Охрид суперстар

  • Креатор на темата Креатор на темата snowkit
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
22 јули 2015
Мислења
518
Поени од реакции
265
Возраст
27
Возраста не е важна, може да се пријават од 7 до 77 години, треба само желба и талентот кој сакате да го покажете пред јавноста, порачуваат организаторите на новото талент шоу: OHRID SUPERSTAR кое треба да започне наскоро.


„Започнуваме потрага по музичари, пејачи, глумци, бендови, стенд ап комичари, водители за тв и радио проекти – односно по сите во регионот на Охрид и Струга кои имаат некој талент и сакаат истиот да го покажат. Талентот не признава граници и токму затоа, ако имате некој талент кој излегува од границите на она што ние го имаме предвидено, секако дека сакаме да го видиме и споделиме со јавноста. На овој начин сакаме да им дадеме можност на сите да се експонираат и да бидат новата Супер Ѕвезда“, додаваат организаторите.

Обезбедени се богати награди за најдобрите и тоа:

– парична награда од 2.000 евра,
– снимање на песна и видео спот со Даниел Јовески и
– старт на тв и радио проект


Сите заинтересирани ќе можат да добијат дополнителни информации и на официјалната страна на Facebook, а својот талент ќе го пријавуваат на мejл адресата: ohridsuperstar@gmail.com.
 

Attachments

  • IMG_20170125_141845.JPG
    IMG_20170125_141845.JPG
    151,5 KB · Прегледи: 15
Последно уредено:
М2 - не знам колку години опстоја. Од сите победници само Елена и Ламбе останаа долго во М2 продукција. М2 продукција пропадна Ламбе замина со други да снима песни, Елена остана со Димитров.

К- 15 аудиција - одбраа победници, снимаа дур снимаа се додека не се стави крај на сето тоа.

Македонски Идол - една сезона и се стави во заборав шоуто . Победникот држи со брат му кафанче.

На иста адреса - гураше дур гураше, најверојатно видоа нема гледаност се откажаа и од него.

Кастинг Талент шоу - еве го денес е суперфинале, продукција ефтина, не е лошо но ајде да видиме што ќе биде со финалистиве и дали ќе успеат да опстојуваат колку толку во музиката.

Не очекувам од ова ништо. Штом од овие што ги наведов талент шоуа победниците и тие што биле финалисти не се активни премногу и се снаоѓаат како умеат сами сега тогаш тури му пепел и на ова охридсково.
 
Пресреќен сум што конечно им текна на нашиве продукции да почнат да прават Македонски музички шоуа и серии. Без разлика на тоа дали ќе биде ефтино шоуво или не, подобро е да се има, отколку да се нема.

Само треба добра промоција и подобра телевизија за емитување. Пример јас прв пат слушам дека постои телевизија О2. И единствената работа што уште во старт не ми се свиѓа е тоа што шоуто е направено само за жителите од Охрид и Струга. Вевчани да правеа вакво свое шоу ќе разберев:D, ама за се останато треба да се однесува на кандидати од цела Македонија.
 
Ој сунџер , мене пак баш ми се свиџат шо е љокално.Таков период е ееееј.
Иначе ногу сакам Керим да го видам во ова и Драганче Митрески како обид за оживување на кариерата.
 
Музиката ме посеќа на Јас имам талент. Знам дека не се исти но некако ме потсеќа не знам зошто.

Иначе шоуво баш дека е само охридско нема воопшто да добие на популарност а и плус ситуацииве со политикава си го прават своето па не верувам многумина да знаат дека постои ова шоу.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom