Охрид

  • Креатор на темата Креатор на темата slasa
  • Време на започнување Време на започнување
За луѓе годинава имаше али не како и лани ,барем што прам контакти со лица што чуваат шанкови на плажа или издаваат(соби ,апартмани) а плус и што гледав по чаршија ,баш паметам пред 1 месец по чаршијана ја немаше таја гужва од лани шо ја имаше на почеток од јули(ондека кај фото рекс ако лани се чекаше 10 мин да поминиш годинава слободно се поминвеше:) ). И не е само Охрид така ,Пештани,Љубаништа а и Градиште е слабо.А и незнам во кои кафиќи имате излегувано али јас секогаш слободна маса сум наоѓал.

--- надополнето ---

Можеби ќе беше подобро да не ја поправаат "Железничка", уште ненаправена 3 жртви има и тоа од една сообраќајка, од преголема брзина. :(

Според првичните информации од СВР- Охрид до несреќата дошло кога моторцикл- скутер на кој се возеле три лица ...
Уште некој да се качел посигурно ке било ....Лесна му земја на загинатиот.
 
Една молба до охриѓани, ми треба смештај за двајца за викендов (петок и сабота вечер, недела некое време би си оделе), не мора да е нешто луксузно, ама битно да е чисто. Ако знаете некој што издава соба, пишете ми на пп или на профил. Фала однапред :smir:
 
Aj некој ден да направиме кајгана фудбалска пресметка ние Охриѓани. :)
 
јас сум за, само кажете време и место.
 
и јас се пријавувам еве... ако се тука и некој од скопјанчишчава мојме да ги зејме :P
 
Да се подсобериме 10-12 души, а за локација и време е најлесно. :)
 
Да живејш во Охрид а да немаш појдено денски на плажа ... сочуствуват некој со мене ?:kesa:
 
Да живејш во Охрид а да немаш појдено денски на плажа ... сочуствуват некој со мене ?:kesa:

Двапати бев летово, еднаш без да се к’пам воопшто, неам ќеф некако. Ето ти сочувство. :D
 
Да живејш во Охрид а да немаш појдено денски на плажа ... сочуствуват некој со мене ?:kesa:

Имаш уште време ако потрајт вака сонцево, а и навечер не е лошо, езерото е тепсија.

--- надополнето ---

Да се подсобериме 10-12 души, а за локација и време е најлесно. :)

Секој ќе викнит по еден другар или двајца, не мора да сме кајганџии сите...идејава е за побрзо да ја реализираме. Ај малце поагилна иницијатива
 
Секој ќе викнит по еден другар или двајца, не мора да сме кајганџии сите...идејава е за побрзо да ја реализираме. Ај малце поагилна иницијатива

Со мене ќе идат уште двајца или тројца, земи ти 2-3-4 колку шо мојш, Фантом ако идат ќе земит, и уш некој од на форум ако идат, таман две екипи. :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom