Охрид

  • Креатор на темата Креатор на темата slasa
  • Време на започнување Време на започнување
Абе се чудам, не викам дека немат такви катастрофи за 200-300 денари да добијаш штала со заедничка шоља (пази шоља не целосно купатило) но се чудам како успевате да наседните на таквите.. Еве јас сум од Охрид, издавам и соби (ова лето не издавав) но познавам еден куп пријатели/роднини/познаници шо издаваат соби по 300-400 денари од особа константно преку цело лето, со многу средени соби (значит ништо посебно скромно и чисто) кревет, телевизор, шкафче, маса, фрижидер, решо/рингла и нормално купатило со сите услови за лична хигиена. Едноставно малце треба да се распрашате пред да идате на одмор и да не залетвите по тие шо стојат на автобуска. Тие што работат чесно и поштено си имет муштери шо му идет сами на врата секое лето а не да се бркаме по автобуски.
 
Верувам дека е така за тоа дека тие што издаваат солиден смештај за добри пари имаат постојани клиенти и не се бркаат по автобуски
 
http://www.ohridnews.com.mk/vesti/59390

до кога вака со бркање од работа за да се примат други ... т.е. не е бркање туку им поминал договорот, и на нивно место се примени други поблиски до партијата која е сега на власт ... зошто не им се продолжил договорот на претходните? зар новите се покомпетентни од старите наставници? и после имај верба за подобро утре ...
 
демек овие не биле партиски примени
 
демек овие не биле партиски примени
мои блиски гарантирано не беа партиски примени ... ама сепак ги сменија со некој партиски ...
--- надополнето: 5 септември 2013 во 09:03 ---
демек овие не биле партиски примени
а и да биле партиски ... која е логиката (покрај тоа што оставаш фамилии на цедило) ... еве имаш фирма ... вработуваш некого како приправник ... тој работи кај тебе 2 години, стекнува искуство и оп го менуваш со некого неискусен ... тогаш фирмта напред ќе ти оди или?
 
Оваа лето слабо многу,не држеше ич ова лето,помина како за 2 дена,туристи слабо т.е. имааше не велам не полни беа плажите,ама не е то то како другите години,ајде здравје,шо е то е.
 
:pos:

ihaveidrim.jpg
 
Си викам колку ќе издржит без да фалит некој рефлектор.Или пак цело :cautious:

vlez_1.jpg

vlez3.jpg

vlez_2.jpg

vlez4.jpg
 
27 сати!Нов рекорд во некултура
Деструкција! Илуминацијата на влезот од Охрид издржа само 27 часа!

Вести | Охрид | 04.11.2013 14:01
Посети : 1786​

Се што е убаво има крај, ама во Охрид убавите работи посебно кратко траат. Последен пример, за жал, е ново уредениот влез на градот. По само 27 часа од илуминацијата на макетата на автентичната охридска куќа, украдени се лед диодите и друга инсталација.

DSCN1584.jpg

Непознат сторител ноќеска упаднал во паркот кај клучката на излезот од Охрид, го исклучил напојувањето, и украл дел од поставеното осветлување.

DSCN1594.jpg

DSCN1589.jpg

DSCN1585.jpg

На местото на настанот увид изврши полицијата, а екипи на општина Охрид работат на санација на оштетувањата.

DSCN1580.jpg

DSCN1601.jpg

DSCN1590.jpg

Во близина на уредниот парк на влезот од Охрид поставени се сигурносни камери, и постои веројатност дрскиот крадец да е “фатен“ на дело, истакнаа претставници на локалната самоуправа, кои изразија разочараност од односот на поединци кон јавните добра.

DSCN1597.jpg

DSCN1598.jpg

Како што информиравме, пред два дена на иницијатива на локалната самоуправа влезот на Охрид од Скопје беше уреден со парк, каде е поставен грб на градот со стрелка која упатува кон Охрид, како и макета на охридска куќа.

И нашиот се фати за лопата...позитивно ;)
Засадуваат околу 100 палми кои одговараат на условите од нашето поднебје.
p_2.jpg
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom