилак со него. Тој знае дека има време кога ти треба одмор. Твојот Овчар знае точно што ти треба за да бидеш освежен. Некогаш ти треба да лежиш на бујна ливада или покрај тивок поток. Некогаш ти треба твојот Овчар да те држи во Неговите раце. Другпат ти треба да уживаш во убавините кои Овчарот ги овозможува. Овчарот нема секогаш да ти надомести на истиот начин; Неговиот одговор за тебе секогаш совршено ќе одговара на твоите сегашни потреби.

Како што Го следиш твојот Овчар ќе има пати кога твојата душа ќе стане уморна, можеби поради испитувања низ кои поминуваш или искушенија од кои се воздржуваш. Прогонувањето со кое се соочуваш или тешкотиите што ги носиш за другите можеби ќе те влечат надолу. Можеби си уморен од дисциплината која Овчарот ја донесе за тебе. Ќе има времиња во кои ќе чувствуваш дека не можеш да одиш подалеку во твојот Христијански аџилак. Твојот Овчар знае кога си дошол до тука, и тој секогаш има лек! Има многу начини на кои тој може да те направи посилен: низ Неговиот збор, преку другите, или низ твојата ситуација. Тој знае што ти треба и подобро отколку ти.[FONT=&quot]

[/FONT]Дали се измори? Дали на твојата душа и треба да биде освежена? Не пробувај да оздравиш самиот. Само Бог знае како да ја излечи и да ја поткрепи душата (Исаија. 40:28–31; Матеј. 11:28–30). Тој ќе го направи совршено, некогаш на изненадувачки начини. Замоли го да те оздрави, и тогаш биди подготвен да одговориш на она што ќе го направи следно.[FONT=&quot][/FONT]
 
Прекрасно!

Живиот БОГ (Алах, Елоах) да те награди за овие вистинити зборови.

Во Името на Јехшуах хаМешиах

АМИН +Иншалах
 
Добра приказна. Сите можни религии и секти имаат слична. Совршен начин да се оправдаат неправдите и да се воведе лажна надеж во луѓето.
 
Се гордееш со себеси, а? Мислиш дека си Бог, па се можеш.

Можам ад сторам се што може да стори секој човек и не ми треба овчар да ме носи. И да се гордеам со себесеи бидејќи не сум слабак кој чека некоја виша сила да му ги реши сите проблеми.
 
Игорче, меѓу другото што тие дарено, Пастирот на душите е тој што ти ја дава и јачината и вербата!

Дали чувствувап благодарност кон Него?
 
Добра приказна. Сите можни религии и секти имаат слична. Совршен начин да се оправдаат неправдите и да се воведе лажна надеж во луѓето.

А која е твојата вистинска надеж?

Секоја религија мора да умре за доброто на човечкиот род.

Само тогаш, како независни, ќе може да видиме што се сме си правеле еден на друг во името на мојот, твојот, неговиот... „бог“
 
Игорче, меѓу другото што тие дарено, Пастирот на душите е тој што ти ја дава и јачината и вербата!

Дали чувствувап благодарност кон Него?

Знам што е тоа што мене ми дава сила и верувај не е никаков пастир.
 
Овчарот нека ме штити од другите овци. Од Волкот, јас самиот се штитам.
 
Сите знаме што им прави овчарот на овците. :helou:
Ако си избрал да ги затвориш очите и да не гледаш, нема поради тоа Овчарот да престане да постои. И не е приказна, само вистината е, е сега ако не сакаш да слушаш...остани во лага.
 
Кој живее во лага ?

Јас или ти ,како може покрај толкав број на докази сеуште да веруваш во нешто што не може да постои ?

Толку ли си исплашен од злото и проблемите кој ги носи животот што треба да се молиш за помош на нешто што нема шанси да ти помогне ?
 
Кој живее во лага ?

Јас или ти ,како може покрај толкав број на докази сеуште да веруваш во нешто што не може да постои ?

Толку ли си исплашен од злото и проблемите кој ги носи животот што треба да се молиш за помош на нешто што нема шанси да ти помогне ?
Ми помогнал многу пати, слава на Бога :)
 
Секој овчар, говедар и сл. секогаш ама баш секогаш своето стадо го носи кон прехрамбената индустрија, да не речам кланица.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom