Охрид со долгови над глава

  • Креатор на темата Креатор на темата .Lost Angel.
  • Време на започнување Време на започнување
Иако Охрид одсекогаш имал проблем со парите поради тоа што државата им товари обврски, а им ги зема парите, овој Ацко мора да каже кај се парите од паркинг?! Мислам цел Охрид се наплаќа и да ги нема парите е стварно смешно.
 
Ваков визионер ретко се раѓа,
Прво ќе ја испразни касата, потоа ќе воведува рампи за влез, а кај да е може ќе му текне да се јави со парола:
‘‘ Драги Туристи

Парите пуШЧајте ги по пошта, а вие ИЧ немора да доЈте‘‘
Поголем туристички иноватор,,,,,,здравје :vozbud:
 
Иако Охрид одсекогаш имал проблем со парите поради тоа што државата им товари обврски, а им ги зема парите, овој Ацко мора да каже кај се парите од паркинг?! Мислам цел Охрид се наплаќа и да ги нема парите е стварно смешно.

Општина Охрид ги даде централните паркинзи под концесија на една такси компанија, а дел од нив такси компанијата ги даде на друг концесионер (не знам колку е законски дозволено таква работа).
А интересно порано имам налетано на фискална од паркинг со име на фирма ЈП Охридски Комуналец...
:confused:
 
Општина Охрид ги даде централните паркинзи под концесија на една такси компанија, а дел од нив такси компанијата ги даде на друг концесионер (не знам колку е законски дозволено таква работа).
А интересно порано имам налетано на фискална од паркинг со име на фирма ЈП Охридски Комуналец...
:confused:

Лудница :)
 
Пак стружанец да ставате за градоначалник :) .... Од мерко школа е и кузнајт шо кредити имат земено xD
Мерко факултет напрај овај вашиов шо градит ?
 
Ајде сите заедноооооо......-"Наааапред Ацееее,тдм тд тм"

Браво бе Ацка бе,мамата си им ја ебал.....7 миљона....тоа пари ли се.:pos:

Ајде сеа Аце ќе не качи сите по автобуси(2 милиона народ),и ќе не помини 3,5 пати низ рампите...и ај здраво :pos:

п.с Жал ми е да го однесат у шутка,види му ја фацата каква му е наивна....просто да воздивнеш од жал.
 
Пак стружанец да ставате за градоначалник :) .... Од мерко школа е и кузнајт шо кредити имат земено xD
Мерко факултет напрај овај вашиов шо градит ?

И после Охриѓани не чинеле :pos:
--- надополнето: Nov 22, 2011 10:22 PM ---
Александар Петрески ги кани сите кајганџии на својот утрешен именден - Ден на дрвото

money-tree-704455.jpg

Ацеееее!!!

Ставот на Аце
 
Поголем дебил од Манолач во државава нема ... единствено го бива за пари во џеб да си стави , барем за тоа е махер .
 
Јас сериозно се зачудев. Сите општини, ќе сфатам да немаат.
Ама лоповскиот Охрид, тој ли да нема?

Сега ќе се солидаризираме сите, ете јас си ја повлекувам одлуката да не доѓам, и наместо кај теткица која не плаќа туристичка такса, ќе одам кај некоја што плаќа...
 
Замислете Аце бил револтиран!Од причина шо некој му рекол директно да си ја вршит работата!Тие биле на терен редовно :pos:, а проектите ќе се извршеле во зависност од остварените приходи.
Приходи од туристичка такса, издавање на јавни површини и наплата на комуналии за 2011 година = 0 денари.
Градоначалникот Петрески не ги сослуша предлозите на граѓаните
icon_at_textsize.gif
Градоначалникот, Александар Петрески вчера не ги сослуша предлозите на граѓаните за Фискалната стратегија и развојните програми на Општина Охрид за 2012 година и револтирано ја напушти Јавната расправа која беше организрана во Охридската локална самоуправа. Иако требаше да раководи со овој важен состанок, градоначалникот уште на самиот почеток, ги остави претставниците на општинските сектори, сами да се справуваат со проблематичните прашања, реакциите и молбите кои граѓаните сакаа да ги упатат до Општина Охрид.

rasprava.jpg

Причината за револтот на градоначалникот беа дел од излагањата на претставниците од неколку месни заедници, кои директно и дрско го повикаа на одговорност поради неасфалтирани улици, ненаправени канализации и други комунални проблеми.

Пред да ја напушти средбата, Петрески неколку пати ги опомена излагачите да бидат коректни во своите излагања.

- Ние постојано сме на терен и ги знаеме проблемите. Јас ќе ве молам малку покоректни да бидете во излагањата. Овој состанок е свикан за да ми кажете кои се вашите предлози за она што треба да се направи во Охрид, а другите работи што ги кажувате се излишни и мислам дека треба на друго место да ги кажете. Овде ве повикав за да ми кажете кои се вашите приоритети, кои може да ги вметнеме во програмата за догодина, им се обрати Петрески на присутните.

IMG_1192.jpg

Тој во својот воведен говор на Јавната расправата кажа дека целата постапка околу фискалната стратегија и развојните програми, општината ја води на најтранспарентен начин.

- Целосно ги почитуваме вашите предлози и забелешки , но нивната реализација ќе зависи од приходите што ќе ги оствариме. Се надеваме дека од почетокот на новата 2012 година и влегувањето на Општина Охрид во втората фаза на децентрализацијата, приходната страна ќе се зголеми и ќе реализираме поголемиот дел од предложените проекти, рече Петрески, на почетокот од расправата.

Откако градоначалникот го напушти состанокот и голем дел од присутните граѓани, во знак на револт ја напуштија салата и пред да ги соопштат своите проблеми. Оние граѓани кои останаа имаа можност да ги кажат своите предлози на раководителите на неколку сектори, кои остана да ја водат Јавната расправа.

IMG_1193.jpg

Најголемиот дел од барањата и предлозите се однесуваа на подобрување на патната инфраструктура, изградба на нови канализациони системи, решавање на разни видови комунални проблеми, изградба на дом за стари лица и спортски игралишта и отстранување на физичките препреки за лицата со хендикеп.

Освен барања и поплаки, дел од граѓаните упатија и благодарност до општинските служби, кои излегле во пресрет на нивните барања и им ги решиле долгогодишните комунални проблеми.

OhridNews​

18.12.2011 11:31​

Прочитана е : 228 пати​



© 2011 Ohridnews.com​
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom