Fortune
шодаенешчо
- Член од
- 9 мај 2005
- Мислења
- 12.493
- Поени од реакции
- 184
Има места каде кафето (пример) е поскапо за 10 денари, некаде за 20, некаде е иста цената како преку цела година. Воопшто не оправдувам што ги покачуваат цените, но од друга страна можам и да сфатам. Летната сезона се` на се` во Охрид е еден месец, па сите гледаат да фатат некоја пара повеќе.
Случката со таксистот од вчера ми се гади и мене. Типот арогантно се однесуваше, па уште на крај рече: „Ајде, слободен си!“ Секако дека ме изнервира и мене, но да бев малку поблиску кога се одвиваше целава ситуација, ќе му кажев јас убаво. Не преќутувам на такви кретени, од контакт ме вадат што дремат на паркинг цело време и се однесуваат идиотски, а зимно време се лижат за 30 денари. Е таквите луѓе создаваат сосема поинаква слика за целиот народ кој живее во Охрид. Ме нервира таквото однесување и ако ми се испонаша мене така, секако дека нема мирно да си заминам, на културен начин ќе му кажам кај му е местото. Со човек кој ти остава пари, не треба да бидеш кретен и што би рекла Дивајн како Господ за јајца да си го фатил.
Јас кај што работам не работам за себе, само сум вработена, но не можам да дозволам утре ако ме сретне некој на улица да ме помни по идиотското однесување. Муштерија е муштерија, без разлика од каде е и без разлика во кое време од годината. Нека си држат некои цени, но барем да внимаваат да не се изразуваат клошарски.
Мене, искрено, ме навредуваат коментари кои ги вклучуваат сите Охриѓани. Значи, мразам генерализирање. И да, се срамам некогаш кога ќе бидам сведок на ситуација како таа со таксистот.
Да, голем број од Охриѓаните се арогантни, но тоа не значи дека нема такви луѓе секаде на друго место во Македонија. Нема да навлегувам со коментари за случки кои сум ги имала по другите градови, не е местото тука за таква дискусија.
Само, пак ќе кажам нешто што сум рекла на една друга тема. Како само нашите туристи се жалат од граѓаните на Охрид, а странските туристи се воодушевени од народот и градот? (не е ова прашање на кое барам одговор, чисто мое размислување кое не бара реплика)