Епа акоти е за едукативни цели тогаш клокај ја.
Јас малку да претставам мое искуство деновиве што ми се случуваше.
Сменив куќиште уште во петокот од
Cooler Master Centurion 532 во
Cooler Master CM 690 II Advanced
И кога го пуштам да видам резултати со prime и intel burn test одеа температурите и до 86 степени на јадра, а тоа се дури полоши резултати од пред тоа.
Во наредните денови мењавај пасти, мењавај вентилатори(ставај, вади) а резултати скоро никакви.
После зедов вентилатор поарен за кулерот, зошто слушам V8 немал баш некој добар вентилатор и си го зедов
Coolink SWIF2 120P.
Вентилаторов е невиден, тивок е скоро и да не се слуша на највеќе обртаи а на помалку стварно не се слуша, а airflow има невиден дури до 127 cfm.
И кога видов дека нема резултати на тоа ми се стемни.
Во меѓувреме гледам дека иако надминува процесорот 80 степени на тестови кулерот е релативно ладен.
Знам дека ладен кулер топол процесор е лошо ставен кулер или многу лоша паста, ама си викам 3 пати го мењавам се нормално правам, + не ми е првпат дури ни него да го мењавам а работел нормално.
Ама на крај решив пак да го отворам и овој пат се убаво полека да анализирам и да го разглобам до крај(v8 има 300 тракатанци и штрафчиња така да немора обично цел да се отвара).
Отворам и при отштафување едно штрафче ми се скрши а друго беше разлабавено.
Си викам сега што е работава, ама по некое време ги споив коцките дека заради тоа штрафче што било разлабавено, а јас не сум го проверил на време правело притисок на другото штрафче + самиот кулер не седел добро на процесорот.
Исто убааво на светло видов одпечаток на пастата да видам дали криво легал и го потврдив проблемот.
Трчај во 20 часот низ Тетово по компјутерски дуќани со штрафче во џеб и на крај најдов во зум слични штрафчиња кој можда пасуваат.
Се враќам дома гледам пасуваат, стегам се штрафчињата убаво заштрафувам и пуштам тест.
Кога го пуштив тестот камен од срце ми падна од 86 степени на 69 на најтоплиот кор.
Еве слика од сега како ми е
Значи процесор е i7 - i920 D0 @3.99GHz(21x190) - 1.23125v
кулерот е Cooler: CoolerMaster V8 со сменет
Coolink SWIF2 120P вентилатор
Куќиштето ми е
Cooler Master CM 690 II Advanced со три 14см и два 12см вентилатори.
Значи ако имате сличен проблем прво видите дали кулерот е преладен во однос на процесорот, а за да не ви се деси вакво нешто секогаш проверувајте ги штрафчињата:kesa: